Кои барови во Скопје се добри за излавање викенд со српска музика?И да не се 25+ како Мош, Интермецо.. Имам слушнато за Мартини.
За барови не сум баш сигурна, а од рестораните добри се Дион, Ла Тана, Бедрум, Биен и Јужна пруга. Од дискотеките Мусандра е добра, Боби Павловски топ журки прави, најмногу српско пее. Барем ја кога излагав беше супер, сега не идам по журки толку често. Во Пјур мислам дека секаква музика се пушта. И во Кафана Дебар Маало имаш жива музика, српска и македонска. Во Ревија бар и Мартини во Лептокарија прават журки понекогаш, ама не сум сигурна за музиката.
Не сум била одамна во кубанскиот, едно време не ни работеше, мислам дека не е веќе тоа што беше. Последниве месеци кога сум поминала на кеј, беше се освен латино.
Реновирано им е сега. Може и да им е исто со забавите како порано. Треба да им се јавиш или да им пишеш.
Каков е квалитетот на храната во кинескиот Star Ocean? Порано им бев редовен посетител и стандард јадев слатко луто кисело, па еднаш женичката што работеше таму ми вели пробај нешто друго, и пробав некое со кикиритки и се зафркнав. Не знам дали има мени со цени, верувам дека се покачени, па некој ако има ново инфо да ми каже сега какви се цените и храната. Сполај ви.
Имаат мени и цени на нивната официјална страна: http://www.kineskirestoran.com.mk/Home/Index Од моето искуство годинава, услугата им беше многу унапредена, келнерот беше ептен услужлив, ме прашуваше дали е се океј, дали ми треба уште нешто итн. што не било случај претходно. Што се однесува до храната, јас стандард си јадам нудли со пилешко и брокула и нема утка...
Имаат страна со ценовник. Пиши на гугл. Иначе порано и јас одев во ресторанот во ДМ. Сум јадел во Сити Мол скоро и добро им е се. Така да, би требало и во ресторанот да е добро. Во ресторанот порано јадев некои нудли со нешто и пржен сладолед. Сладоледот им е врв.
Чисто да ги информирам непушачитешто им стварно сметат цигари. Во Концепт Струмица се пуши внатре и јас не приметив одвоен дел за пушачи. Никад више не би отишла.