Нема полошо место од istanbul simit cafe рамстор на цела планета. Од чашите бактерија не ти бега, место музика пуштено радио ко у кола да си, а јадење поарно праат сигурно во затвор идризово.
Дали сте биле во рибниот ресторан во Лептокарија, на крајот, наспроти 7ца му доаѓа? Каква е храната? Не знам како се вика. Поминувам од таму и ептен убаво ми мириса.
Фино е и во Сити мол, само имај на ум дека често е гужва, посебно ако одите петок или сабота навечер, така да резервирај си со време. Иако, мене лично најмногу ми се допаѓа амбиентот во Дајмонд затоа што е пространо со високи плафони, масите не се премногу блиску... сепак верувам дека убаво ќе си поминете и во Сити мол, имаат баш убави маргарити
Бев во новата Краш слаткара-кафич, внатре многу убаво уредено, ама... од слатки има тулумби, баклави Всушност имаат соработка со Сандеј и нивните колачи ги продаваат, ама демек чоколадните делови биле од нивни чоколади. Кој бил во Краш слаткарата во Загреб, знае за што зборувам. Таму има нивни автентични слатки кои никако не се ориентални.
@Badii нема шема во Ла Стрега, ама има убаво кафе (триестино). Шемата е во тие околните, ако си баш тој тип. Само таму строго дотеран, инаку ќе те вратат назад.
Предлог ресторан низ Скопје, за прослава семејна - околу 30тина души? Да има жива музика во петок. И ако не се пуши, уште подобро.
Напиши со каков буџет располагаш, каква атмосфера ти се допаѓа... Супер се овие сите ресторани ама морам да признам тро поскапи од вообичаеното. Сум бил во сите, Ботаника реално има најскапи цени а најмала количина на храна, ама демек фенси урбана кафана...