Некој да сподели искуство со solis во Скопје. Или предлог за некое убаво место за јадење за 2ца, а да не е со мини порции и плафонски цени.
Mnogu jako, solidni ceni. Iskreno drugarce fati na komar pa ne castese cela kafana ama za 10 dusi dupka pijani i jadeni 11 ijadi.
Дечки предложете ми убава пицерија во Скопје нешто во стилот на ресторан Пелистер, со таков амбиент слично..
Matto napoletano. Не е ко Пелистер, доста помало е ама има убав амбиент и пиците преубави се. Само ги нема оние стандардните пици, некои нивни има, италијански. Вкусот врв стварно.
И цените врв, стварно . Пиците се поспецифични, убави се но ништо спектакуларно, убав амбиент и супер услуга. Од 600 денари нагоре пица за еден човек, од 1800 нагоре за вино. Искрено да бев фасцинирана би отишла и пак, но не ми оставија баш wow впечаток пиците а многу ми ги фалеа...
Солени се цените ептен. Затоа само еднаш годишно. Мене таа што ја пробав многу ми се допадна и тестото и све. А вино не пиев, сок само, поекономично да биде, а и не сум по алкохолот ич.
Мене Пелистер не ми е нешто посебно, ама убаво место за јадење/пиење ти е Мартини. Убава пица имаш во Пемпеле (Ала Васја) и имаат достава (ако ти е за близок круг луѓе дома без проблем ќе се организираш со нив). Како Ала Васја нема никаде да најдеш и немаш никаква утка.
И костарика би ја предложила, убава им е пицата и пастрмајлијата. Во последно време се воодушевив од Дион во Аеродром, пицата и пастрмајлијата им се врвни, не се пицерија има и други јадења ама тооолку убави пици и пастрмајлии немам пробано дури ни во Штип.
Ама ептен се имаат искурчено со цените и они, пред 4 години знаеш колку евтини беа, истата таа пастрмајлија преубава беше и голема, само 169 денари ако ти се верува и пиците исто толку и беа средните. Често зимав, нарачував за дома, уште не беа отворени во Аеродром тогаш, само кај Гтц. Пиците по мој вкус не беа секад погодени, кога - како ама пастрмајлијата совршена. Од коа ги дигнаа цените ги бојкотирам, некако неам мерак. Претеризам.
Се согласувам со тоа дека за зимање ептен им се лоши пиците и пастрмајлиите ама за седење таму се препредобри ептен сум воодушевена а со цените претеризам скроз…