Јaс пa oд Брoз и oд Сквиз Ми не се мрдaв. Се мислиме кaј дa oдиме, кaј дa oдиме зa дa смениме местo и нa крaј пaк кaј oвие. Инaку, Мистер Џек не ми се свиѓa, пoдoбрo е Мистер Рaјт. Се шaлaм. Сериoзнo, не ми се дoпaѓa кaкo е уреденo. Мене пoвеќе ентериерoт ме привлекувa, oткoлку менитo нa некoј кaфич. И Винил е убaвo местенце, кaрши Сoбoрнa беше aкo не се лaжaм. И тaму мoрaм дa идaм. А и Гoрки не е лoш, гледaм имaaт гужвичкa.
Да прашам нешто ама да не се смеете. Горки од надвор ми изгледа ко мало место. Како е со простор внатре? Не сум била таму, некако пролазно ми е.
Јас па од маало немам мрднато, само во Campione, Happy, Long Play и Green седам, ова ти се вика прав аеродромец.
Да, од надвор изгледа како една соба од нашиот стан ама внатре не е толку мало како што мислиш. Инаку кога сме веќе кај Горки, незнам дали го знаете барот Менада во стара чаршија одма на почетокот кога одиш од камени мост, значи таму ги прават скоро истите работи од Горки. До душа мислам дека е истото само друго име има Истите компирчиња од Горки ги јадев и убава атмосфера има
@cresa-jagoda Малку доцна ти враќам, ама сега ти го гледам постов. Зимно време имаат топло чоколадо со пире од кокос или Монин сируп од цреша, кокос, и разни други вкусови, дури и папаја или манго мислам имаше, ептен ми се вкусни. Летно време можеш да си земеш лимонада со вкус, исто користат тука Монин сируп, јас еднаш пиев една со праска и една со Блу Куракао и кокос мислам имаше. Можеби во вторава има алкохол, ама искрено чим јас не го поднесувам и не осетив, значи добра е, превкусна беше. Имаш и некои интересни кафиња, ама јас нив не ги пијам многу, така да не знам баш за нив да ти кажам.
Фино мирно место за денски преку викенд е Ветер и Магла на Зајчев рид. Дека е височко се гледа Скопје, нема многу гужва и топ е за неделен ручек на пример, храната е одлична, цените стандардни.
Па стадардни, ете може малку поскапо да е, ама храната затоа е многу вкусна а и убав е ресторанот . Јас да си кажам за мене најубав ресторан во цела Мк е Мечкуевска Куќа Свети Николе Цени пристапни да не кажам багатела, Етно Стил, преубава храна... Абе одличен е.
Го има ли некој посетено рибниот ресторан Елита Богданци знаете ли за цените и некое место поблиску кое би можело да се посети
Нормални се цените. Дури и ефтини. Порција 400гр крап мислам дека беше 250ден. Салата за еден 60 ден. Сокови 50-60-70. Ова ми е во сеќавање. Бевме пред месец дена.
Не е баш ефтин но од она што го имам нарачувано сепак вредат затоа што јадењата се навистина вкусни, порциите се големки а амбиентот е феноменален.
Four не сум била,какво е? По слики ми изгледа така поелитно. Впечаток за услуга, цени? Од кафулиња ми се допаѓаат Црешас,Chapter во сити мол, 7г во Kапиштец, Сохо... ма сегде кај што има кафе. Горки ми е место за помфрит и пивце но ме нервира што е толку тесно и некако цела мирисам на јадење коа ќе излезам, на радиус од 5 метри сигурно. Аустриан,Менада,Пјаца,Палма... супер Не ми се допаѓа Тренд во Центар, Излет, Броз... А ќе заборавев Сквиз ми rules!
@Mr. Right И мене Сквиз ми ми е фејворит, ме зезаат сите дека секој втор ден сум таму. Газдарицата почна да ми носи цело време по нешто фри, најодлепено сум се понашала, најкомотно и плус реклама сум и праела. Шала на страна, многу го сакам ентериерот, услугата и храната, Уште кога влегувам од врата знаат дека ќе земам лате, кога им викам дека сум за кафе, ми викаат "Твоето? " , што е уште еден плус за мене. Сакам фин персонал кој си ги знае клиентите. Хигиената им е океј, интегралните сендвичи ми се совршени за ручек кога немам време, салатата со пилешко и манго дресинг исто. Чизкејкот, брауни со сладолед... Смудис, она со peanut butter го сакам повеќе. Има само една ствар што не ми се свиѓа - кафињата фрапе. @macysh FOUR е во склоп на хотелот Park Residence, обично се оди со резервации ама можеш да отидеш и без. Потребно е да имаш над 21 година, понекогаш те идентификуваат на рецепција. Таква им е политиката на ресторанот. Цените се нормални, услугата онака. Ентериерот е ист како и насекаде низ Park Residence. Горки ми е совршено за опуштено јадење компирчиња и пиво, ручек после шопинг или такво нешто! Значи точено пиво, компирчињата, солена палачинка со пршута - must have! Персоналот ми е исто фин, многу гужва имаат па тоа знае понекогаш да ме нервира ама ок се... Менада исто прекул, истата храна со ист квалитет! Piazza Liberta ја сакам за чоколадните вафли или лабава викенд дружба со пиво и кикирики. Ентериерот ми е опуштен, персоналот онака. Лошо кафе имаат. Излет го сакам за кафе, многу им е вкусно, плус ентериерот им е топ надвор. Често одам таму...Услугата им е катастрофа, ама се трпи за вкусно кафе. Brick Bar е супер опција за коктели! Редовна сум. Кога сме веќе кај коктелите исто Speakeasy. Bella Vista на кеј не сум била оддамна, и бев викендов на ручек - храната им е многу лоша! Јадев пилешко кари, ама пилешкото не беше воопшто сочно, зеленчукот во чинијата исто не беше свеж. Онака... Кантина е супер и за кафе и за јадење! Чиста 10ка. Кино Карпош за кафе, смуди и коктели., Bushi Resort & Spa имаат исто одлична услуга, љубезност на ниво и многу вкусна храна! Кога сме веќе кај јадење, никогаш не сум ги пробала оние десертите во Veneto , со преливот што се топат од убавини. Какви се, која е цената, искуство некој да сподели за Венето? И за десертите во Sky Bar во Hotel Russia?