Јас искрено се изненадив, негативно, како успеаа 1212 повторно да го отворат… Како воопшто тој простор е во склоп на сите правила и прописи?
Препорачајте некој ресторан, рибник со можност за преноќување надвор од Скопје. Во Нежилово Чашка нема место за периодот што го бараме. Нешто во тој стил.
Би го препорачал Фиш Хаус Делфин во околината на Чегране, има свежа рибичка, храната му е солидна, зоолошка градина со 10-15 вида на животинчиња и како све од тоа што се издвојуваат е масите во еден дел му се наместени во самата рекичка и супер е за нозе разладување Инаку за жал како што гледав немаат за ноќевање, али во нивна близина би требало да имаат мотели.
Се враќам во Скопје од странство, па ме интересира каде има некои интересни кафичи за млади 21+. Нешто во склоп бар/кафич каде што може да се запознаат рендом луѓе без да мора да искочам со друштво, па така така да се запознавам со други луѓе.
Предлог ресторан надвор од Скопје во природа, со добра храна и нормални цени?? Парк Гиновце не сум била поодамна некој ако бил како е задоволен од храна, услуга?? Нежилово исто или Куклица етно ресторанот??
На тој мислев да, порано беше ок, сега нешто читав лоша услуга имала, храна недопечена па ај да прашам и тука.
За Гиновци не знам ама во Ранч сум била исто во Крива Паланка и преубаво е и храна, природа, амбиент, услуга. Во Нежилово сакавме ама немаше место а од искуство од познати ни го препорачаа дека било преубаво. Исто во Крива Паланка во Воденица 3 е убаво, Патишка Река после Марков Манастир ресторан Софра, пола пат е добар, пола не баш ама вреди да се оди до таму.
Да ми предложите некое лабаво местенце за пијачка ама и мезе, храна ко пилешки прсти, така нешто за уз пијачка. Нешто ко Глуво куче
ТУРСКА ВЕЧЕР ПЕТОК 03 Октпжври со почеток од 20:30 час во Бурса Ќебап Куќа преку екслузивен настап на Балканската кралица на Ориенталниот Танц Елена Вукановска од Студио Ориентал во придружуба на Каан Мазхар и неговиот Ориентал Бенд ќе ви ја доловиме магијата на Истокот ви ветиваме вечер исполнета со вистинска ориентална атмосфера ритам и многу емоци БУРСА ЌЕБАП КУЌА Резервации ☎️ 02/2468-603 Локација: Трговски центар ЏЕВАХИР МОЛ Скопје
Здраво, Ве молам предложете некој ресторан/кафана за прослава на 30 ти роденден, со музика во живо и попристапни цени. Нешто како Биен, Ла тана…