Случка од летово, во локалот „Трн во око“ во Дебар маало, Скопје. Бевме на журка со Благица Павловска, интересен концепт малку мк поп музика, па таа пее неколку песни нејзини хаха-хихи, па пак поп музиче. Е сега, сакаме да нарачаме јадење, немаат храна имале само мезе-даска. Океј, може мезе-даска. За неверојани 2000 денари добивме ладно даскиче со саламче, кашкавалче, сиренце и маслинки како за 2 особи максимум. Ниту сувомеснатото, ниту сирењето, маслинките па ич не беа нешто wow фенси производство или вкус за да вреди за 2000 денари. Кога стигна сметката испадна дека речиси исто пари треба да се даде за даскичето како за пијачки за 5 луѓе (а по 2-3 пијачки пиевме сите). Буквален грабеж!! Вечерта ајде пивнати, расположени, убаво сме си поминале, си прокоментиравме меѓу нас и никому ништо. Ама сега повторно се сетив и си викам каков грабеж беше тоа!!! Колку фин и да бил проводот - НИКАД ВЕЌЕ!

Здраво Ве молам кажете ресторан во кој навистина не се пуши во затворено, одиме на ручек по повод крштевка за бебе кое има месец и пол и не сакам да е воопшто зачадено.
Дечки ми треба ресторан/кафана за прослава на роденден со ок храна традиционална (не нешто луксузно и фенси) во скопје и околината или Куманово, Велес..?
Можеби сум ја спомнала и претходно, не знам, но во Јужна пруга храната е многу убава, а цените се стварно ок, делеку пониски од кафаните во дебар маало во однос на количината која ја добиваш и секој викенд има музика, така што моја топла препорака. Амбиентот исто ми се допаѓа а и локацијата.
Во Лептокарија ти се добри Грош, Ана Кристи, Буре и уште еден имаше кај Грош и Ана Кристи, ама не ми текнува име.
Здравооо, ќе ве молам некој ако знае некои места кај шо можам да праам журка нешо како дискотека ама само рент на простор кај шо можам да донесам јадење и пиење и мои песни, ако некој знае каде има вакви простори освен тренд и јавна соба. Ако некој знае и цени за некои 3 4 саата рентање со 20 луѓе одприлика топпп. За 18ти роденден ми треба. Фала вииии
Колку се шкрти рестораниве, неколку пати нарачувам со достава и тоа од различни ресторани истово го прават, ако се нарачани две порции похован кашкавал само еден тартар сос ставаат и сеа двајца еден сос треба да делиме? Го штедат ко кавијар да е а не фкг тартар сос.
Треба да им напоменеш. Јас пица кога порачувам исто по еден сос ми ставаа, па затоа сега кога нарачувам, им кажувам 3 да ми стават, а уствари еден човек ја јаде пицата.
Прв пат нарачав врап во Baking Bread во Ист Гејт и се разочарав. Се изначекав, ми ја заборавија нарачката. Врапот беше недоправен, а месото внатре тегаво. Не го препорачувам.
Девојки знае ли некој дали еквилибриум работи? Слушнав некои муабети затворено било па смениле име па не знам што...