Горки гледам пак го отвориле, сега на улица Македонија. Ама некако лоша пресметка со просторот направиле, едвај 3-4 маси дали им собира внатре, што ли ќе прават во зима. Искрено, кога видов дека го затвориле, некако не ме погоди многу. Да, многу вечери сум поминувала таму, ама 90% од тие вечери едвај сме наоѓале маси и тоа е само затоа што сум одела со 2-3 луѓе. Многу често не одбивале со изговор "Немаме слободна маса" а гледаш пола маси празни. Точно дека имаше знак за резервирано ама исто така е точно и дека кога се јавив да резервирам ми се изнасмеаа и ми кажаа дека не прават резервации како и дека не сместиле на маса која наводно била резервирана и знакот многу лесно го тргнале од истата. Услуга 0, единствено на едно девојче се сеќавам, ептен беше услужлива и мила. Криво ми е за помфритот но не е толку тешко да го направиш и сам дома. Стави вегета, шарена сол, буковец и ете ти - горе-доле помфрит ко од Горки.
Последно кога јадев помфрит од таму се утепав од повраќање од шо беше тежок и зачинет и некако ептен мрсно и никакво. А, сигурна сум дека од тоа ми беше пошо немав нишо друго посебно тој ден јадено. Не ми текна да стапнам више таму, плус чекавме саат ипол едни компири да донесат. А пред 3 години памтам колку убава храна имаа, ептен го сакав местото. После не беа веќе тоа тоа. И за услуга се чекаше цел саат. Имаа потенцијал ама некако откако почнаа многу луѓе да им идат како да прекинаа да се замараат.
Тогаш ич да не го мислам веќе . Го имам чекано и јас тој помфрит долго време, еднаш памтам додека да ни го донесат веќе време ни беше да си одиме (да фатиме последни автобуси во 11 де ) и го вративме. Едно нешто позитивно во целата ситуација беше еден пар до нас и тие чекаа помфрит па кога ние го откажавме они беа следни на листата за чекање. Ептен се израдуваа . А многу убави спомени имам и од Горки и до Менада. Мислам дека откако почнаа да им одат многу луѓе, некако многу арогантни станаа па и цени покачија. Само заборавија дека не се единствен кафич во Скопје изгледа. Мал милион такви местенца се низ градов, удобни, убава атмосфера, нормални цени, па и пријателски-настроен персонал - да видиш да не веруваш!
За да биде некој кафич/ресторан (не знам како какви се рачунаат Горки) окарактеризиран како добар, треба многу работи да се погодат, но на прво место според мене е храната/пијалоците. Исто како и за Седмица со плескавицата, така и за Горки, ако расипеш квалитет на храната (во случајов помфритот), ќе го расипеш и угледот и името на локалот. Тоа е непишано правило. Секако дека и другите работи се важни, како услугата, амбиентот, атмосферата и тн. но мислам дека секој локал што нуди храна, мора квалитетот да му е на прво место. Не знам дали има некаква поврзаност на релација Менада-Горки, бидејќи на сличен начин ги послужуваа и скоро истото мени им беше (лепчето со топен кашкавал и домати и помфритот со убав зачин од кари и мајонез), но ако има, премногу се расипаа, за жал. За жал и многу други ќе излезат незадоволни како мене и тебе.
Сосема си во право. Само во мојот случај би рекла дека услугата многу повеќе им го наруши угледот во мои очи во однос на квалитетот и останатите фактори. Патем ако не грешам мислам дека беше истиот газда на Менада и на Горки. Не сум сигурна но имаше многу сличности меѓу локалите за да биде поинаков случај. Со тоа што Менада прва пропадна а можеби имаше и подобра услуга од Горки.
Тоа е тоа, си патиме во државава од некостантност. Бејкинг бред, Седмица, Вили, Горки и уште мнигу други на кои во моментов не ми текнува, почнаа одлично и со квалитет и со услуга.
Јас би ти го предложила Бравос, има доста пристапни цени (има мени на нивната страна) а вршат и достава. Но, треба да напоменам дека не е класичен ресторан, односно дека иако е убаво среден, не е наменет за некоја романтична вечера, прослава, и слично. Многу пати сум гледала буквално луѓе по тренерки да јадат таму. Храната во секој случај им е превкусна. Ми се допаѓа и Енрико, иако е поскап во однос на Бравос. Исто така имаат мени на нивната страна, можеш да си разгледаш. Ми се допаѓа како е среден и мислам дека е сосема океј и за поелегантни вечери. Ако си расположена за кинеска храна можеш да го посетиш Star Ocean. Имаат мени онлајн, скоро секогаш е празен, а има пристапни цени, барем според мене кога станува збор за кинеска храна. Се што сум пробала досега ми е превкусно и баш сега се прашувам зошто не сум го посетила во скоро време. Последен пат беше во зимата и тоа дефинитивно треба да се смени . Не посетувам многу ресторани, обично се работи за кафич или lounge бар, така што освен овие три не ми текнува некој друг во моментов. Можеби Дистрикт на плоштад но знам дека важи за еден од поскапите во градот а и самата го немам посетено.
Со пристојни цени и убава храна ресторан во центарот на Скопје не наоѓаш. Од тие што се понастрана ресторани, добар е Ревија, Гет, пицеријата Гиго, Тимбра, Дојрана, Дукат, Ореов Лад, Томчр Софка. А акп се одлучиш и за помодерно, поубаво и малку поскапо од ова стандардново, тогаш можеш во Дистрикт, Сушико, Фиш, Four, Костарика, Соул Кичен бар, Енрико, Амигос (според мене најдобар), Аванти, Дежа Ву, Џино... Сите овие наброени се според мое лично искуство.
Во Карпош: Баду во Влае, Марвел кај Машински, БКВ кај Веро 2, Форца у Тафталиџе, Мартини/Ревија/Џовани во Лептокарија Во Центар: Излет кај Грчка Амбасада, Стар кај Католичка, Каса Бар во Дебар Маало, Папилон позади ОУ Коле Неделковски, Џус Бар, Локал 45, Боката на Плоштад Македонија карши Мериот, Кофи Фектори, Харт Бар, Шортбас
Предлог место во Скопје за вечера, ресторан или lounge bar? Но, да не мора свечена облека сакам по спортски да се чувствувам пријатно, сега не во тренерки, ама по casual? Нешто во Дебар маало има такво или кај било, Аеродром Дежа Ву?
Daily, Equilibrium, Maџо, има исто едно ново карши Соборна од страната на Дебар маало не ми текнува како се вика ама убаво личи, Пелистер...
Во Дебар маало дефинитивно најдобри места ми се Скопски мерак и Антика имаат превкусни мезиња, Амигос е интересно место, Де Гама во Аеродром има убава храна, Brooklyn во Сити мол има убава паста. Зависи што сакаш.