да прашам,бил некој во мексиканскиот ресторан,Амигос,на улица Македонија е,веќе со месеци ,може и цела година го меркам,со друштво да идеме,али никако да се договориме ме интересира храната,она ова,ако бил некој нека пише коментари
Во Охрид ми се свиѓа пицеријата Суво пиперче, прекрасни пици прават, исто така ми се свиѓа и ресторанот во стара царшија што е во охрид Кај чичо прекрасна тереса прекрасна храна, исто така ми се свиѓа уште еден ресторан во Охрид баш е во центар ама не се сеќавам на името порано мислам дека беше рибен ресторан. А и цените нне се многу високи
Сакам да прашам...? Во Рамстор Тој Кинескиот РЕсторан да не знаете колку се движат цените?Има ли суши и колку е ?
Сакам да прашам...? Не знам за тој да ти кажам, но зошто не одиш во Star Ocean, што се наоѓа зад зимското Хавана. Јас сум бил таму, и иако потребно е да си добро финансиски снабден за да се најадеш солидно (барем 400-500 во џеб), немам никакви поплаки. Еве ти и ФБ страна ако сакаш, па види што-како. https://www.facebook.com/zvezdenokean
Сакам да прашам...? Па и толку планирам да носам...Иначе идеме заради другарки треба да идат на екскурзија па да се испратиме еден ден пред тоа... даваат ли некој дегустација ?да не биде после повракјање..?
Сакам да прашам...? Нема дегустација. Ако не знаете што, земете слатко-кисело пилешко, некоја од супите и пржен сладолед. Нема да погрешите. =)
Мислам дека Звезден Океан се викаше и ако е ист со тој во Дебар Маало не е скапо.Ако сакаш нешто проверено, без многу експерименти земи си пилешко со ориз, па и тие зачините за мерак Еве, ти најдов и мени http://restorani.com.mk/restoran.php?restoran=29
Храната е преубава, што и да порачам ми се допаѓа. Амбиентот не е лош, само малце им се соленки цените. Салатите единствено не им се нешто посебни, можеш чипс со топен кашкавал да пробаш, пилешко во патос чипс (не ми текнува како се викаше специјалитетот) плус ти даваат некои сосчиња превкусни, фахитас е скапо, ама многу вкусно.
Здраво Руби Што би ми препорачала да пробам во Барбакан? Планирам да одам таму деновиве на вечера И цените како се?
Mексиканскиов и кинескиве ресторани во инвентар не сметаат веке мене многу ми се допаѓа ,знам и дома да си зготвам нешто ако не сме расположени за надвор инаку јас обавезно нарачувам гранде тотопос 290ден е мислам+екстра е ако сте друштво,фајита со 3 вида месо е околу 500ден(од една порција 2 комотно се најадуваат ако сте девојки 3)потоа начос (ама кажете и. Tој со месо другиот е тапа)има сега ново јадење не ми Tекнува името ама пилешко со чедар кашкавал топ е од салатите амигос,со печен зеленчук и цезарот ми се вкусни (само ако нарачаш голема е огромна за 2-3 да јадат се зезнав јас еднаш )буритото е убаво и такото (ама јас поубаво си го правам ) ребрата и компирот им се добри ама не се за прво одење ,од десерти мене најубаво ми е похована тортиља со крем и лешници. E сега моите најомилени кинески ресторани стар оушан и шангај ги обожавам и двата вториот е многу поскап од првиот ама вреди ,различни се у принцип првиот е повеке прилагоден на македонскиот вкус. некој погоре праша дали ке му се допадне во стар оушан има за сите вкусови и прилагодена е храната .моја препорака пилешко со кикирики и зеленчук(луто е),пилешко во слатко кисел сос ,суво луто говетско,тава со 3 видови на месо ,шпагети со пилешко и нудлс со 3 вида месо,спринг ролс со зеленцук само со месо се гадни и зеленцукот на кинески начин е добар од ориз лутиот со пилешко е закон салати лута зелка ,спанаќ и краставица со шунка десертите се тапа може за штос колаче со порака Dа не заборавам во кинеските нема суши само во јапонскиот нобу ако постои сеуште не сум го посетила од дамна во д.маало беше. À заборавив да ги спомнам пелистер,џино ,гурмет(најдобар бифтек) и воденица.
Вчера шетавме со малиот и со мм, од парк до Џамбо и случајно видовме...не ни знаевме. А на 28ми ни е годишнина, па си помислив таму да се почастиме, ама ме интересираа цените
Исто и нас во недела ни е прва годишнина и јас мислев таму. Гледав слики, навечер е мн романтично со осветлените објекти во позадина