Прашањето беше за кај нас. А кога ќе пресметаш патни трошоци за до Софија може и повеќе од 500 денари да испадне.
Сакав да кажам дека кај нас нема добро суши, освен во Сушико кое е заникаде. Не мора да оди директно само за суши до таму, но ако некогаш оди, тие се рестораните.
Пијачките исто како и во скоро секој локал - џин тоник 200, вотка 150, виски од 200 па нагоре, еспресо 70 макијато 90. Храната зависи, салатите и појадоците се стандард цени, пастите и главните јадења можеле да се и поевтини, но вреди, се е превкусно.. Сум била неколку пати, имам позитивен впечаток.
Откако се преселив во мал град, кога ви ги читам цениве косата ми се крева.. Јас цел живот живеев во Скопје до пред кратко па не памтам џин тоник да сум платила 200ден а не па тоа уште да е нормална цена по кафичиве до 150 сум давала ама 200.. Тука е 100ден Најефтино виски 200..па не давам.. Очигледно имам извртена слика за тоа што е "нормална" цена..
Како што ни се цениве напумпани у Скопјево на човек да не му текне да искочи негдека на кафе а не па нешто повеќе од тоа...
Дечки скроз сте во право али факт е дека веќе скоро сегде по кафичиве цените се тие 10-20 ден разлика.. И јас кога ќе отидам во друг град дали ресторан дали диско, чудно ми е.
Скапо е и искрено од се што имам досега пробано во менито, ништо не ми оставило некој посебен впечаток. Од услугата воопшто не бев задоволна, седев горе и чекав пола саат за да порачам и уште толку за сметка да викнам, девојчево што беше на смена никако да се качеше горе, па бев приморана да се симнам и на излегување да платам. Храната не дека е лоша, но порциите се мали и некако имав повисоки очекувања. За цените како што кажав, солени а не нудат некој квалитет ниту квантитет.
Не се многу ефтини, но не се ни прескапи. Убаво е се што ќе порачаш. Услугата е топ, амбиентот исто добар.
Да пофалам место после доооооолго време кај што зачестивме.... Во Гнездо има предобра храна (бургерот е врв, пилешки прсти број еден, цезар салата најдобра)... журки (музика)има за различен вкус од Куку леле,Бени, до Мартин Мила акустика.... Услуга добра и цени топ ко за строг Центар...
Ти изгледа не си седела на почетокот на Гнездо, уште кога го држеше Турчинот. Сега е катастрофа храната, а цените поскапени. За тие пари во Мексиканскиот ќе јадам тортиљи и бурита.