Јас сум била неколку пати. Не ми се допаѓа, исфорсирано, а не е ништо посебно. Од скала до 10 му давам 3. Све некои "фаци" одат влезени во филм. Инаку за цените не се сеќавам, мислам нормални беа, можеби 20-30 денари поскапи. Предложете ми добри кафанчиња, полабави, да не се префорсирани како кафана кафана, да можеш раат да си јадеш и направиш муабет, секако и храната да биде убава. Овие каде што сум одела до сега низ дебар маало пример, ме нервира што мора однапред да резервираш зошто викенди е сегде полно, а ретко кога знам три дена однапред каде ќе одам за да резервирам од вторник за петок .
@sofijanoka не знам дали добро си го видела менито во four ама е далеку од нормално со цени, специфични јадења и мали порции, не би рекла дека е за сечиј вкус и џеб
Па баш тоа е и поентата. Како за полуксузен ресторан е океј. Впрочем, во секоја метропола има убави и места со пристапни цени и вакви елитни демек ресторано што се изгор.
Им фали послуга за да се елитен ресторан, келнерите им беа аматери, барем последниот пат кога поминав од таму... може се смениле сега, ама со професионален келнер бев и се изнасмеа на тоа што го виде
Не, пошта не постои. Штала беше друго, а сега е ле клаб 43, ама и тоа го затвори инспекција пред скоро време.
Што е поентата што во сите Тренд кафулиња во недела има 50% попуст на цело мени храна, освен во тој во SCM? Со години немам седнато во Тренд, па денес се решив; на телевизорот им вртеше реклама за попустот, но на крајот ми ја наплатија храната по нормални цени со образложение дека тој попуст не важи таму. Сериозно, која е логиката?