Зависи како тип на авантура бараш. Пример ќе најдам знаменитости некои за посетување, шетање и барам ресторан во близина. Накај Куманово по истиот пат е Кокино, тврдината во Зебрњак, во Пелинце има музеј и голем парк за шетање. И се е тоа по пат. Додуша видов и ресторан во Пелинце во склоп на музејот и паркот, само не работеше пред некој месец. Сега може го отвориле. А тврдината во Зебрњак е интересна да се посети, влез не се плаќа, а поглед прекрасен кога ќе се качиш горе. А ако сакаш се да ти биде на едно место тогаш на велешко езеро, само спреми се гладна да се вратиш или да потрошиш многу за малку. Панини бродот кога бев имаше недостиг на келнери, за нарачување чекав саат време, а за сметката уште саат. Романтик ќе ти дадат едно мало парче од што и да нарачаш, да може во заб да го ставиш. За други места не знам, но секако веќе не идам таму. А има и во Куманово гостилница Дома се вика, е таму е врв, услуга, храна, преубаво, само да не врне, ќе ти прокипе од негде
Од понеделник до среда може да се најде маса без резервација, а другите денови прават журки и треба да се резервира
Топла препорака за Piazza Liberta. Местото се наоѓа спроти гимназијата ЈБТ на рекорд. Имаат превкусни вафли и далеку поголем избор во споредба со Палма.
Девојки, дали може да ми предложите некои места во Скопје,за ручек, но со пристојни цени. Може и да е кафана некоја и по можност да фаќа сонце
Јас пак воопшто не сум задоволна. Пола од работите што сакавме да ги нарачаме ги немаше. Гледав на слики дека во баклавите ставаат нешто како сладолед или шлаг или што и да е, нас воопшто не не понудија. Вкусот на баклавите не беше ништо посебно, дојде келнерката да ни наплати без да ја викнеме... Буквално не избрка, а платив 400 денари за 5 минијатурни баклавчиња. Никогаш повеќе!
Девојкии јас морам да ви пофалам еден ланч бар во Охрид вчера си бевме со семејството Охрид, ново отворен ланч бар, бургерите им беа совршени 10/10 маж ми пица зеде го најаде битно.. Мора да ги посетите, со нивна лајбица си работат вкусно топ, Венус Ланч Бар се вика атмосфера прекрасна многу ме воодушеви.. Вреди да се посети кога ќе се оди Охрид а и цените се топ
Феминки видов еден ресторан накај Охрид или Струга беше како комплекс околу имаше како река нешто но го имам заборавено. Во зеленило беше, со летниковци околу реката мислам дека етно нешто стил. Фала ви ако го знаете пишете ми .
Moja preporaka za restorani se Ranc sto se naoga pred Kriva Palanka Vodenica 3 Palanka Etno Selo Timcevski