Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ресторани, кафани, кафе барови....

Дискусија во 'Слободно време' започната од SexyPrincess, 10 февруари 2011.

  1. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Во Охрид најубав ресторан е Royal View и пицеријата La Bella
     
  2. MissAlena

    MissAlena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2015
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.352
    Пол:
    Женски
    Јас су од Охрид и често ги посетувам Чун, Два Бисера (презадоволна сум од персоналот, храната и чистотата), Тино, новиот хотел/ресторан Сити Палас, има исто така до него направено ланџ бар Мистер И
     
  3. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Во Скопје: Национал на прво место го ставам како најдобар. Во Гнездо сум често и тој е втор најдобар според мене. И Џино. Во тие три идам најчесто.
     
  4. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    Јас сум многу пријатно изненадена од Корнер - Баба Цана , Куманово.

    Сега имаат нов објект, многу е фино и мирно внатре, пријатен амбиент, не е претерано етно и кафански, и баш по мој терк е местенцево. Погодно за убаво традиционално македонско ручече.

    Со самото влегување ја осетив енергијата, персоналот толку насмеан и љубезен, ме оставија без здив. Исто , ми се допадна што персоналот е облечен во типични носии, исто со мера, не претерано и наметливо.

    Дечките предобри, услужливи и фини, дефинитивно ќе им се вратам повторно.

    Што се однесува до храната ја пробав салатата Баба Цана, специјалитет на куќата. Превкусна и добро сервирана. Состојќите свежи.
    Потоа зелник, исто превкусен. Тенки кори, меки, топло.

    Пиев бело вино со сето ова, и ми го послужија супер.

    *

    Туку сакав да ми предложите некое интересно местенце за вечерно кафе, но со мнооооогу опуштена атмосфера. Одам со другарка, ама девојчево е на тренинг и доаѓа по тренерчиња нели, во спортски фазон. :)

    Фала! :hug:
     
    На Candid му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Ресторани - Мексиканскиот, Дион, Џино, Сушико, Ѕвезден океан, Елита рибен ресторан (Богданци), Хепинес (Струмица), Амор (Струмица), Рим Париз (Куманово).
    Кафе барови (кафичи) - Гнездо, Коктел бар, Дежаву, Гет, Евридеј, Ред, Драма, Барселона, Џус бар, Кубански, Баду, Астера.
    Кафани - Делфина (Сиричино), Македонска Куќа, Дојрана, Мечкуевска Куќа (Свети Николе), во Штип на влезот десно има една добра кафана ама не ми текнува на името, Во Ранковце има уште една многу добра кафана со убав двор, но и на таа не ми текнува на името. Облаче (Крива Паланка),
     
  6. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    902
    Пол:
    Женски
    Е ве ме да дополнам уште нешто Венето и таму многу ми се допаѓа,
     
  7. tea20

    tea20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    366
    Предлог за добри ресторани и кафулиња во Охрид ?
     
  8. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Што ќе кажете за Saloon во Скопје?
     
  9. passion.for.fashion

    passion.for.fashion Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 мај 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    87
    Препорака за некоја кафана во Скопје што има жива музика во четврток, за прослава ми е. И со колку толку пристапни цени :D
     
  10. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.118
    Допаѓања:
    2.917
    Пол:
    Женски
    тапа место не е за млади 35-40 и над стварно мн стари одат се пушта рок и тоа ретко коерцијален рок некој рок што јас еве не го знам иначе опуштено е вака лабаво ако имаш над 30 години тогаш е перфектно за тебе :D
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. hazelnuts

    hazelnuts Нов член

    Се зачлени на:
    24 август 2016
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    Дали има некој предлог за добра храна во Капиштец? Да има и вегетаријански опции.
     
  12. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    Каде има низ Скопје некој ресторани, каде што има традиционални јадења и се така вп етно стил?
     
    На mydrug му/ѝ се допаѓа ова.
  13. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.499
    Јас ќе зборувам за Скопје. Не одам по многу кафичи зошто имам неколку омилени што одам со години, и никако да ги сменам. :D Ол тајм фејворит ми е Кашмир, има некој интересен vibe кафичов, убаво е уредено внатре, плус ми е така позабутано, интимно место кај што на раат можеш да си направиш муабет, без да се надвикувате со соговорникот. Њу Ејџ порано ми беше топ местенце, ама во последниве години тотално го запуштија и упропастија, мислам дека перниците на кои се седи којзнае од кога не им се испрани, насекаде има пајажини, чашите од кои се пие не ретко се нечисти... А порано имаше и животинки во дворот, интересни пијалаци, онака чил место си беше.

    Потоа Пјаца Либерта карши гимназијата Јосип Броз - Тито, топ атмосфера, јадење за мерак, им ги обожавам чипсот прелиен со кашкавал, похованиот кромид и вафлите. :inlove: Онака, топло и убаво си се чувствувам кога сум таму. Потоа Ајриш Паб на кеј ми има слична атмосфера ко Пјаца, плус забавни и позитивни келнери што е секогаш плус, одлично пиво што е најважно...
    Од Чаршијата, порано многу одев во Пивница, Наргиле, понекогаш Мелоди а во последно време почесто одам во Аустриан Палас. Во Пивница има секогаш интересни луѓе, кул дечки и убави забрадени момци. 8) Во Наргиле често одам на турски чај што ми е незаменлив и на лахмаџун. Еднаш одамна имам отидено во Ла Кања во чаршија и ептен ми се допадна местото, така ми беше винтиџ со убаво музиче, рок и џез ми се чини, сакам во скоро време пак да го посетам.

    За други места ќе се надоврзам друг пат, овие нека бидат за почеток. :)
     
    На biGirl, sweet-cherry, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    @blueeparadise
    Кaде се нaoѓa пoтoчнo Кaшмир? Случaјнo ми излезе нa ФБ и ми се виде интереснo местoвo и убaвo е уреденo.
     
  15. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.062
    Допаѓања:
    19.654
    Пол:
    Женски
    Jас исто како @blueeparadise да го пофалам Кашмир. Посебно вториот спрат, иако едно време реновираа, сега како е не знам. Посебно какаото со цимет им е врв.
    Од другите омилени места се Belier позади Универзална, Get cafe во Аеродром.

    Е сега Телеком Тренд на кеj, ми е едно од полошите кафичи во однос на услуга. Каj што чекаш пола саат келнер да доjде, па еднаш пола шолjа кафе ни донесе.
    Тоа е тоа за сега.
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  16. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.499
    @Mr. Right Од Пјаца Либерта продолжуваш право, значи ја поминуваш улицата, и од десна страна прво имаш една уличка, таа ја одминуваш, продолжуваш уште малку и ќе видиш уште една уличка, таму ќе влезеш, одиш напред и таму се наоѓа хотел Лаки, потоа имаш една продавничка/трафика, карши неа ти доаѓа Кашмир. Се надевам дека ме сфати нешто, зошто ужасно објаснувам. :(
     
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Вo кoјa нaселбa е кaфичoв? Не сум пребaрaл, сaмo слики гледaв нaбрзинкa. Следниoт петoк плaнирaм дa oдaм. :)
     
  18. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.499
    @Mr. Right Во Центар е. :) Како што ќе ја поминеш улицата ќе ја видиш продавницата што е на аголот, Мана или Мега Фешн беше, после како што ќе одиш право ќе видиш Бургер & Френдс па следи првата улица кај што е Њу Ејџ, а во втората е Кашмир. Ако знаеш кај е Њу Ејџ, полесно би ти било да се ориентираш за Кашмир. :)
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Oтприликa имaм претстaвa кaј е, aмa утре aкo не зaбoрaвaм ќе пуштaм нa Гугл мaпс зa пoдетaлнo. И јaс кo и ти, ќе се зaбутaм нa две-три местa и не мрдaм oд тaму и вaкa кoгa сaкaм дa oтидaм некaде нa другo местo прaшувaм кo дa не сум oд Скoпје. (facepalm)
     
    На blueeparadise му/ѝ се допаѓа ова.
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.646
    Допаѓања:
    6.499
    @Mr. Right Ќути, до пред некое време само висев во Плаза де Торос и тие неколку кафичи на кеј што се, што мислам дека инвентар им станав таму. :D А и ми здосади веќе, па цело време прашувам предлози за некое ново место, а пак упорно одам на старите. Плус, ич не се снаоѓам во простор, па дури луѓе од други градови стигнав да ме носат таму кај што треба. Ни јас не си го знам градот, срам ме фаќа. :tmi:

    Туку, ај да не бидам ептен оф топик.. ми текна на уште две местенца кои сеуште ги немам посетено, ама имам слушнато позитивни коментари, па се надевам биче во скоро време. :) Saloon, Drinkers Paradise, Mr. Jack и Vinyl... Инаку, како можев да го заборавам Баду во Влае, моето омилено, најомилено место, со најубавите лимонади со Монин сируп внатре. Језда не сум го посетила одамна од субјективни причини, ама ме потсетува на некои убави времиња. :)
     
    На biGirl и Mr. Right им се допаѓа ова.