Во Тетово ако сакате поефтино да поминете , а добро да се најадете ( буквално да пукнете од јадење ) , топла препорака - Скара на кило - Христијан .. Лоциран е во комплекс Базар не многу далеку од влезот во Тетово ( кога влегувате од страната на Палма Мол ) . Местото не е нешто уау , дури и како биртија делува , и малку е тешко да се најде паркинг , но , храната е одлична и со доста пристапни цени ( на пример 1 ќебап е 7 денари , лепиња на скара 10 денари ) , па според мене оние маани со паркингот и естетиката на самото место се ништо во споредба со цените и квалитетот на храната . Исто така , доколку сакате да купите бурек или пецива во Тетово , Житен Клас го има најубавиот бурек ( има и избор како бурек со зденка , пица бурек итн . ) . Лоцирани се во Тетовчанка , во близина на Жито маркетот . Сендвичара Тајо . Сендвичот со јајце е единствен таков во градов , а и преубав е ( според мене секако ) . Доколку сакате да платите малку повеќе , а да добиете вкусна храна и повеќе избор на храна , Фратели е добар избор . Љубезни келнери , обилна порција , голем избор на храна и пијалаци . Е сега , замерка е што во градов општо , ретко каде не се пуши во затворен простор . Компензација е направена со тоа што , во Фратели на пример , има вентилационен систем кој го вклучуваат доколку со вас има пушачи . Во Скара на кило - Христијан пак , не постои вентилационен систем ( барем така беше кога бев последен пат таму , пред неколку месеци ) , а во сендвичарата Тајо , има поставено маси и столици надвор , така што може да седнете и на отворено доколку имате пушач со вас . Единствено место каде не се пуши внатре е Житен Клас ( а има опција да јадете внатре или надвор ) .
Дали некој бил во Хелтиш? Нонстоп фини коментари, ама Лептокарија ми е detour ептен, треба ли да се оди специјално за доручек или др оброк, или повеќе е за десерт?
Женски предложете ресторанче со двор каде не е многу жешко, попладне да седнеме некаде а децата да се растрчаат. Во околината на Скопје
Препорака за ресторанче на некое повисоко местенце , да не е низ центаров на скопје, може и да е околината на скопје -куманово или велес...
Вила весница можеби? Мене ми беше порано баш местенце за бегање од ск..додека не избегав целосно од ск
Здраво ме интересира слушнав дека по отворениве ресторани било дозволено до 30 души невакцинирани имало маси одвоено дали некој има слушнато или знае за вакво нешто?
Па може да се каже. Бев сведок кога еден човек некаде околу 26 години, не е важно сега одприлика кажувам, дојде да се напие нешто во кафулето. Обезбедувањето застана пред него, едни батки така развиени и му рекоа дека вака неможе да влезе во кафулето. Беше облечен во шорцеви и маица со преку рамки, спортист бил потврдија и другите што го знаат, ама не го примија. Си трчал човекот. Сепак е едно од најдобрите кафулиња во Македонија и прво во Истокот на Македонија. Така е познато не му правам маркетинг. Од присутните ќе видиш само елита од Скопје, деца на Штипски и други газди и богаташи, коктели на сите страни, журки, се е подредено многу е убаво. Јас видов а и други кажуваат исто. Инаку немам многу пати одено таму. Сепак се доста љубезни за услуга. И миленици не се дозволени.
Кој што сака ќе си носи, ќе се мислам јас што ќе носам за да влезам во кафуле. Туку ај нека, тие понеразголените нека одат таму, убава реклама, добро е Шорц и маичка беееее
Јас сум во оние што се задоволни со сопствените достигнувања во животот. Не сум од оние што молат татко и мајка чак и баба или дедо за 100че за на кафе со друштвото. Што ќе кажеш ти за себе?
Зависи шо ќе ме прашаш. Мене ми делуваш од прочитаното како некој кој се импресионира од деца на локални моќници и од луге со пари, и после задишано им раскажува на другите што видел. Инаку, браво што сам си заработуваш 100че за кафе. Се надевам и коктелче паѓа..
Денес не ми беше денот за смеење (сообраќајот цел ден хаос плус и дожд додека возев ми дојде преку глава) ама ти ме насмеа хахаха озбилно. Тоес ова и не е баш комедија веќе траги-комедија. Топло ти препорачувам прочитај пак што сум пишал. Значи јас немам импресии од деца на богаташи зашто и самиот не се чувствувам како дете па да се споредувам со нив, кој што пиел или јадел денес. Парите не ме возбудуваат туку ги гледам како потреба. Веројатно тоа тебе те возбудуваат. Последната реченица ќе кажам дека е само многу иронична и ова е не зрело размислување за твои години. Инаку не зборувам колку заработувам, ниту на форум ниту во животот надвор. Едноставно ми е срам да се фалам, бидејки во светот има и луѓе што едвај крај со крај врзуваат, не е пристојно да се фалиш кога околу тебе има послаби луѓе, ако така се прави тие ќе се чувствуваат отфрлено и несакано. Фалбата е рѓава! П. С ништо не те прашувам, одприлика претпоставувам каков карактер се крие позади твојот профил. Толку имам да кажам. Поздрав и секое добро.