Во Форца Тафталиџе, можеш АТК позади Борис Трајковски базенот, Палас исто игралиште со храна, Белви, ресторан Дион,
Предложете ми некое место како за частење дипломирање така, еве вие каде сте почастиле пример или дригарки/другари каде. Околу 10/12 диши би биле, би сакала нешто така измеѓу кафана и кафич, да е модерно местото, слатко така и да не претеруваат со цени. Не искачам баш па поради тоа не знам такви места во Скопјево, ми текна на Амигос- Железничка ама таму мислам дека е премногу скапо.
Од кафани јужна пруга на железничка, дедо цане на водно, кафана дома во илинден не е скапа а пријатна, ресторан дион аеродром ти е убав голем за повеќе луѓе, други не ми текнуваат моментално.
Здраво женски Наскоро отварам игротека,е сега сакам некој мислења од Вас,што е тоа нешто малку по различно или што најмногу го задржува вниманието кај децата?Бидејќи не најдов поголем простор од 120m2 сега треба добро да го испланира секој дел ,за да бидат и децата и родителите задоволни. И да ,од делот за храна за роденден дали преферирате "стандард" (пица,пилешки прсти) за возрасни скара,салати ,или повеќе сте за нешто како закуска да кажам,брускети,тортили,мини сендвичи..?
Имаш посебна тема за игротеки, таму ќе добиеш повеќе одговори. Стави маси, ама да биде согласно просторот и да не биде кнап. Мислам дека е подобро со закуски, тортиљи, мини сендвичи, евентуално мали пици. Посебно внимание за услугата обрати, пример мене често ми се случувало да ми го креваат пијалокот како гостинка откако ми бил стигнат на маса (дали од неследење, често кога презема друго лице - посебно ако служат претерано млади лица кои се ѕверат во мобилните), исто тоа збирање одма наоколу и на маса, а гледат дека уште се седи и е далеку од крај. И нешто најиритантно е кога се гасат светлата (за ова знам дека има некои што претеруваат, но не е убаво. Ако сте приморани барем најавете на тие што седат, оти така се стекнува убав впечаток. А не како избркани). Гледај да биде удобно, фино и лица кои внимаваат на услугата.
Предлог за место за недела низ Скопје за пијачка каде што има со дј/ ех ју хитови во стилот на beer garden? Да не е претерано со цени само..