Веќе 3 пат одам во новиот мексиканскиот ресторан Buenos Dias и морам да искоментирам дека храната им е катастрофа. Толку убав ресторан со толку ужасна храна.
Многу ме бунат цените во овој ресторан и Амигос. Мексиканската храна во главно не е егозотична, не содржи производи кои тешко се наоѓаат кај нас или пак се скапи, ниту пак рецептите се комплексни. Затоа цените во рестораниве до плафон, а порциите мали. Баш ми криво шо кај нас нема изобилие во street food, бидејќи тоа шо го нудат овие ресторани е тоа, нема ништо ексклузивно, само тие ги напумпале цените и добро рекламираат.
Па отишле дури до таму што и оние лутите сосови ги разредиле па не се ни лути. Во се ставаат павлака и се е некако тажно. Фали онаа мексиканска разновидност во вкусови (зачини/сосови) и бои. Ако треба да бираш помеѓу овој и Амигос, Амигос ми е многу подобар. Искрено не сакам да звучам дека ги хејтам ама мене навистина ништо не ми се допадна. Грев е таков локал да има таква храна. Се надевам дека ќе го сменат готвачот. Коктелите не им се лоши.
Го имам посетено Пансионот Кутмичевица кој се наоѓа во Вевчани и е многу прекрасно место. Случајно го открив овде, ги видов фотографиите контактирав и заминав. Бев многу позитивно изненадена, и го препорачувам на секој!
Deja vu Ramstor, Austrian Palace, La Strega vo Aerodrom, Ruzvelt bar, Hurrem vo Charshija, Dion. Kje dopolnam ako se setam na drugi