Барав по нет да видам цени за со спиење, не успеав да најдам. Може ли да ми кажеш како се движат цените со спиење и дали би одговарал смештајот за со две мали деца? Ти благодарам.
За спиење искрено не знам како е... јас бев само на ручек и беше превкусна храна и услуга, мислам дека на линкот што го постирав имаат телефонски број, па може да се јавиш и да прашаш како им е се движат цените за сместување. Мислам дека беа 2 или 3 апартмани ама точниот капацитет не го знам. еве пак линк ќе оставам па може да се јавиш и прашаш.
Ги заборави Burger за фаст фуд и Sach исто. Burger имаат големи порции, да се прејадеш. Sach се помали порциите и поскапи ама многу повкусни лично за мене. Bocata како ресторан мене лично ми е перфектен, иако е албански, има пристапни цени и имаат се и од алкохол. Paradox за ручек/вечера, превкусна храна и многу пристапни цени, дури и чорбата им е убава. Чорба исто убава во Senator, покрај пазарот се наоѓа. И малку пристрасна сум за новоотворениот Infinity, предобра храна, атмосфера супер, пијачки имаат секакви, услуга на ниво, само цените како за Тетово се малку солени (ко за во Скопје би биле ок, се двое од другиве ресторани во Тетово по цената). Други немаме Ах да, да се дополнам, Delfina во село Сиричино за на риба ако сте, и Playa Vista за се буквално од кога се сменија газдите, го дигнаа ресторанчево на нозе, секој ден би киснела таму Буре Барут во Тетово за мезе, па и ручек/вечера е исто фино
Дојди си кај нас во Тетово, никаде не бараат Не знам за во Скопје стварно, единствено со газди ако се знаеш па он ако те пушти...
Пивница BKW, а има и два нови, едниот е на местото на Астера, а другиот е до BKW. Во истата улица се. Ова вториот не знам како се вика сега, иначе тој пред него ресторанот работеше кратко и затвори. А Астера доста ја биваше со храна, но сега не знам како е. Ако ти се оди малку подалеку, подобар избор е во ТЦ Лептокарија. Таму веќе има повеќе, но зависи за што сакаш да седиш или што сакаш да јадеш.
Јас сум вакцинирана секако, немам проблем било каде да седнам, само на овие места кои ги набројав, никогаш ништо не ми побарале на влез, т.е не ме ни прашале воопшто
Не сум сретнала кафич или кафана каде што бараат во последниве два месеци, сегде кај што сум влегла гледам дека на никого не му побарале.
Дај предложете кај да се седне у Скопје, кај шо нема преголема гужва ама не е ни утепано. Немам идеја слабо излегувам.
Види Порта Паб дали ќе ти се допадне..гледам дека имаат голем избор на странски пива и имаат храна иако мора да признам дека јас лично не сум била ама имам слушано добри коментари