Рефлектирање

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од MissChievous, 15 декември 2024.

  1. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.076
    Мојата дефиниција би била дека рефлектирањето е процес на анализирање на случки, мисли, емоции, одлуки, планови, поставени цели, прогрес и општо кажано искуство и однесување, со цел да подобро и подлабоко ги разбереш нештата, да извлечеш поука, да научиш нешто важно или да дојдеш до некакво решение.
    На тој начин успеваш поинтимно да се поврзуваш со себе си и да се самозапознаваш, постојано да си во контакт со мислите и чувствата кои ги имаш, да разработуваш што ти се случувало или случува, да планираш што сакаш понатаму, подетално да ги смислиш плановите и да пратиш како ќе се одвиваат работите, да разглабуваш одредени проблеми или пак едноставно да согледуваш позитивни и негативни работи за себе, за другите, за светот.

    Можеш да рефлектираш со помош на терапевт или некој кој добро те познава и му веруваш. Можеш да рефлектираш пишувајќи во дневник. Можеш да рефлектираш додека седиш на тераса и го гледаш зајдисонцето. Можеш да рефлектираш додека се тушираш. ¯\_(ツ)_/¯ Кога сакаш и каде сакаш.

    Дали имате навика да рефлектирате?
    Дали имате одреден начин или методот?
    За што најчесто рефлектирате?

    Крајот на годината е совршен период за малку подетално рефлектирање. Па еве неколку предлози со кои можете да го почнете рефлектирањето:

    - Која е најзначајната лекција што ја научив во текот на 2024?
    - Што сакам да оставам во 2024 пред да ја започнам 2025?
    - Кои мали нешта ме правеа среќна, ме мотивираа, ме бодреа?
    - Кои предизвици ме направија посилна?
    - Во што најмногу успеав да напредувам во личниот развој?
    - На што можам да се фокусирам во новата година за да го подобрам?
    - На што сум најмногу горда?
     
    На simoncelicius и WhiteCat33 им се допаѓа ова.
  2. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.076
    Во последните 3 години имам пракса да покрај секојдневното рефлектирање, да рефлектирам и на неделно, месечно и годишно ниво, што секако е испланирано, не спонтано. Оваа практика ја научив кога започнав да пишувам во дневник и некако ми остана во навика.

    Во принцип, на крајот од годината кога го правам рефлектирањето на годишно ниво, доаѓам до еден куп заклучоци, од тоа како ми поминала годината, што се' ми се има случено и како ми има влијаено, како се имам променето, што имам научено, што сакам да продолжам да правам, што дефинитивно не сакам да продолжам да правам, која нова желба ја имам добиено, итн, итн.
    Па така, на крајот од рефлектирањето доаѓам до еден вид на новогодишни резолуции (иако не ми е тоа инспирацијата, но во концепт тоа е) каде се решавам ШТО МИ Е ЕСЕНЦИЈАЛНО. Си поставувам една главна цел која ми е must do, цел која навистина ми е потребно да се фокусирам на неа и да ја остварам. Големата цел. Цел која постојано се провлекува низ се' што правам во текот на годината, не ја баталувам зошто ми е екстремно важна. Тешко е да се даде пример пошо сите сме различни, но еве за мене тоа биле вработување на одредено место, свадба, штедење за одредено нешто, и слично.
    Потоа си давам уште една до две помали цели, ко на пример да прочитам 50 книги годината.
    Така, кога рефлектирам во недела за неделното рефлектирање, читам што сум пишувала секој ден во неделата, анализирам и рефлектирам како поминала, што може да продолжам во следната, на што да се фокусирам, итн. Па така, кога рефлектирам во последниот ден од месецот за месечното рефлектирање, го правам истото само што поминувам низ сите денови (не толку детално), анализирам и се решавам за што понатаму. Во пракса ми беше порано со разни бои да обележувам разни нешта при пишувањето во дневникот, за да можам лесно да го најдам тоа што го барам при рефлектирање. Пример, кога исхраната ми била ставена во цел, со зелено ми беа подвлечени и заокружени тие делови. Со црвено работите кои ми создале болка и немир. Годинава не користев бои, но мислам дека ќе почнам пак затоа што е многу корисно.

    Не секогаш рефлектирам со дневник, иако така ми е најубаво, најдлабоко успеавам да допрам, најефективно успеавам да разработам. Често намерно и испланирано рефлектирам кога пешачам, бидејќи тогаш умот ми е некако бистар и прошетката не е захтевна активност, па искористувам прилика. Освен тоа, избегавам рефлектирање во друго време, сакам да бидам посветена и на тоа што го правам во моментот, а и на рефлектирањето кога ќе дојде време за тоа. Понекогаш имам потреба да рефлектирам во време кога не ми е погодно, па си запишувам во мобилен за што понатаму да рефлектирам.

    Не знам за вас, но за мене рефлектирањето ми е еднакво потребно како спиење, јадење, пиење, дишење. Повеќе не можам да се замислам да живеам без да рефлектирам. Секако не го правам баш секој ден, 24/7/365. Понекогаш немам време, понекогаш едноставно немам потреба. Но во глобала, морам. Не би можела да функционирам без да знам што осеќам, зошто така се осеќам, што размислувам, што сакам. Или без да имам практика на разработување на случувањата што ми се десиле или луѓето во кои сум дошла во контакт. Мислам дека е многу мачно да имаш секојдневие без рефлектирање.

    Па периодов се спремам за годишното рефлектирање и добро добро размислување на работите.
     
    Последна измена: 15 декември 2024
    На simoncelicius, WhiteCat33 и Deus ex mahina им се допаѓа ова.
  3. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.729
    Допаѓања:
    15.391
    Пол:
    Женски
    Лично не си го дефинирам како рефлектирање, повеќе како моментално согледување и извлекување поенти додека се случува. Порано имав посебно време за размислување и тоа можеби малку повеќе ме однесе удолу, во анксиозноста. Сега само сумирам што ќе имам од некоја релациска врска со луѓе иако не „тонам“ дури го правам тоа, сфаќам и толерирам да секому му се случуваат најразлични нешта, но највеќе тежнеам кон тоа како јас си влијаам на себеси баш во моментот на случувањето (само јас можам да влијаам кај себе).

    Зашто можам до бескрај (па ако почнам како што знам има нова димензија на бескрајот да се отвори!) пример да анализирам други, да фаќам белешки, х работи. Не дека не се корисни, но кај мене не функционираат баш конкретно за вакви согледувања. За мене секој човек е една емоција, која често или ретко ја имам(е); првата интуиција ретко лаже за некого. Се процесира во моментот на случувањата, сето останато бледнее и ако запишуваш можеш да добиеш втора, трета или четврта верзија од ликот која никако не може да биде онаа првата (веродостојната) како кога ти е пред тебе.

    Битното е да се препознаваат разни незгодни карактери (според своја перцепција) и истите да се прескокнуваат. Всушност, *повеќето е шунд и треба да се прескокне, а да се препознае само реткото и тие се тие луѓе од кои ќе имаш некаков раст. Растот е можен само со приземјени луѓе, кои немаат никакво его. Виделе, искусиле, споделиле и пак се истите. Дури и кога ќе те видат после деценија. Е сега дека ретко е растот со луѓе, човек треба сам со себе да си кликне и, што велам да си стави еден филтер. Избираме со кого ќе размениме два реда муабет, избираме што да прочитаме, избираме што да направиме.

    Социјално секој ќе си се вклопи некаде - тоа е најмалку битно. Најбитна е свесноста за зачувување, унапредување на свој личен мир (притоа да не зависи од луѓе, да си разграничи дека може и сам со себе да поминува уште поквалитетно време и да си помести некои сопствени црвени линии). Другите луѓе се потребни само за рушење лични бариери преку кои се запознаваме во моментот на настаните, никако за лична корист преку манипулативни форми (баш она погоре што го зборев за шундот*). Да се прескокне шундот, но не и да се замиже тогаш кога треба праведно да се реагира(!). А мнозинството за жал, секогаш замижува. Затоа сакам ретки, ултра ретки исклучоци.

    Цел филозофски не ми е рамен, молам да ме земат кај нив во редакција. Пропратно и желбата новогодишна да си ја кажам.. сандачето е веќе отворено.
     
    На MissChievous му/ѝ се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.076
    Деновиве се скинав од рефлектирање, како што наложува периодов. Копав, се преиспитував, одклопував работи како замрсено клопче вуница, се препрочитував, извлеков еден куп прашања и одговори.

    Нешто нонстоп ми се провлекуваше.
    Зошто толку време трошам зјапајќи во екранот на мобилниот?

    Бидејќи сум роб. Зависник.
    Здраво, јас Мисчивс и сум зависник од скролување. :hai:
    Секој момент кога ќе ми е досадно (а тоа често се случува, поготово на работа) зимам мобилниот и пуштам нешто да скролам, форум, инста, тикток, тредс, тамблр, било шо. Или ко ќе се нафатам да напраам нешто конкретно и просто, на пример да фотнам нешто, место само да фотнам и да го угасам мобилниот, обавезно ѕирнувам нешо. Доза брз допамин. :rock:

    Уште побитно прашање, нешто што долго време ме јадеше, па редно време беше да се соочам, а тоа е: зошто пишувам на форумот?

    На 18ти месецов иам пишано:
    Зошто побогу сум го пишала тоа? Од која корист? Нешто толку небитно, тривијално, мисла што се формирала и згаснала во истата секунда. Битно сум ја пренела тука на форумов. (facepalm)
    Заклучив дека е микс на потреба од валидација (најлогично), желба за виртуелна социјализација и просто навика (во март праам 10 години *mind blown gif*).

    Скурца ми е.
    На форумов му дадов премногу мое време, енергија, знаење, фокус, креативност... Големо парче од себе со оглед на тоа дека сум активен член цела декада.
    Во овој момент се осеќам дека не ме заслужува. Можеби арогантно од моја страна, ама па шо ме заболе, мое право е да се осеќам така како шо се осеќам.
    Не знам како е да спиеш со проститутка, ама се осеќам така како што мислам дека е тоа чувство. Не сум морала, но сум паѓала пак и пак и пак на искушенијата за моментална ефтина забава, краткотрајна човечка конекција и потреба за испразнување.

    Моментално се осеќам искористено.
    За џабе дадов толку. Сум пишувала искрено, со вистинска желба за конекција, разбирање, советување и учење. Сум пишувала и само за да бидам слушната и сфатена (од тука валидација). Никогаш неам лажено или манипулирано, прво зошто тоа се коси со сите мои принципи, второ зошто анонимноста дава целосна слобода да споделувам мисли и искуства без директно да се рефлектира на мене, пошо никој не ме познава.

    Кој прочитал што сум пишувала, прочитал. Кој сфатил што сум пишувала, сфатил.
    Дојдов до заклучок дека претерано многу членови немаат капацитет да сфатат многу од работите, воглавно тоа ми било океј пошо тоа не било мој проблем, но не и во моменти кога ми биле испревртувани и изгазени зборовите и поентите, пошо ко шо кажав - немаат сите капацитет. Зошто да пишувам кога многу грешно ќе сфатат, а многу само ќе прелетат попреку напишаното скролувајќи брзо со прстињата.

    Скурца ми е да пишувам. Изморена сум од споделување. Нејќам ни да споделувам прости ствари као што сум јадела, едноставно скурца ми е од сè виртуелно и небитно.
    Скурца ми е од мобилниов. Изморена сум од скролување. Изморена сум од пишување, читање, слушање, гледање, примање информации 24/7, без разлика колку и да сум ги селектирала изворите, и без разлика колку и да се корисни.
    Мозокот ми е попара.
    Ми треба рехабилитација.

    Не сакам да сум му слуга на мобилниот и интернетот, не сакам да дозволувам да ме искористуваат, да ми го одземаат времето и здравјето.

    Се осеќам подобро поради рефлектирањето, заклучоците и одлуките.
    Ми падна товар.
    Ко да ми се тргна магла од патот.
    Знам што треба да направам.
    Пошо сум страшно изморена.
    Одам cold turkey.

    source.gif
     
    На GirlRose, theowndemon и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  5. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    25.076
    Првата половина од годината отиде во минатото, па време е за мала самопроверка.

    Која е најзначајната лекција што ја научив во текот на првата половина од 2025?

    Го научив тоа што веќе ми стана мантра: НИШТО НЕ ОЧЕКУВАЈ, САМО НАДЕВАЈ СЕ.
    Туѓите трагедии, сите ужасни случувања што им се десија на луѓето во околината и општо низ светот, сите туѓи убави моменти, успеси и достигнувања, моите сопствени потешкотии што ги имав, пребродрувањата низ кои поминав, лекциите што ги добив, сите позитивни и негативни доживувања во првава половина од годинава само посилно ме уверија дека прашање на ✨️ моментална среќа ✨️ е како ќе ти помине денот. Во моментот кога среќата ќе ти се потроши - толку од планот. Опрости се од замислата. Може да биде дури и game over засекогаш, тогаш и таму да заврши сè. Луѓе со планови, идеи, копнежи и надеж за сопствената иднина умираат, а светот продолжува да се врти. Млади луѓе. Деца. Но на универзумот не му е гајле. Едноставно среќата им се потрошила и тоа е тоа.
    Имај идеи, склопувај планови, размислувај што сакаш, НО не очекувај дека нешто дефинитивно ќе се случи или дека ќе се одвива баш така како што ти сакаш. Ако испадне ко шо си сакал, топ. Ама не очекувај. Пошо животот е непредвидлив, не знаеш што носи, скоро и да немаш контрола врз нишо. Труди се најмногу што можеш и биди барем малку делулу дека можеби ќе биде. Биди делулу доволно за да веруваш у себе, да се мотивираш, да имаш цел. Ама длабоко во себе, надевај се. Ако претеруваш во очекувањата и леташ премногу високо, универзумот располага со бесконечно начини да те спушти долу и да ти покаже дека грешно си размислувал, односно кога си требал да се надеваш, ти си очекувал. Си заборавил дека нема правила. Па остани делулу, но остани и приземен. Остани благодарен и уживај во среќата, додека ја имаш.

    Што сакам да оставам во првата половина од 2025 зад мене пред да ја започнам втората?

    Боледувањата. Заеби веќе температури и трески и болки и воспаленија и боцкања и инхалации и антибиотици и пробиотици и блокмаксови и седативи. За-е-би. Се надевам на нормализирано здравје и имунитет и на не до толку многу нарушени гуд вајбс во втората половина.
    Исто така, заеби скролување. Уште ја водам таа битка, уште сум заложник на социјалните мрежи, уште повремено се хипнотизирам и заглавувам у дум скролинг.
    Истоштува и ментално и физички. Мада многу се подобрив у првава половина, ситуацијата не е идеална, но не е ни толку лоша ко шо беше. Малце тешко е да се функционира у 2025 ко да сме 1995.

    Кои мали нешта ме правеа среќна, ме мотивираа, ме бодреа?

    Нормално - фамилијата. Но за секојдневната цел: на почеток визијата што ја имав за себе и какво сакав да ми биде секојдневието, потоа она позитивно и енергично чувство што го добивав секој пат откако ќе го направев тоа што треба и не паѓав под искушение на некаков изговор, и најпосле првите видливи резултати од вложениот труд. Стварно е прејако чувството кога ги гледаш и осеќаш резултатите, се осеќаш подобро, изгледаш подобро, повеќе си се допаѓаш, ментално си посилен, поиздржлив, сфаќаш дека дисциплината е битна, сам свој сведок си дека можеш многу да направиш за себе. Ме мотивираа сите мали нешта низ месеците што позитивно ми влијаеа врз телото и психата, и самиот ефект што придржувањето до планот го има, убаво е чувството да имаш контрола врз нешто.

    Кои предизвици ме направија посилна?

    Воглавно боледувањата. И нормално - класичната недисциплина, особено на почетокот, баш водев борба со себе да се придржувам до планот. Она опаѓање на мотивацијата на моменти што ме тераа на кратко да губам визијата. И моменталната мрза што мислам човечки е да ја имаш, поготово кога си изморен или презафатен, и жонглираш мал милион работи. Но и покрај сите пречки, болки и демотивација, и покрај досадниот глас што често ми викаше "ај денес батали", успевав секој пат да го игнорирам и му се спротиставував со "денес нема". Испадна дека главната цел во првава половина ми беше да им се спротиставувам упорно на предизвиците за да не изгубам фокус од тоа што ми беше битно - стекнување дисциплина и навика. Сеа можам самоуверено да кажам за себе дека сум дисциплинирана и дека тоа што посакував да бидам, сега сум, дел од мојот идентитет е, не само интересна замисла во мојата глава. Ми се допаѓа оваа верзија од мене.

    Во што најмногу успеав да напредувам во личниот развој?

    Тоа што сфатив дека секоја лекција е битна, не е за џабе. Ништо не зеам здраво за готово. Сè има значење, поента. И кога делува бледо и празно и површинско, не е за џабе, има лекција. Зависи колку си свесен. Научив да бидам ултра свесна. Понекогаш можеби и претерано, па понекад треба да се потсеќам да олабавам. Па и тоа е дел од свесноста, да си свесен дека претеруваш. Свесна сум за непредвидливоста на животов. За кревкоста на нас луѓенцата. За менливоста. И минливоста. За храброста. И борбеноста. И издржливоста. Можеш многу да направиш. Ете тоа го сфатив. Не баш апсолутно сè, ама многу повеќе одколку што мислиш поголемиот дел од времето. Само треба да се трудиш. И да си конзистентен. И доволно делулу.

    Исто така, сфатив не вреди луѓето да ги сфаќаш претерано сериозно пошо секој од нас си живее у свој индивидуален балон гледајќи кон светот од своја перспектива оформена од свои доживувања, искуства, трауми, лекции, особини, копнежи, комплекси, итн, итн, па така своето мислење е само свое и на крајот од денот, само тоа е битно пошо само тоа праи разлика у сопствениот балон. Па така нема многу логика да ги сфаќаш луѓето претерано сериозно. Понекад си се чудам сама на себе колку несериозно и нелично ги гледам луѓето, пошо ги прифаќам такви какви што се, ама се вртам околу нив и нивните карактери како мене ми одговара. Не ги мењам, ги остаам да бидат. Пошо секој е на некаков свој пат кон напредување/еволуирање, така? Нема шо ја да им се мешам. Почитувам, ама најмногу себе. Пошо и ја сум на свој пат кон напредување/еволуирање и иам свој живот за живеење.

    Правам тоа што сакам, не праам тоа што не сакам. Не форсирам, само ги прифаќам работите како што се одвиваат. Иам цели, желби и замисли за иднината, ама живеам од ден за ден. Праам сега тоа што сега треба да праам. И се надевам на добро.

    На што сум најмногу горда од првата половина од 2025?

    Мојот однос со тие неколку маани што ги имам: мрзата, копнежот по перфекционизам, склоноста кон одовлекување. Нешто што сфатив е дека не треба да си перфектен, само конзистентен. Перфекционизмот е болест и не е флекс да се пати од него. Не е битно ако прескокаш ден, или ти треба повеќе време за нешо, ти треба пауза одреден период за одмор или размислување, битно е да не престанеш целосно да го правиш тоа што сметаш дека мора да го правиш. Битно е да вложуваш, конзистентно, онолку колку што можеш. Онаа познатата изрека: "денот кога ќе го посадиш семето, не е денот кога ќе го собереш плодот"е вистината. Секој труд е битен, не е залуден. Ова најмногу го научив преку трансформирањето на телото, преку конзистентната физичка активност и балансираната исхрана во овие пар месеци. Ебено обожавам шо сум дисциплинирана, што конечно немам потреба да се форсирам, што сум посветена на себе си, што константно учам за тело, нутриција, вежби, здравје и психа. Никад се неам осеќано волку добро у животот, и физички и ментално. За сè биле у право! Балансираната исхрана, редовната физичка активност, имањето доволно сон и доволно вода, и разните техники за смирување, сето тоа е клучно за добро да се осеќаш, те праат да се осеќаш као супер херој!
    Горда сум, среќна сум, благодарна сум.

    На што можам да се фокусирам во втората половина од годината?

    На истите работи, во принцип. Да останам дисциплинирана и конзистентна во исхраната, вежбањето и учењето нови нешта. Да живеам повеќе без социјални мрежи. Да поминувам повеќе време со моите, додека сè уште ја имаам таа привилегија. Да бидам повеќе присутна во моментот.
    Не ме интересираат некакви си скалила и хиерархии на работа. Не ме интересираат статуси и називи и позиции. Не ме интересираат облеки и накити и парфеми и фризури. Не ме интересираат искачанки и кафулиња и ресторани. Не ме интересира да бидам нечија забава, ниту пак публика. Убаво ми е да бидам во сенка и никој да не ме ни гледа ни замара. Бајаги сум успешна у дистанцирање на себе си од овие ствари, ама можам уште повеќе. Не губам фокус. Ќе продолжам да ги ценам истите работи и да ги имам истите вредности.


    Се држев на страна од форумов пошо као и секоја друга социјална мрежа, повеќе ми одземаше отколку што ми даваше. Ми се јави желба да се вратам, да ѕирнам што се дешава, да видам шо има. Во принцип се праат истите идентични муабети од пред пола година, се имаат истите често погрешни размислувања околу исхраната, се вртат истите муабети за анксиозноста, се кукаат истите плачки произлезени од повредени ега, се имаат истите запрепастувања за какви се тоа луѓето злобни самоцентрични невоспитани, едноставно тоа се тие истите гад дем неразрешени срања. Не ми фали тоа, но ми дава одлична перспектива како иам изгурано од тогаш до сеа без да заглавувам предолго на било шо, пошо не вреди да посветуваш толку време на гадните работи у животот, просто боље е да се фокусираш на убавите нешта и да си ги броиш причините за да се осеќаш благодарен на универзумот што те поштедил од тешки несреќи.
    Али исто сфатив дека работите што според мене се добри и потребни, ги иам зачувано, и не само тоа, се иам надоградено во позитивна смисла, што ме прави особено среќна, а и без намера да бидам препотентна, горда на себе. Пошо шо и да кажат хејтерите и кукаторите, да, баш толку едноставно е: колку време си посветуваш на себе, колку работиш на сè што ти се дешава и негативно и позитивно у сопствениот живот, колку здрави навики имаш и одржаваш - толку подобар животот ќе ти е. На што придаваш внимание и значење, такво ќе ти е секојдневието.


    Пола година не е многу. Но доволно за нови искуства кои учат нови лекции.

    Како и да е, животов е убав.
    У последно време вака ми е ко Илана и СЕ НАДЕВАМ ќе трае:
    happy-skip.gif

    Животот е добар. Благодарна сум на сè. Имам сè што ми треба.