Сте јаделе во италијанскиот Salvatore кај скопска Панорама? Цени? Не гледам дека имаат мени онлајн...
Најубаво топено сирење каде може да се јаде во Скопје? Имам 30мин да одлучам за место, така да… хелп, плс
Луѓе ми треба журка викендов, ќе може ли некој да ми каже ноќни клубови во Охрид и каде има добра музика? Ви благодарам
Kade vo SK,ima kafici,klubovi,mesta kade pustaat BLUZZ I JAZZ,muzika,ve molam info ?Ajde pomos malku.
Каде има некои убави уникатни кафиња, топло чоколадо итн со вкусови? Како 7 грама што имаат со милка, рафаело, орео, епа други такви. Исто предложете кафичи што се со помирна атмосфера, тивка музика.
Цените му се соленки,али амбиентот,персоналот, услужливоста и вкусот на храната му се топ. Вреде да се посете макар еднаш во животот. Досега сум бил 2 пати во 1 месец и сеуште не можам да најдам некој налик ресторан или гостилница што би ги замениле нивните вкусни јадења, а прилично секоја втора ден сум по гостилници/ресторани и кафани.
Браво! И не одговори на прашањето колку се цените Но затоа успеавме во меѓувреме да го истражиме и потпишувам тоа што си кажал. Навистина, сите се согласивме дека вакво нешто до сега немавме видено во Скопје. Доколку сте при пари, тогаш Salvatore кај Панорама... но имаат некои услови, да речеме јакните и сл. се оставаат на гардероба, никако внатре, не пуштаат по тренерки, гаќи, скафандери... а нарачката по лице мора да биде минимум 1000 денари, што и не е тешко со оглед на нивните цени. Да речеме пиците им се по 850 (1800 со тартуфи), имаат само неколку вида, ама ви ги сервираат аристократски, вистинска италијанска пица со доволно фил, превкусни - единствена забелешка: ни дадоа нож и вилушка - пица традиционално во италија се јаде со раце! Тестенините дур се жешки, пред вас ги мешаат во кашкавал (цела пита) 1800 ден. Супа од зеленчук има за 400 ден. Бурата сирење со чери домати 1400 ден., Канелони со спанаќ и рикота 1000 денари, чаша вино од 350 - 550 зависно од типот, некои само шишиња кои чинат и по неколку десетици илјади денари. Сокчињата како фанта 180, вода 350 ден. за шише 0,7. Од десерти имаат исто само неколку, 400 денари се но превкусни се и големи парчиња односно порции, на пр. лимон торта многу освежувачка, огромно парче. Тирамисуто убаво сервирано во сад, сега сфативме дека до сега не сме знаеле што е тоа тирамису... Ама работата е не може само торта да јадеш, мора да се нарача и друго. Локацијата, рецепцијата, атмосферата, музиката, келнерите, вкусовите, умивалнците, крпите... се нешто врвно, како од списанија за ентериери и екстериери. Имаат и паркинг служба, им даваш клучеви и ти ја возат во гаража. Ако плаќате со картичка на одредени банки, даваат попуст 20%, ама и услугата се наплаќа 10%. Ние им оставивме на сите и бакшиш, толку бевме воодушевени Ако се нафатите таму да трошите, резервирајте си претходно (имате право да доцните до 20 минути.
Значи препорачуваш за романтична вечера, за двајца? На инста го најдов менито со цените, врло соленко. За паркингот прочитав по нет („Salvatore“ е единствен ресторан кај нас што ја нуди персонализираната услуга „Valet Parking“ преку која секој гостин може да го препушти автомобилот на посебен сервис кој ќе се погрижи за паркирањето.) ама мислам дека нема потреба хаахха не сум до толук фенси Иначе од каде знаеп за условите? Да не има некоја листа да прочитам, да не се обрукам случајно со некоја работа за која што не знам
Апсолутно! И за тројца, море за цела група романтичари препорачувам! Не се дозволени шорцеви, апостолки и гумени сандали; кучиња, жирафи и сл. миленичиња се дозволени само до 19:00ч и тоа само во отворениот простор, забрането внесување ладно и огнено оружје, нуклеарно исто така (наводно поради радијација) храна и пијалоци од надвор забрането, освен ваше вино кое смеат и мораат само келнерите да го послужат и тоа се доплаќа 600 ден. Ги има на инстаграм правилата, јас немам такво ама ми пратиа скриншотови пред да отидеме. А за возилото ако не сте фенси, можете да пристигнете до последна со автобус 3-ка 3А или 3Б (25-ка исто) застанува кај турска амбасада, и од таму пријатна 3-4 минутна прошетка двајца надолу до Панорама резиденс фатени за рака по скалички едни ќе се симнете и таму е Салваторе (Спасе во превод од итал.).