Предлог места во Скопје каде што има убава храна со пристојни цени, но да не се од тие елитните ресторани, сакам чил атмосфера? Lounge bars нешто така може.
Здраво Некој да сподели како е во Chateau Sopot Winery за роденденска прослава од 5,6 лица и како стојат со цени ?
Предлог кафана која не е далеку од центар, а има жива музика за викенд? Само не Калабалак и Дебар маало.
Амбиентот е тивок, убав за семејни, интимни собири и прослави. Лоцирана е во живописен предел, со поглед во природа. Особено е импресивен периодот пролет-лето кога функционира отворениот дел. Редовно има гости и се резервира. Вообичаено, за викенд бројот е поголем. Храната е свежа и вкусна, услугата професионална, но цените се високи.
Во equilibrium дали мора да се резервира однапред за работни денови? И како сте задоволни од местово? Сакаме да одиме следна недела фамилијарно, околу 10 луѓе.
Ти го препорачувам ресторанот Бела Вода на велешкото езеро Младост. Вкусна храна по пристапни цени. Во предлозите прочитав препорака за Оморани. Тоа е ресторан рибник кој е лоциран во пределот на Азот, поточно од Велес кон Богомила, оддалечен околу 20 км од градот.
Предлог за ресторан за фамилијарен ручек? Сакаме да идеме на некое место како Лебедово езеро, рестораните кај езеро Младост, Сопот... така нешто поубавко, ван град.