Освен Мартини за вафли, Сендито за палачинки и К8 за торти, дај предложете некое место со добри десерти.
Јас бев сред недела ама резервирав претходниот ден. После 12ч се наполни со луѓе. Внатре нема многу маси ама ако е сончево надвор е многу поубаво. Цените се ко во скопски ресторан, не беше ништо поскапо.
Мене ми е за ручек, ќе резервирам претходно сепак нема да одам така. Инаку по сликите храната ми е изгледа така по фенси, затоа мислев да не е нешто прескапо. Фала ти.
Извини на коментаров што се надополнувам, како инфо споделувам, но чај во мала картонска чаша неполна (за носење земавме се движевме) 90ден.
Препорачајте ресторан во близина на Скопје, ама надвор од Ск,значи Куманово, Велес да не биде предалеку, ама да има каде да се прошета во близина. И по можност да е етно, во смисла да има пити, макала и такви традиционални специјалитети.
Визијана, кумановско подрачје, ефтино, вкусно и богато. Велешки регион особено кај езерото, воопшто не сум задоволна. Крш храна, мала количина, со високи цени.
Посетено е веќе неколку пати храната е преубава атмосферата исто. Ама не сум забележала во близина да има каде да се прошета?