Кај има журки низ Скопје, кои кафичи прават журки? Дискотеки освен во градски парк други нема? Не знам дали е до мене, многу очајно и умрено ми личи ноќниот живот. Нема што да се прави освен шетање до мол и пиење кафе или вечера некаде. Евентуално кафана ама јас кафани не сакам, не слушам кафанска музика и досадно ми е, на 19г ко старци во кафани да седиме. Кај излегувате вие што сте млади?
Мош, Интермецо, Калдрма, Станица 26, Рок Кафана Рустикана и во Аеродром имаш во 3 Бисери на втори рок кафич
Препорачајте добар ресторан во Скопје, за фамилијарен ручек. По можност да има игротека, но не задолжително.
Ме интересира, дали има во Битола ресторани, можеби сендвичари или нешто слично за здрава храна и протеински производи ако има каде?
Кафани за прослава во близина на Центар, Дебар Маало со пристапни цени? Гледам пред некој ден @Waverly Raven имаше спомнато некоја, не можам да се сетам каде имаше пишано. Дали е вака за прослава добра или повеќе за секојдневно излегување?
Јас ја спомнав Барик, ама сметам дека е за посекојдневно излегување или евентуално неформална прослава. Храната мене многу ми се допаѓа и е со пристапни цени.