Бил некој во Кеиф неодамна? Менито што им е на инста (https://instagram.com/keif.restoran?igshid=NjIwNzIyMDk2Mg==) стварно е тоа или немаат апдејтирано одамна? Некако ефтино ми се гледа.
Препорачајте место за дејт/вечера во Скопје и околината? Може и некоја винарија или слично. Или некој комплекс со убава природа каде што може да се руча/вечера. На мм му е роденден, па би сакала да испланирам нешто такво.
Дали можеби го провери деталот? имено барам некој ресторан за фамилијарен ручек, со постари особи околу 15 луѓе. На малата и беше роденден а не живееме во мк, па сакаме сега со тетките и баби/дедо да прославиме, односно да ги почастиме. Може нешто да препорачате?
Ние одиме редовно таму, во близина ни е. Похованото е ок, шарската беше убава, сега ја расипаа, и едно грне многу убаво јадеа мм и мајка ми дека јас тогаш постев, после тоа отидовме и порачавме исто, значи јас што не го пробав веднаш на изглед се гледаше дека не е убаво и многу помало беше од претходно, и мм им искоментира дека не е истото и не ни го наплатија. Инаку салатите, биеното сирење на скара им се супер. Е и за чорбата да си кажам, многу на брашно е, некои ја фалат, секој со свој вкус, јас не сакам многу на брашно, тешко ми е.
Не сум била сè уште, цените ми се океј, а и од фотките на инста ми изгледа убаво. Мада друго е кога ќе пробаш лично. Можете да ги носите во Пелистер, не сте голем број, башка постари штом се, мене тоа место ми е класика. За роденден ми е, мислев да комбинирам салати, поховани даски (големи, ваљда се побогати) и месо (да си бираат меѓу пилешко и свинско). Имаат и мени со неограничено пиење, ама слабо ми делува. А од Стела да не имаш пробано торта?
Да, цените им се пристапни, не е скапо, и даските поховани им се убави, си бираш што сакаш поховано, некои го фалат Братски Мерак кај стара рампа, ако не ти е за во околина низ К. Вода во Лептокарија имаш многу добри ресторанчиња, меана грош, старо буре, калдрма. Или во ресторан градина накај Пинтија. Инаку торти од Стела немам пробано, воопшто не сум по торти, за роденден купувам од Супер Тинекс чоколаден ролат, мм само таков јаде, малечок е 10-12 парчиња, ако сечеш потенки и повеќе ќе испаднат, околу 400 и нешто денари е, има и со вишња, со разни филови.
Ресторан Треска, Вила Весница, Старо буре Кучково, Дома Белимбегово, Скопски мерак, Аурора Козјак и Ресторан Двор.
Zdravo. Da mi preporaca nekoj kafana vo Skopje so ziva muzika i plus da znae da ima piroski na meni-to vo istata Fala vi.
Бев во Тренд втор пат ме служи една прекрасна комуникативна девојка, јас дефинитивно паѓам на шарм, насмевка и позитивна енергија.