Кажете ми места во Скопје каде што прават добро фрапе Ќе ми дојдат на гости ограничени личности што пијат само фрапе од кафиња ама искрено да не го прават лајт , како вода со млеко да пиеш и сл
Во Bady Bar прават многу увави коктели и не се скапи многу. За винаријата во Велес и мене ме интересира дали некој бил ?
Па зависи и какво вино пиете во Сопот. Цените за јадење се во нормала не е скапо, а виното во продавницата е поефтино за разлика во винаријата да порачаш
Скоро бевме, бело вино темјаника мислам дека беше најефтино 600 денари. Храната е премногу вкусна, обавезно пробајте ја плескавицата "сопот". За 4ца плативме сметка 3000 денари, ама со две вина, десерти и јадење.
Колку само ме потсети на сама себе хаххаа, до пред година и пол значи се враќав во 6 наутро петок,сабота,недела и само се туширам и одам на работа...сега имам 25год но не би можела да поднесам дискотека никаакоо само мирно место умерено алкохол не како претходно и вкусна вечера .
Постои ли уште добра сланина ко од детство да мириса онака на домашно и чварки кои ем крцкаат ама не да се ко чипс туку да има и мевце нежилаво? И за кифлички домашни се интересирам исто...Знаете некој да продава? Или во некој бар да служат?
Улица Орце Николов, во Дебар Маало.Ако одиш од Силбо пример, оди по Боемска и сврти десно пројди ги кафанчињата и таму си.Карши Гостилница Кафана е. Пиши на Гугл Cafe Bar Sindikat убаво е објаснето каде е точно.
Аурум, Милениум, за мезе ти препорачвам Паб Бурбон Стрит и 102. Помфрит искрено немам јадено и немам забележано кај има убав, ако случајно сакаш онака класика, пица тогаш сигурно Буре, за благо и изумив горе мезе, Гт спроти Веро. Онака за храна шо не е најдобра, ама има поќе вика, како мексиканска, Травел Паб. Исто така во Травел Паб, зависно во кој дел од денот, и во кој ден си, има различни понуди, поефтини. Убедливо најубо топено сирење има во местото спроти буре - Читална. Е сега ова место се думав дали да ти го преложам, се вика Скандал, и не знам како точно да ти објаснам кај се наоѓа, малку е „зафрлено“, близу автобуската станица се наоѓа, ама храната му е најдобро нешто шо имам пробано во цел мој живот. Така да ако сакаш вистински квалитетна храна, оди тука. Ако сакаш и уба храна, ама и малку да го видиш градот - останатите места.
Препорака за ресторан Бакал во Брвеница, тетовско. Кој бил знае, а кој не бил, топло му препорачувам, нема да зажали.
Препорака за некој кафич во Скопје кај што прават интересни кафиња, смутиња, шејкови и слично? Освен 7г и Баду, ги преидов веќе. За смутиња најмногу ме интересира, и по можност да не бидат со астрономски цени.