@hips видов дека скоро си била во Бакал Брвеница. Ај те молам твои импресии и како се движат цените на храната и алкохолот ( ми треба за прослава)?
Истиот сопственик од белата куќа сега го има и кафичот Симбол прејако е преуреден сега тип-топ е направено мој втор дом ми е
На широк сокак каj што се сите.. во средината помеѓу пиано бар и In caffe накарши Iguchi ако си од Битола мора да знаеш.. и ако одиш да ми кажеш како си помина..
Дали во Скопје има некое место со просечни цени каде можеш да излезеш сам без никого и да не ти се чудат да не те зјапаат цело време како натрапник, место наменето за такви луѓе и дали примаат под 18 ?
обично седам во Горки, но не целосно сама ме придружува книгата и едно топло чоколадо или чај зависи од временцето
Редовно место што го посетувм ми е Перла Бјанка карши Американ колеџ. Значи преубава атмосфера, храна, а тераста позади перфекција.
Kitty23 се радувам дека има луѓе што сакаат сами да си искочат и да бидат сами со себе. Kitty23, според мене секаде можеш да излезеш и да ти е гајле дали те зјапааат и ти се чудат, зашто на крајот од денот си живееш за тебе да ти биде по кејф
Охоо колку пати сум била сама на кафе, секаде би одела кај што има љуѓе или не.. Искрено најубаво сабајле в Тренд. Многу мирно и тивко место дури и ќе гледаш луѓе како шетаат( мене ме прават среќна кога тие се насмеани ). Така да, не се замарај за ништо. Гледај си себе и да ти е убаво
Центар бар не е ова новото кај Мекдоналдс што беше? Не сум бил таму за да споделам искуство, ама неодамна поминав и не можев да се изначудам на масите што се ставени на тротоар, скоро на улица. Што знам, јас така не би седел.
Да да, тоа е. Со цени не знам како се, ама два пати отидовме со дечко ми, не вратија, ни рекоа ако сакаме да почекаме да стане некој, а и другите празните маси се биле резервирани. Затоа мислам ако си решена да одиш таму најдобро би било со резервација.
Три Бисери,храната - топ. Рагуза-пријатно е и храната не лоша(а не е ни многу скап ресторан). Енрико е убаво за италијанска храна. Во лето најпријатно е во Ореов Лад и Ања во парк.
Chillin' bar , карши Ројал во Дебар Маало. Одлично место, топ атмосфера и пијалоците им се за пофалба заедно со нивната поволна цена. 10/10
Јас бев пред некој ден без резервација, но дали дека беше околу 16.30 после работа уствари па и немаше некоја гужва. Цените според мене се топ, пивото е одлично, ние пиевме точено македонско 0.5 л. е 70 денари, 0.4 е 60 денари. Има избор и од други пива, но флаширани, не сум сигурна дали има и точени.Храната исто така е со просечни цени, конкретно ние мезевме компир на спирали, нешто како чипс 110 денари. Бургерите исто се околу 100 денари. Не ми текнува на другите цени, ама вреди да се отиде во секој случај, атмосферата е опуштена, цените не се надувани, а храната и пивото беа за мој вкус одлични.