Предложете ми ресторан за викенд за семејна дружба. Погодно за деца. По можност со природа. На 30 мин од Скопје. Во игра се Романтик, Бела Вода, Сопот. Не ми текнува нешто слично. Евентуално во Дебар Маало кафаните. Предлог имаш?
Предлог кафани со жива музика за викенд низ Центар или во околината? За помлади, така што не Лозница, Везилка и сл.
Каде има убава чорба? Ама сакам попладне да одам, обично насабајле ги имаат. И каде има убава риба во Скопје?
Тие што сте 24-30 години каде излегувате во Скопје за викенди навечер? Голем број места ми се здосадени. Каде врие од тинејџери, галама, тоа ми е некако иживеано, а на голем број места има очај сељачка музика. Кафани не ми се баш вајб, иако некогаш може и тоа повремено да отидам. Сакам предлог места со добра музика, поголем број избор пијачки (па и храна некогаш) каде убаво ќе си поминеш, почил да се. Да можеш и со дечко да седиш на дејт, да можеш и со друштво онака баш искачанка викендашка?
Beer Garden(Дебар Маало),Трибека,Балет,Тhree kitchen&bar,Koтур,Bkw,Аbc byMosh..Сега зависи што преферираш..Ако сакаш малку погламурозно-Интермецо и Трибека ти се сосем во ред,увек фул,доста се посетени но имаш и полабави места.. За дејт можеш Форца,ако си за храна и пијалок,Daily,во капиштец..Bocca di Lupo,и денски ноќе,нема грешка,убаво е секогаш. JazzBox исто е интересно...Тоа ми текнува сега...
Кај прават добри коктели во Скопјево, али тоа да не е чаша вода со капка алкохол и притоа да кошта 500 денари?