Дечки, вечер организирам ретро забава од 90тите. Па ми требаат идеи, особено од вас што сте помеѓу 35-45 години. Кои песни беа хитчиња тогаш? Каква мода беше тогаш ин? Какви пијалоци грицки и благи се јадеа пиеа тогаш? Фала.
лелееееееееееееее песнава ме врати во најубавите времиња кога бев 1 година средно...еден од најубавите периоди од мојот живот
Зошто бе Јупи, ти мислиш Јупи се пиеше во 90 ти? Види стар лисец негде да најдеш. (под претпоставка дека си полнолетен)
Јас памтам чунга лунга и бони топ, тоа уште го има мислам. Агроплод чоколади. Смоки стандард и ресана, јадран наполитанки. Оние солени стапчиња како hello што се, квики итн. Од музика се знае : Spice Girls, Peter Andre, Backstreet boys, Caught in the act, N sync, No Mercy... За облека колку што се сеќавам хеланки со долги маици, широки фармерки и задолжителна "кремче" фризура
Дел: 1 @EvAngelos, зошто бе јас те мислев дека сме генерација дете на 90тите, исто ко јас. Журката веќе е помината, ама темата е интересна па сугестиите може ќе му бидат од корист на некој друг. Само битно е да се нагласи рани или доцни 90ти, и дали изборот на песните треба да е повеќе наменет за играње или за одење во позадина додека гостите се дружат и си муабетот. Бидејќи јас под журка подразбирам гласна музика и играње, песните ќе бидат наменети повеќе за играње. Рани ти се еуроденс:
Дел:2 Во средина би ги ставила: Доцни 90ти се поп-тралалајките- Бритни Спирс, Кристина Агилера, Рики Мартин, Ен`Синк, Бекстрит Бојс и останатите трагедии.
Дел:3 Нема да ти ги редам Нирвана, Металика, Прл Џем, Елис ин Чеинс, Tajп О Негатив, и останата компанија, зошто да бараше рок плеј листа ќе нагласеше. Е сега, мене ако ме прашаш, прва песна што ми паѓа на памет кога некој ќе ми спомне музика од 90тите ми е следната: следена од: и
Фала ви девојки, преубави предлози и за музика, и за стил на облекување и за храна. @Nausicaa легенда си! Каква меморија имаш значи не си нормална Требаше порано да ја отворам темава, за да ги имплементирам предлозите од овде. Ама сепак забавата помина супер. Со музиката и стилот на облекување стварно ја осетивме таа атмосфера од 90ти. Се изнаигравме на скутер, суперсоник, продиџи и сл. Една колешка дури и предложи да сме ставеле парфеми што сме ги користеле тогаш Имаше и помали пријатели, студенти, кои беа нормално модерно облечени, кои не ги знаеа песните, и на нив гледавме како на некои кои дошле од иднината на оваа забава Еве фотка од декорацијата на една маса. Ќе ве молам на вртете на броевите од мојот именик. Не за друго, двојникот може да ви се убаци у линија
Опседнат сум со 80тите и 90тите... Колку би сакал да бидам на некоја си таква дешавка леле... Го обожавам стилот на облекување кој што бил тогаш во тренд а за музиката ич па да не збори човек, прекрасно било, баш ! Прекрасна идеја за ваква забава !!