Катастрофааа , бев и јас пред скоро, другарка резервираше за роденден таму и доаѓаме нема резервација. И тој еден дечко таму што работи ни вика вие девојки да не сте го утнале локалотт не ме зае*авај, дрско и некултурно од нивна страна ... Кога дојде време Свила да дојде кафичи да отвара и шема да праи во градоввв ќе се отрујам
Зоки Свила порано Колосеум го држеше, "бизнисмен". Мислам дека и други кафичи држеше али едно време го снема. Сега просторот од паркови и зеленило го направи кафич катастрофа. 300 евра кирија плаќа за местото барем такви муабети се вртат.
Дајте предлог за кафич со добра музика (мислам на некое журче, не лабаво) за оваа сабота, имаме важна семејна прослава и да си резервирам со време.
Имаш право, и јас бев пред 2-3 недели прв пат и тоа денски на кафе. Од 10 слободни маски кои беа ,,резервирани'', келнерот не смести на најзабутаната маса до прозор кај што прозорот беше пукнат и се уби од дување. Инаку место како место не е лошо, океј е уредено. Вака надвор ми се гледа во дворот дека ке е убаво за летно време. Само услугата некако не ми остави убав впечаток.
Дечки, знам дека не е за тука прашањето, ама дали некој што седел во нола бар знае пасворд од wifi-то?
Не ми се верува дека го пишувам ова, ама очајно ми фалат гужвите по нашиве кафичи и дискотеки. Ми фали шанкот во Three, ми фалат дури и ергените во Tribeca спремни за напад во секое време. Ми фали дури и вториот спрат во Станица кај што нема ни в од вентилација. Се надевам дека ќе џускам барем на терасата во 1212 летово пак. Едно од моите омилени места во Скопје. Ми фали дневното кафе во Дебар Маало, тапираните коси на малолетничките во Casa, фаците кои претходната вечер се напраиле лом и дошле на јутарна неделна кава во КК. Уф бе.
ми фали макар и едно обично кафе да испијам ..ц ц ц..само да сум надвор, излегуваш прошетај до некаде , вечерно време, музика.
Земете си кафе за носење и седнете си во парк...уживајте во природата и набљудувајте ги малите работи кои досега не сте ги забележувале. Кафичите се преценети особено во Скопје.. Ќе има време за кафичи, не е крај на свет..
Вака некое убаво место у Ск сеа за надвор седење кај шо има убави ладни безалкохолни коктели или било што летно освежително? Да е големо и да е онака летно. Не знам не ми текнува некое баш такво, дајте ми предлози.