ја гледам серија,а он иде залетан од врата и ми вика ја гледаш серијава ???/ не не кое гледање влакна правам не гледаш бог да чува
Отклучувам врата и влегувам и тато: Ти си??? Не, Амуш е. Па кој има друг клуч од дома?! Или јас во вц и стандард прашањето: Што правиш? Се туширам, значи водата тече, се слуша дека тече и: Се капиш?? Не, си играм со гумените патчиња.
Имам подобро. Од нет е. -omg, did you have a haircut? -no, i grew it shorter. Он топик: највеќе ме живцира мама со тоа. ме гледа дека седам и ми вика „седиш?“ Е не, креветот се напалил на мојот задник! Учам. „Учиш?“ Не. Имам длабоки, важни, трогнувачки разговори со книгата.
Вечер после излегување мајка ми в полусон: Ана си дојде? Не бе мојот дух се шета по дома. Или на телефон (домашен): Ало Ана. Да јас сум. Дома си да дојдам до кај тебе?
Ова не е баш прашање туку повеќе како глуп одговор. Прашувам теткицата во ЈСП: „-Извинете, кога има следен автобус?„ таа ми одговора: „- Па само што ви замина!„ - и ме гледа... а јас не ја прашав дали замина туку за наредниот кога доаѓа, и сега додатно губиме време на повторно прашување.
Да појаснам: Реторичко прашање е кога на вашето прашање, ви одговараат со прашање. Пр. -Сакаш да вечераш? -А, ти сакаш? Т.е. кога некој не сака директно да ви одговори, туку ве прашува наново нешто. Јас сакам секој директно да си каже што има, не да ме препрашува.
^ Јас колку што знам реторичко прашање е она прашање на кое не се очекува одговор или пак прашање на кое одговорот е очигледен.
Си доаѓам дома. Мама : - Си дојде ? Не мама, уште сум нашколо. Во веце. Мама : - Што правиш ? Еве мамо спијам.
Ноуп. Реторичко (или реторско) прашање е прашање на кое не се очекува одговор затоа што одговорот го знаеме или е очигледен. ОН: Не можам, а да не одговорам саркастично на овие прашања. Пред некој ден, додека бев во веце: Мама: Што правиш? Јас: Еве барам лек за рак Што може да правам во веце добога? :geek:
Ццц хаха и мене исто ми прават Си дојде? Кај беше? Кај си? а јас пред него си чепкам на телефон офф леле
сечам со ножиците на школо не ми текнува шо правевме и другарка ми ми вели имаш ножици си велам во себе господе боже си и дал очи ама џабе и се не знае да ги користи
Реторичкото прашање е прашање на кое всушност не се очекува одговор и не е целта да се одговори, туку се изразува одредена емоција. На пример, во поезијата често се среќаваат вакви прашања: Кој те љуби? Кој те има? Или на пример, да му кажете на некој: Ти се слушаш што збориш? Фактички му пренесувате своја емоција, како го доживувате неговото однесување. Често се употребуваат, а многу често непријатно звучат за соговорникот.
Додека правев кафе во кујната доаѓа другарка ми и ме прашува шо правиш. Господи, превише од очифледно е дека правам кафе! На тоа шо правиш и одговорив плетам чорапи за рибите јеботе