За никаде....мене воопшто не ми се допадна, пилешкото не е ништо посебно а е скапо....храната не е ништо посебно ниту има некој избор, атмосферата и уредувањето е модерно и тоа го прави интересно и привлечно
А баш се израдував за корејската храна, ама штом не знаат да работат, тогаш ќе си одам во Белград да пробам.
Amigos кај железничка дали е добар? Нареден викенд сакам таму ама дали е вкусно и со цени како е Тоа што го гледам на инста изгледа примамливо
Во сите Амигос ресторани би требало да е добро. Имам одено неколку пати во тој на ул. Македонија и супер беше храната.
Нема веќе добри пекари, Вегера на рекорд беше убава пекара али од кога веќе не работи.. Таа Вегера што е у Карпош 3 не е истата со таа на рекорд што беше, скроз други пецива имаат.
Ај наброј ги. Сите омилени места за храна што ги посетував после факс ги затворија, Brooklyn Lounge Bar у Сити Мол, Вегера и Мекиците од стража на Рекорд. Колку добро место за чилање беше ова Мекиците од стража, имаше и книги и спрат горе и увек идеше добро музиче у позадина.
Кажи ми што сакаш да јадеш и ќе ти ги кажам. А вака најдобра пекара за све, нема. Мекиците од Стража уште постојат на Стража. Тоа место кај што беа ко да е проколнато. Се што се отвори, брзо се затвори. За Бруклин се сложувам.
Некој предлог ресторан со убава градина за да се седне надвор на ручел ама да има и за мали деца занимации од типот лулашки, лизгалки, клацкалки итн ??