Ако зимава , патот ве наведе накај Попова Шапка , посетете го Sharrit Lisec , Албански ресторан , на излезот на селото Лисец . Прекрасна природа и вкусно овчо сирење од бачило . Покрај тоа имаат мини зоолошка во склоп на дворот . Цените се прифатливи . Кајмак со пиперки ( благи ) и домашен леб е специјалитет на куќата , можете и овчо сирење да си нарачате ако сакате . Маана е само албанската музика . Иако имаат мени со месо , верувајте толку ќе се прејадете со кајмак , што нема да ви текне на месо . За 6 луѓе плативме 1400 денари ( имавме 4 тавчиња со кајмак , 6 лебови , голема шопска , 4 кафиња и 6 бокали вода од извор која не се наплаќа , плус десерт банана во мед со мелени ореви ) . Погледот е преубав . Моја препорака за ресторан со прифатливи цени а убав амбиент .
Пица - Енрико, Пелистер, Giovani lounge bar Палачинки - Fatness house, Giovani louge bar Вафли - Мартини
Голем вљубеник сум во Casa Cubana, сакам латино и таква опуштена атмосфера каде не си чудак ако играш. Кое место во Скопје е најслично?
Вафли да, ама пицата во џакомо последен пат им беше никаква.. Ни ја донесоа ладна, кашкавалчето со лупа да го бараш.. Палачинки сакам во кремисимо.. и пицата не им беше лоша, секако подобра беше од таа од џакомо Енрико уште ми е бр 1 за да си седнеш на пица онака, мераклиски..
Мене па у Енрико само ладниот сендвич и панцеротите ми се врв, пицата просек али секој со свој вкус А за Џакомо шо знам, не ми се десило да не се погоди до сеа
^^^Бев во Мартини и вафлата ич не ми се допадна, се почудив шо ја фалите, полуживо тоа тестото и внатре празна никаква, плус банани скапани стаиле, а за таа цена треба богами човек со ладало да седи до тебе и да те лади. Палма се број еден и више не планирам да ги мењам... Ваљда ствар на вкус...
Немам отидено во Мартини од есента.. може и заебале работа, не ме чуди.. Ја џони сакам пица со кашкавал..по можност 1 тон. И си доплаќам за кашкавалот. Ама да ми донесеш пица кај што не се ни гледа кашкавалот а ем има во неа ем сум доплатила..њет, данке.. Поубава ми е хем енд бејкон од доминос, него лј од џакомо.. А убави пици имаа..
И јас со нив лошо искуство имам. Нарачав, за саат време ми стигна и тоа ладна. Џвакам, семка од маслика. Фалеше сос, многу малку кашкавал, најверојатно штедат на кашкавалот. Ги преферирам Доминос и јас.
Таму имам јадено и во Peking Garden суши. Ама не се споредуваат, прелошо е сушито во Peking Garden иако е многу поевтино од Sushico. А на друго место немам сретнато.
Што е со овој Трибека? Гледам популарен е многу. Ефтини цени, "да бидеш виден", убава храна, добра локација или што? Нецко 2. Најдобра пастрмајлија. Добра е и во Лонгуров, по елитно е местото, ама доста поскапо, а пастрмајлијата е многу мрсна. За 500 денари 4 ипол сушиња. Ма дај... Ќе одам во Софија ќе јадам суши како човек. Во Софија ако одиш, таму има добро суши. Happy bar&grill, The Sushi bar, Edo Sushi, Sasaguri Sushi bar, Asia to go, Friends. Тие се најдобрите. Суши ми е омилено јадење, после Компир Манџата.