Поента на место. Многу повеќе поплаки прочитав за тој дрес-код, а вака во глобала забораваме на вратари кои не пуштаат у рандом локал. Пред се, пристапот е промашен. Постојат места кои исклучиво меѓу елитата прострујуваат низ муабет и кои си имаат одбрана клиентела. Тоа е начин на кој се работи ако сакаш да имаш потрошувачи на повисока нога. А не јавно да поставуваш рестрикции меѓу полови, старост, итн. Задоволен клиент секогаш ќе го рашири муабетот кај својот пријател. Па сеа замисли кога истиот се движи во повисоките кругови.
Дрес код е сосема нормална работа. Секако искинатите фармерки дојдоа до степен повеќе издрпан партал и дупки отколку материјал на нив. Да, неписмена е објавата и не, нема да го посетам од причина што не одам на фенси места нити ми е па погледот толку посебен. Не знам зашто луѓе се најдоа толку лично засегнати, не дека некој нож им стави дека морало да се оди. Ако сакаат да исфилтрираат клиентела тоа си е нивно право и разбирливо е. Само Скопје е премногу паланка за вакви нешта.
Колку што разбирам од фамозниов дрес код кој е сосема нормален и обичен забрането е само тренерки и скинати шорцеви од кои доагаат до степен и газовите да им се гледаат на некои девојки, не гледам од ова што толку елитно гледате? Не пишале да се доаѓа строго у бренд облечени туку НОРМАЛНО, а искинат шорц се знае дека е за на плажа, тренерките за по дома... Што се увредивте толку? Не гледам ништо што укажува на тоа дека исклучиво елита треба да влага или нешто навредливо... Браво и за возрасната граница, треба да се има некој ред за ова... А док за идентификација пишува за вработените дека треба да носат, а според закон и секој полнолетен граѓанин на државата треба да си носи лична карта секогаш и секаде, казнуваат за тоа...
Дечки, јас бев во Лофт облечена најкежуал што може, со фармерки, кроп-топ и конверс... ама баш забележав дека неколку девојчиња ги вратија со изговор дека се е резервирано, а не беше, но добро. Значи, не е до толку строго, само треба да изгледате како да сте вложиле колку толку труд во изгледот и океј сте. Погледот горе е супер, преубав, ентериерот исто, јас замерки немам од аспект на тоа што као имаат дрес код и дебилниот правилник, туку... прво немаше целосно мени, ниту за јадење, ниту за пиење, значи нарачавме напамет, другар ми потпросечното кафе го чекаше подолго од 20-30 минути, келнерите беа изгубени и збунети...и да, јас не бев до wc, другар ми беше и рече дека не е завршено и било несредено... На кратко, се добива впечаток дека имаат некаква замисла, ама не се скроз спремни да ја реализираат. Би отишла повторно само поради погледот горе, навистина е пријатно, посебно на зајдисонце, ама све друго - мех, ништо посебно.
Бела куќа во Битола, многу ми се допаѓа. Едно од најомилените места и кога имам така гости од странство само таму ги носам
Препорачувам Скара Бар во Скопје кај Сити мол, одлично место со преубава храна и услуга. Убава музика и амбиент, и се тоа за солидни цени дури и поевтино од другите слични места во околината. Имаат страна со мени и цени па може да си видите од дома.
Дечки наскоро се отвора АЛКА комплекс. Ќе имаат и базен со солена вода како што објавија на страната. Вака од слики убаво местенце е. Се наоѓа во Сопиште. Се надевам дека овие ќе се поштедат од испади и ќе можат сите луѓе да го посетат местово. Spoiler: Слики Им треба и персонал за работа. Ако некој бара работа, дали вие или некого што го познавате кажете им. Spoiler: Персонал за работа Во тек е отварањето на Алка Комплекс Скопје, доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, вашата кратка биографија испратете ја на следнава електронска адреса: alka.complexak@gmail.com. Имаме потреба од следниве работни позиции: Кувар/ки (позиции 6), Келнери/ки (1, Шанкер/ки(, Хостеси (4), Чувар, Девојки за во игротека (6), Спасувач/ка за базен (2), Салатер/ка (6), Хигиеничарки (3), Менаџер/ка (1) Познавање на странски јазик (Англиски) ке се смета за предност.
Дали сте биле во Центар Бар? На местото на стариот Мекдоналдс се отвори неодамна, па би сакала да прашам како се со цени бидејќи интериерот многу ми се допаѓа.
Индивидуална работа се цените, затоа јас викам за цени и вкусови не се дискутира Сум била пред година дена и според мене се солени цените... Не ги памтам, ама знам дека солено менито беше.
Знам дека е индивидуално, но кога ќе го извадиме просекот на цените по сите кафани и ресторани, можеме да процениме кој е скап кој евтин, нели
Здраво на сите Сакам некој да ми предлолжи некое убаво место во скопје за состанок (не деловен) да биде убав пријатна атмосфера и не многу скап.На ум ми паѓа Баба Цана,некој да каже искуство дали е добар,скап или...?
Јас почесто одев таму додека не ги покачија цените и не го сменија менито. Според мене не соодвествуваат цените со услугата која ја добиваш, ама тоа е индивидуално можеби некому му е одлично местото.