Посебни им се менијата за храна и пијалок. Кај храната имаше 3 менија со тоа што првото е ептен basic, без топла закуска и со основни салати, а секое наредно што е поскапо вклучува нешто плус. Цените им се 28 најосновното, па 30 и најскапото 36. Пијалокот им беше најосновното мени 9 евра (ракија, сокови, 2-3 вида пиво и наливно вино), а секое наредно за 1-2 евра поскапо. Ова зборам пред 3 месеци прашано, ама гледам сега дека се уште поскапени...
Здраво девојки и момци, ме интересира како закажувате да ја погледнете салата? Не живееме во мк па би си дошле на некое време со вереникот да видиме некои локации. Некако не знам како да се организираме?
Нас на повеќето места во Скопје кајшто се јавивме да прашаме ни закажаа точен термин кога да дојдеме. Салата сами можете да ја видите претпоставувам, ама добро е менаџерот да е тука за да ви објасни, даде понуди ии да прашате ако нешто ве интересира.
Здраво, дали некој во брзо време има правено свадба во ресторан Парк? Прочитав неколку коментари генерално беа пофални зборови. Би сакала да знам за цената, колку гости собира, услугата, просторот како ви се допаѓа. Секако ќе си прашам и таму, меѓутоа би сакала да слушнам импресии од некој што скоро правел таму свадба. Благодарам однапред
Јас скоро бев на свадба во Парк. Искрено мене не ми остави некој впечаток. Прв проблем беше паркингот, многу малце коли собираше и ние кога отидовме човекот што беше задолжен за паркинг ни кажа: нема веќе слободно место, снајдете се негде во близина. Храната ми беше онака, свинското океј а пилешкото едвај се сечеше. Услугата беше добра. Во врска со просторот, зависи колку гости планираш. Ние бевме на свадба со отприлика 170-180 гости и беше прилично тесно за играње, особено за делот со ората. Се на се, мене не ми е нешто wow, јас лично не би го одбрала за свадба.
Па може да се каже најдобар ресторан во последно време. Таму и ние правевме 2023та. Од услуга, од изглед, од мени. Значи се е предобро, храната врв. Услуга 10ка. Пак таму би правела. Е сега да, малку помал е за гости ама нас ни беше совршен. И новиов концепт исто им е предобар, и таму бев годинава, предобро е пак. Мене до сега најлошо што сум поминала во ресторан од услуга и храна ми било Аликас.
Овде на линкот го имаш менито. А на нивата страна може да се најдат и менијата за друите новни ресторани. https://ragusa360.com/storage/app/media/menu/menu26/2026_Ragusa360_Wedding_Menu.pdf
Здраво дечки, Дали знаете како се движат цените за следна година за во wedding house? Ги има ли некој менијата? Благодарам
Zdravo, Nekoj skoro da pravel / bil na svadba vo DoubleTree Hilton i ako moze da spodeli iskustvo? Fala
Вчера ми излезе вилава, јас се заљубив колку прекрасно изгледа. Место баш какво што сакам за свадба. Ама кога го видов менито т.е цените шлок ме мавна, па сакав да прашам дали и по другиве места/ресторани се горе доле тие цените или има и поефтини? Основното мени почнува од 30€ до 55€ а пијалок од 9€ до 15€ по лице Ставам линк од вилата, кој е во тек со цените нека ми пише да знам дали воопшто да го размислувам местово… https://villaina.mk/
Вилава ја знам по спомнување, ама не знаев дека толку убаво изгледа. Иначе во повеќето ресторани цената е 30€ порција јадење. Ова со пијалоков новост ми е. Искрено, вилата има преубав амбиент. Ама за цената, не знам. Можеби треба да го оставиш во втор план и да видиш и други опции. Едера го фалат. И има едно на Качанички, ама не можам да го најдам на мапа.
Едера Highway имаат промотивно мени за 26евра по човек со вклучен пијалок. Моментот е што е голема сала, сигурно имаат минимален број како услов, не е изводливо за 70 гости на пример. Спојлер