Како прво локалот е на специфична локација, цените како што читам се малку повисоки од стандардните, така да немојте ве молам со тие муабети дека ќе им седнувале рандом луѓе од улица кои се враќаат од пазар. Не е Дестан ова. Може не сме сите високо интелегентни ама секој си знае до кај му е џебот и дали е посакуван гостин на вакво место. Оние што се во пониската класа имаат итоа како добар осет за таа работа и и без да им се наведе си знаат каде се пожелни а каде не. Да беа паметни газдиве ќе го кажеа дрес кодов на своите друштва и ќе почекаа да помине викенд, два. Ќе излезеа спонтани слики од "елитава" и ќе се знаеше од прилика за какво место се работи ама кој да ти каже Иванааа...
Паметам кога го отворија Парадизо ноќниот клуб до Тренд, беше со ваква шема на работа како сега со Лофт, односно дека внимаваа на клиентела и пуштаа одредени луѓе... После некое време, во зимското Парадизо постепено го симнуваа критериумот, такада сигурно и тука ќе е така. Лично мене погледот од таму по сликите кои ги видов не ми е воопшто wow.
Ма дај Во какви елитни кафичи имам влезено, ова е гола вода Па со правилников се дури и смешни .. Ќе тестирам деновиве дали црни тренерки а скапа ташна, клучеви и телефон се ОК влезница..да поглумам малку и јас градска сељанка А после тоа моја нога не стапнува таму. Ова чисто ради забава
Почитувам да се има дрес код и баш за луксузни и префинети места тоа е потребно, ама како прво, од сликите забележав дека освен локацијата и погледот, на друг начин по ништо не се издвојува Лофт (во внатрешноста) од останатите места, а тоа со дрес кодот, како да им го сфатиш, кога исто по сликите, ќе видиш секакви облечени луѓе, особено со никаков моден вкус биле пуштени, така да, шта реч Не елита, туку само глумење иста
Јас мислам дека од мука им е ставен тој дрес код и ограничување на возраста, а не од глумење фенси и елитно место. Знаете како е кај нас, ќе се отвори нешто ново и ќе се потепаат сите да одат, и кој треба и кој не треба, и како што треба и како што не треба. Само кај нас можеш да видиш луѓе што на пример, по тренерки одат на вечера во ресторан. Или, отвараш ресторан и ти доаѓа цел клас средношколци со по едно кафе ти држат маса цела вечер, а за луѓе кои сакаат да вечераат нема место. Не е секогаш до локалите, народов нема осет понекогаш.
Ќе може некој да стави на фб како е потпишан ова ЛОФТ.Неможам (мора споено,да глумам малку елита) никако да го најдам
@GirlRose Те препозна пребарувачот оти во скинати фармерки седиш сега Инаку, само напиши The Loft и ќе ти излезе
Да ви кажам право осетиле прв пат дека ќе одам и те.Јас ќе направам се да влезам там.Макар и со авион.Да видат шТо е елита.
@DAngel @Summerlover @GirlRose и мене не ми отвара, исто ми покажува А и пребарував во search The Loft и oд страници ми излегоа во Грција, Албанија, ама овој во Скопје јок
@Someonespecial а да не има нешто врска со возраста? Изгледа age restriction имаат ставено. Кај им текнало бе!? @Summerlover Lisca или Битпазар, you will never know
Искрено, за дрес кодот не им замерувам. Баш кога се модерни танга шорцеви, и тренерки со штикли...Ви се молам. Ако сакаш да отидеш, ќе се облечеш у нормални панталони и чао - пријатно. Ако не, имаш други локали. Али дегенизов со 21 години за жени и 23 за мажи не ми е јасен, па еве на!