Мојата дефиниција би била дека рефлектирањето е процес на анализирање на случки, мисли, емоции, одлуки, планови, поставени цели, прогрес и општо кажано искуство и однесување, со цел да подобро и подлабоко ги разбереш нештата, да извлечеш поука, да научиш нешто важно или да дојдеш до некакво решение. На тој начин успеваш поинтимно да се поврзуваш со себе си и да се самозапознаваш, постојано да си во контакт со мислите и чувствата кои ги имаш, да разработуваш што ти се случувало или случува, да планираш што сакаш понатаму, подетално да ги смислиш плановите и да пратиш како ќе се одвиваат работите, да разглабуваш одредени проблеми или пак едноставно да согледуваш позитивни и негативни работи за себе, за другите, за светот. Можеш да рефлектираш со помош на терапевт или некој кој добро те познава и му веруваш. Можеш да рефлектираш пишувајќи во дневник. Можеш да рефлектираш додека седиш на тераса и го гледаш зајдисонцето. Можеш да рефлектираш додека се тушираш. ¯\_(ツ)_/¯ Кога сакаш и каде сакаш. Дали имате навика да рефлектирате? Дали имате одреден начин или методот? За што најчесто рефлектирате? Крајот на годината е совршен период за малку подетално рефлектирање. Па еве неколку предлози со кои можете да го почнете рефлектирањето: - Која е најзначајната лекција што ја научив во текот на 2024? - Што сакам да оставам во 2024 пред да ја започнам 2025? - Кои мали нешта ме правеа среќна, ме мотивираа, ме бодреа? - Кои предизвици ме направија посилна? - Во што најмногу успеав да напредувам во личниот развој? - На што можам да се фокусирам во новата година за да го подобрам? - На што сум најмногу горда?
Во последните 3 години имам пракса да покрај секојдневното рефлектирање, да рефлектирам и на неделно, месечно и годишно ниво, што секако е испланирано, не спонтано. Оваа практика ја научив кога започнав да пишувам во дневник и некако ми остана во навика. Во принцип, на крајот од годината кога го правам рефлектирањето на годишно ниво, доаѓам до еден куп заклучоци, од тоа како ми поминала годината, што се' ми се има случено и како ми има влијаено, како се имам променето, што имам научено, што сакам да продолжам да правам, што дефинитивно не сакам да продолжам да правам, која нова желба ја имам добиено, итн, итн. Па така, на крајот од рефлектирањето доаѓам до еден вид на новогодишни резолуции (иако не ми е тоа инспирацијата, но во концепт тоа е) каде се решавам ШТО МИ Е ЕСЕНЦИЈАЛНО. Си поставувам една главна цел која ми е must do, цел која навистина ми е потребно да се фокусирам на неа и да ја остварам. Големата цел. Цел која постојано се провлекува низ се' што правам во текот на годината, не ја баталувам зошто ми е екстремно важна. Тешко е да се даде пример пошо сите сме различни, но еве за мене тоа биле вработување на одредено место, свадба, штедење за одредено нешто, и слично. Потоа си давам уште една до две помали цели, ко на пример да прочитам 50 книги годината. Така, кога рефлектирам во недела за неделното рефлектирање, читам што сум пишувала секој ден во неделата, анализирам и рефлектирам како поминала, што може да продолжам во следната, на што да се фокусирам, итн. Па така, кога рефлектирам во последниот ден од месецот за месечното рефлектирање, го правам истото само што поминувам низ сите денови (не толку детално), анализирам и се решавам за што понатаму. Во пракса ми беше порано со разни бои да обележувам разни нешта при пишувањето во дневникот, за да можам лесно да го најдам тоа што го барам при рефлектирање. Пример, кога исхраната ми била ставена во цел, со зелено ми беа подвлечени и заокружени тие делови. Со црвено работите кои ми создале болка и немир. Годинава не користев бои, но мислам дека ќе почнам пак затоа што е многу корисно. Не секогаш рефлектирам со дневник, иако така ми е најубаво, најдлабоко успеавам да допрам, најефективно успеавам да разработам. Често намерно и испланирано рефлектирам кога пешачам, бидејќи тогаш умот ми е некако бистар и прошетката не е захтевна активност, па искористувам прилика. Освен тоа, избегавам рефлектирање во друго време, сакам да бидам посветена и на тоа што го правам во моментот, а и на рефлектирањето кога ќе дојде време за тоа. Понекогаш имам потреба да рефлектирам во време кога не ми е погодно, па си запишувам во мобилен за што понатаму да рефлектирам. Не знам за вас, но за мене рефлектирањето ми е еднакво потребно како спиење, јадење, пиење, дишење. Повеќе не можам да се замислам да живеам без да рефлектирам. Секако не го правам баш секој ден, 24/7/365. Понекогаш немам време, понекогаш едноставно немам потреба. Но во глобала, морам. Не би можела да функционирам без да знам што осеќам, зошто така се осеќам, што размислувам, што сакам. Или без да имам практика на разработување на случувањата што ми се десиле или луѓето во кои сум дошла во контакт. Мислам дека е многу мачно да имаш секојдневие без рефлектирање. Па периодов се спремам за годишното рефлектирање и добро добро размислување на работите.
Лично не си го дефинирам како рефлектирање, повеќе како моментално согледување и извлекување поенти додека се случува. Порано имав посебно време за размислување и тоа можеби малку повеќе ме однесе удолу, во анксиозноста. Сега само сумирам што ќе имам од некоја релациска врска со луѓе иако не „тонам“ дури го правам тоа, сфаќам и толерирам да секому му се случуваат најразлични нешта, но највеќе тежнеам кон тоа како јас си влијаам на себеси баш во моментот на случувањето (само јас можам да влијаам кај себе). Зашто можам до бескрај (па ако почнам како што знам има нова димензија на бескрајот да се отвори!) пример да анализирам други, да фаќам белешки, х работи. Не дека не се корисни, но кај мене не функционираат баш конкретно за вакви согледувања. За мене секој човек е една емоција, која често или ретко ја имам(е); првата интуиција ретко лаже за некого. Се процесира во моментот на случувањата, сето останато бледнее и ако запишуваш можеш да добиеш втора, трета или четврта верзија од ликот која никако не може да биде онаа првата (веродостојната) како кога ти е пред тебе. Битното е да се препознаваат разни незгодни карактери (според своја перцепција) и истите да се прескокнуваат. Всушност, *повеќето е шунд и треба да се прескокне, а да се препознае само реткото и тие се тие луѓе од кои ќе имаш некаков раст. Растот е можен само со приземјени луѓе, кои немаат никакво его. Виделе, искусиле, споделиле и пак се истите. Дури и кога ќе те видат после деценија. Е сега дека ретко е растот со луѓе, човек треба сам со себе да си кликне и, што велам да си стави еден филтер. Избираме со кого ќе размениме два реда муабет, избираме што да прочитаме, избираме што да направиме. Социјално секој ќе си се вклопи некаде - тоа е најмалку битно. Најбитна е свесноста за зачувување, унапредување на свој личен мир (притоа да не зависи од луѓе, да си разграничи дека може и сам со себе да поминува уште поквалитетно време и да си помести некои сопствени црвени линии). Другите луѓе се потребни само за рушење лични бариери преку кои се запознаваме во моментот на настаните, никако за лична корист преку манипулативни форми (баш она погоре што го зборев за шундот*). Да се прескокне шундот, но не и да се замиже тогаш кога треба праведно да се реагира(!). А мнозинството за жал, секогаш замижува. Затоа сакам ретки, ултра ретки исклучоци. Спојлер: / Цел филозофски не ми е рамен, молам да ме земат кај нив во редакција. Пропратно и желбата новогодишна да си ја кажам.. сандачето е веќе отворено.
Деновиве се скинав од рефлектирање, како што наложува периодов. Копав, се преиспитував, одклопував работи како замрсено клопче вуница, се препрочитував, извлеков еден куп прашања и одговори. Нешто нонстоп ми се провлекуваше. Зошто толку време трошам зјапајќи во екранот на мобилниот? Бидејќи сум роб. Зависник. Здраво, јас Мисчивс и сум зависник од скролување. Секој момент кога ќе ми е досадно (а тоа често се случува, поготово на работа) зимам мобилниот и пуштам нешто да скролам, форум, инста, тикток, тредс, тамблр, било шо. Или ко ќе се нафатам да напраам нешто конкретно и просто, на пример да фотнам нешто, место само да фотнам и да го угасам мобилниот, обавезно ѕирнувам нешо. Доза брз допамин. Уште побитно прашање, нешто што долго време ме јадеше, па редно време беше да се соочам, а тоа е: зошто пишувам на форумот? На 18ти месецов иам пишано: Зошто побогу сум го пишала тоа? Од која корист? Нешто толку небитно, тривијално, мисла што се формирала и згаснала во истата секунда. Битно сум ја пренела тука на форумов. Заклучив дека е микс на потреба од валидација (најлогично), желба за виртуелна социјализација и просто навика (во март праам 10 години *mind blown gif*). Скурца ми е. На форумов му дадов премногу мое време, енергија, знаење, фокус, креативност... Големо парче од себе со оглед на тоа дека сум активен член цела декада. Во овој момент се осеќам дека не ме заслужува. Можеби арогантно од моја страна, ама па шо ме заболе, мое право е да се осеќам така како шо се осеќам. Не знам како е да спиеш со проститутка, ама се осеќам така како што мислам дека е тоа чувство. Не сум морала, но сум паѓала пак и пак и пак на искушенијата за моментална ефтина забава, краткотрајна човечка конекција и потреба за испразнување. Моментално се осеќам искористено. За џабе дадов толку. Сум пишувала искрено, со вистинска желба за конекција, разбирање, советување и учење. Сум пишувала и само за да бидам слушната и сфатена (од тука валидација). Никогаш неам лажено или манипулирано, прво зошто тоа се коси со сите мои принципи, второ зошто анонимноста дава целосна слобода да споделувам мисли и искуства без директно да се рефлектира на мене, пошо никој не ме познава. Кој прочитал што сум пишувала, прочитал. Кој сфатил што сум пишувала, сфатил. Дојдов до заклучок дека претерано многу членови немаат капацитет да сфатат многу од работите, воглавно тоа ми било океј пошо тоа не било мој проблем, но не и во моменти кога ми биле испревртувани и изгазени зборовите и поентите, пошо ко шо кажав - немаат сите капацитет. Зошто да пишувам кога многу грешно ќе сфатат, а многу само ќе прелетат попреку напишаното скролувајќи брзо со прстињата. Скурца ми е да пишувам. Изморена сум од споделување. Нејќам ни да споделувам прости ствари као што сум јадела, едноставно скурца ми е од сè виртуелно и небитно. Скурца ми е од мобилниов. Изморена сум од скролување. Изморена сум од пишување, читање, слушање, гледање, примање информации 24/7, без разлика колку и да сум ги селектирала изворите, и без разлика колку и да се корисни. Мозокот ми е попара. Ми треба рехабилитација. Не сакам да сум му слуга на мобилниот и интернетот, не сакам да дозволувам да ме искористуваат, да ми го одземаат времето и здравјето. Се осеќам подобро поради рефлектирањето, заклучоците и одлуките. Ми падна товар. Ко да ми се тргна магла од патот. Знам што треба да направам. Пошо сум страшно изморена. Одам cold turkey.