epa vaka,se zemavme pred 6 meseci vo prvite 2 meseci imavme redovno odnosi kako mlad bracen par,potoa toj mi kaza deka ke se zapisuva na fakultet a jas na toa odgovoriv deka ne treba da mu se sluce da me zapostavi mene kako negova zena,pa pocnaa da ni se mesat vo brakot negovite i red drugi problemi,pa ete 4 meseci nasite odnosi se oladeni,vodev evidencija kolku cesto imame odnosi - vo noemvri 6 pati a eve ovoj mesec 4 pati se nesto si naoga izgovor deka mu se spie i deka traba da stane rano za fak. i razni izgovori [mod-kirilica:2z7zbre9][/mod-kirilica:2z7zbre9]
retki seksualni odnosi Нате кажи му на Стефи дека ќе си фатиш швалер ако не преземе некои мерки околу вашиот сексуален живот. Мала шала во која има и пола вистина. Како прво не треба да отвараш нова тема за твојот проблем, како второ ако си тазе зачленета прво прочачкај ги темите и прочитај ги упатствата за работа на овој форум СДК пишувај де кирилица и како трето - бракот си носи свои проблеми, ако двајцата не ги решавате заедно ја губите смислата на млад брачен пар. Ти преземаш некој иницијатива за секс? Тој се запиша на факултет? Нон стоп учи или оди на работа? Одговори си на овие прашања и престани да водиш евиденција или исполнуваш некоја квота за пати секс во месец. Сексот се случува а не се евидентира или става рецки. Во крајна линија кажи му дека сакаш повеќе од 5-6 пати месечно ма можда стави прст на чело и размисли.
retki seksualni odnosi во право сте дека се случува,и дека не треба да се ставаат рецки,но последниве 2 месеци морав да бројам,бидејќи ако на мене ми требасе пријателски однос немаше потреба да се мажам,една работа не ми е јасна,тој не е одлучен во ништо,јас сакав да го напуштам,но тој се беше со тај изговор остани и се ќе биде во ред,и никогаш ништо не е во ред,друга работа ме интересира дали е нормално меѓу маж и жена да се има толку пати односи,со оглед на тоа што тој од 30 дена во месецот 12 е нокна смена и не се гледаме,и тие денови кога си легнеме исто како другар и другарка сме,колку и јас да се обидувам кај него се е џабе
retki seksualni odnosi Нато, ако си се омажила само заради сексот, тогаш маф ти е работата. А колку години имаш ако не е тајна? Бракот не е исполнување на норми во сексуалниот живот, туку нешто многу покомплексно. Не очекувај дека ќе се плескате секоја вечер - причини има многу - замор, трета смена, здравствени проблеми, изостанок на желбата. Важно е да има хемија и страст меѓу вас, па макар се плескале и пет пати месечно. Некој ни толку нема. Не трчај како прле пред магаре што велат старите, не брзај со оставање. Ќе се среди.
retki seksualni odnosi И јас исто мислам како Annath нема никаде дефиниција дека кога си во брак треба од можни 30 дена да имате секс 30 пати.Мислам стварно.Бракот е мноогу повеќе од задоволување на сексуалните потреби.А ако си се мажела само за секс тогаш не знам.Мислам релативно е краток периодот од кој сте во брак 6 месеци..па допрва вас ќе ви бидат најубавите моменти и случувања во бракот.Поззз и без нервози(п.с.и 5 пати се доволни во месецот,ако знаеш дека тој што е со тебе е вистинскиот..
Девојки, во право сте, ама не е сепак малку 4 пати во месецот, а тазе земени? Јас на твое место отворено би му кажала дека имам потреба од повеќе, дека не треба тоа да го запоставувате, изненади го некоја вечер со убава долна облека...
Taзе земени, а таа веќе помислила на можноста да го напушти Богами само сексот не ќе е проблем :geek:
кажи му дека кога е дома сакаш повејке да си сте заедно,да се мазите,галите..итн...не знам колку време сте биле во врска,и колку време сте билке пред тоа сексуално активни...можеби им анекој проблем,не кажува,,обично машките ако имаат некој проблем,не им е дојдено до секс...
ха ха ха не сум се мажела само за секс,и јас не сум таа што планира да го напуште поради сексот или нешто друго,само барам мислење дали тоа е нормално да легнете со сопругата и од 30 дена во месецот од кој сама си легнува 13 дена бидејки сопругот е трета смена,па 6 дена имаш менструален циклус,и оние денови кои остануваат да не си обрнуваме внимание,сум излегувала и во секси долна облека ама залудно е и се чувствувам како глупача,
Драга Нате,преиспитај си го сопругот.Кога бевте во врска,често ли имавте секс?Мислиш ли дека е нагла оваа промена?Јас мислам дека маж ти е уморен ,споменуваш дека тој работи и ноќна смена,што е многу напорно.Не е убаво да дозволите неговите да ви се мешаат,само повеќе стресови и проблеми ќе имате. Обиди се да поразговараш со него,можеби ќе се отвори и ќе ти каже,доколку има некоја оправдана причина.Ако не,преземи ги работите во свои раце,провери зошто смислува изговори,дали оди таму каде што кажува,погледни во неговиот мобилен,можеби ќе најдеш траги доколку има друга. По ова на форумов,со запоставувањето на брачните обврски,ме фати страв да се мажам(иаку сум блиску).Дали на маживе им се поинтересни другите,а својата жена што им е дома им досадува
Абе и јас да сум пола месец на ноќна смена ќе види толку секс маж ми и од мене. Кој не е работил ноќни смени не знае каков замор е тоа. Кога срцето почне да ти заспива, баш таму накај 2 и 3 саатот сабајле ти падне најтешкото и ти се чини те боли нешто во градите додека се мачиш да ги држиш очите отворени па и да работиш уште. Денското спање не е исто со ноќното, на кое организамот ти е научен, па и тој одмор преку ден не е баш доволен да те освежи за наредната ноќна смена. Едвај чекаш слободна ноќ да легнеш да одмориш ко човек. Во брак е нормално да се има односи колку што е можно да ги задоволат двајцата партнери, нема тука некоја пишана норма која треба да се исполни. Но во брак е најважен пријателскиот однос, па и повеќе од самиот секс ако се осмелам да кажам, оти ако се почитувате тогаш за се ќе се договорите, и за секс на кого колку му треба или колку му е доста, кој колку е расположен или уморен за тоа, така да и ти треба да мислиш која е вашата заедничка ситуација, а не исклучиво на своите потреби. Се земавте пред 6 месеци, тој ти вели сака да оди на факултет, еве тогаш нема да оди на ноќна смена претпоставувам, па тој проблем со спиење сама кога не се гледате и заморот може ќе го отстраните. Но тебе како што гледам не ти се чека да им дадеш време на работите, велиш ништо не се средува, а 6 месеци е малку време, и дури ти пречи дека можеби ќе има нешто на кое ќе треба да се сконцентрира, освен целото негово внимание потполно да го посвети на тебе. Види, јас те разбирам, млада невеста си, ама ситуацијата не ви е баш дека терате меден месец со неговите обврски, и криво ти е оти сакаш повеќе време за нежност, разбирливо е. Ама да се лутиш и пурлиш и да го обвинуваш дека е ваков или онаков, неодлучен за ништо, дека ко да не му е гајле, да го сопираш во што наумил(факултет) кој евентуално би помогнал за животот на вас двајцата, или да уценуваш со заминување, тоа најмалку ќе ти даде што ти сакаш од тој брак.
Абе како што прочитав погоре што се 4 или 6 пати месечно а тазе во брак ајде нека не е секој ден ама барем 20-тина пати во месецот вие сега тазе земени туу треба спалната да ја искршите за една година сега ако сте ретки што по 10/15 години брак тогаш еднаш на 5 години ли. Потребата ќе те натрера на друго к... искрено позз
Не за џабе викам дека сексот е преценет! Аман бе, 20 пати во 30 дена, па јас не ги разбирам луѓево. Не одат на работа? Спијат преку ден за вечерта да се спремни за акција? Уште па да работиш трета смена или 24 саати, кога ќе се вратиш сабајле/вечер, единствено што мислиш е како да стигнеш до кревет. Ни ти се јаде, ни сакаш муабет да правиш, а не па на секс да мислиш. Мажот и си легнувал и исто како да спиела она со другар хах! Па нека оди и она да поработи цела вечер, да ја видам колку енергија ќе има. Имам некаде пишано, организмот на сите ни е различен, некои можат да издржат 24 саати да работат, на некои после 10 им се приспива и готови се да заспијат стоејќи.. Ова со бројкиве ми е многу смешно. Во случајот погоре, мажот и 12 ноќи е на работа, 6 дена циклус, неколку дена не му се сака од Х причини.. Доста ги броите деновите, гледајте да имате квалитетен секс, макар бил и еднаш неделно. Немојте како животните, да им скокате на мажите во прва прилика, кога се вратил од трета смена.. Да беше се во сексот, тогаш зошто би се мажела? Можам секс да имам до бескрај со кого сакам. Бракот е да го имаш баш она што го пиша госпоѓава погоре - доживотен пријател, сопатник, сродна душа, безусловна љубов и на крај партнер за секс. Утре ако од здравствени причини не може да постигне ерекција, ќе го шутнеш? Ебати бракот тогаш.. Пак ќе речам, сексот е преценет според мене! BTW, не се однесува се на тебе Петар, да не си земеш при срце. Онака пишав општо мислење на темава, а те цитирав единствено поради бројката..
Бројката ми беше земена како репер инаку да во право си не мислев и јас со бројки но е премалку од она што го кажаа а за тазе брак сега не дека треба по пет пати на ден но штознам мое мислење
Може е малку, може е толку колку што можностите им дозволуваат.. Не сме им дома, да знаеме. Може навистина ситуацијата е таква да партнерот не се чувствува способен за секс кога е презафатен со работа. Особено ако работата е физичка.. За секој проблем тука што се жалат членките, има две вистини. Вашата и на вашиот партнер. Секој различно гледа на тоа. Ако не разговараат меѓу себе, таа различност нема никогаш да ја надминат и секогаш едниот партнер ќе биде незадоволен..
Се согласувам така си е. Не е намерата да се навлегува во брачниот кревет на никого дадов мислење во однос на тоа дали е доволно или не . Мислењето е мое нели и мое право, пак ќе повторам немам намера да елаборирам ничија сехсуална активност но имам право на изнесен став да дадам мислење.
Никогаш не ми се јасни луѓето кои бројат колку пати неделно или месечно имале секс,аман бре немате друга работа освен цртички да тргате? За мене сексот е спонтана работа или моментале нагон кога ќе се случи нека се случи во моментот кога и 2та парнери го сакат тоа а не ради реда или дека едниот очајно сакал да има секс,јас можам еднаш во неделата да имам прејак секс и да уживам до бесвест или воопшто да немам, а можам и 3 пати да имам.или на 2 недели еднаш ,а можи да се погоди секој ден една недела да имам и?таман работа јас да бројам и да замервам за тоа освен во екстремни случаи сега,ама со разговор све се решава,сега нормално све влијај на човекот проблеми, работа, физичка психичка состојба некогаш не ти е до тоа,а и има луѓе кои немат потреба често да имат секс зависи и до личноста...
Колку што јас ја разбирам на оваа девојката не е проблем сексот како секс како активност туку како средство за изразување блискост,показател дека партнерката те привлекува,дека те интереса таа и само таа,знак за желба, и сигурна сум дека кога нејзиниот "уморен" сопруг ќе ја бакне макар во образ кога ќе дојде од некаде, кога макар и молчејки и гледајќи во телевизорот ке ја прегрне цвсто до себе девојката верувам дека нема да инсистира за секс бидејчи емотивно ќе биде задоволена. Вака како што таа опишува во најблага форма тој ја игнорира уште да и рече ајде подалеку од моите очи ми пречи твоето присутво......Ужасно е чувството кога некој кој треба да ти биде се си живее во свој свет и те држи тебе подалеку..... И уште нешто колку и да работи напорно колку и да е уморен има едно правило: КОГА НЕШТО САКАШ НАЈДУВАШ НАЧИН КОГА НЕШТО НЕ САКАШ НАОЃАШ ИЗГОВОР! Треба отворено да си каже дека очекува од него внимание и интерес а тое се постигнува со ситници со еден поглед полн со љубов ,со прегратка на минување, бакнеж даден набрзина убав збор, и ако тоа не е подготвен да го прави не знам тогаш, секој коментар е залуден !!!