Предлог за некој lounge bar во Скопје за да почастам 5-6 луѓе за роденден? Да има вкусна пица, пилешки прсти, благо, нешто такво мени ми треба.
Ресторан за фамилијарен ручек со постари особи- значи не пици, шпагети ....и други модерни јадења . Скопје Кисела Вода
Здраво, не знам дали е прашањето за тука но дали е законски дозволено да се снима во кафана, на пример има жива свирка, снимам со тел. меѓутоа некој се буни дека го има во кадар, дали смее да ме тужи?
Без разлика што е кафана, кога снимаш со свој уред, немаш право да снимаш друго лице без негова согласност и знаење за што ќе се користи снимката. Ако некого снимаш на начин што може да биде идентификуван (во случајов преку неговиот лик), тоа значи дека му земаш личен податок. Се што е личен податок подложи на закон за заштита на личните податоци. Доколку личниот податок понатаму го објавиш некаде јавно, во медиум, на интернет и сл. може да те најде преку твојот профил и може да те тужи. Исто и ако тој ти рече да го избришеш а ти одбиеш а ти знае која си, може приватно да те тужи. Скоро падна муабетот во друштво - некој муштерија снимал производ додека продавачката му го покажувала и објаснувала и го свртел во неа мобилниот без да ја праша дали смее да ја снима, и ја снимил со цел да ја закачи после на интернет снимката. Сосема не е во ред и ако одбива да го избрише видеото и спротивно на нејзината воља го објави, има право да го тужи.
Женски дајте предлог за убав ресторан во Скопје . Ќе славиме другата недела годишнина со сопругот па не знам каде да отидеме.