Во неделата бевме во етно село Тимчевски, можам да кажам дека сум презадоволна од целата атмосфера, убаво лабаво музиче (жива музика), келнерите префини, храната ПРЕКРАСНА. Со цени се горе долу поевтини од кај нас ние јадевме една шарска плескавица (двајца ја делевме зошто е огромна) + традиционална нивна баница, кајмак, макало, салата и вино плативме 1900. Препорачувам за да избегате од кафаните во Скопје, преубаво е.
Добро јадење и скапичко. Персоналот и услугата се топ! Тоа може само да се иде таму за посебни пригоди и свечености.
Да, неколку пати сме седнале и секогаш услугата е одлична Пиците им се предобри и во 2023 беа влезени во 100 најдобри пицерии во цел свет, а еве од минатата година: 11.9.2024 г. — Macedonia again on the prestigious list: "Mato Napoletano" has the 16th best pizza in Europe, and the 81st in the world. Од мене имаат 10/10
Предложете некој кафич со пристојни цени, за славење на роденден (по можност да има некое музиче/DJ за викенд)
здраво друштво, ресторан за фамилијарен роденденски ручек, ама да има нешто играчки за деца? не класична игротека, оти не седи моето по игротеки се уште, ама да може да си земе играчки. Ми го спомнаа public room, ама ако имате сугестии - ќе бидат добредојдени ви благодарам
Знам дека е елитно место имаш валет паркинг, минимална нарачка од 1000ден по лице и 10% додаваат на сметката наменети за услугата, и цените претпоставувам се солени.
Да, во меѓувреме како што пишав го пробавме и презадоволни сме, а напрвиле и веб сајт со цените од менито.
Предлог за ресторан со вкусна храна и добра услуга во Скопје? Барам место каде што служат традиционална македонска храна, ќебапи, пинџури и слично, ми доаѓаат гости од странство па сакаат да пробаат од се по нешто од нашата кујна А може и препорака за некое место во Чаршија
Во чаршија можеш да седнеш во Сношти Минав и Турист. Во Сношти Минав ќебапите според мој вкус не им се многу добри, но има интересен избор на македонски јадења. Во Турист има тавче гравче, но ќебапите се врв.
Во Турист што е во чаршијата им се убави ќебапите. А можеш и во тој карши Ана Кристи да одиш, мислам спремаат и традиционални даски. Не ми текнува името, Ана Кристи не ти препорачувам зашто знаат да си наплатат нешто плус.
Знам за во Лептокарија, ама дека му спомна на членот за Ана Кристи во чаршија и затоа помислив да не има.