Dominos Pizza - Скопје. Препорака за тие што сакаат да качат некое килце Portofino - Скопје Едни од поубавите пици, али не доставуваат до сите населби.
Само Ајрон ми напиша детална рецензија, сосе оцени и критики, другите ќе ве тепам зошто сте кратки. Иначе Ајрон, буквално со се` се согласувам, ама овој дел за кој те цитирав ме умре од смеење. Да си жив и здрав брат уште илјада години. Патем, ептен се согласувам за Џакомо. Што видовте убаво во нивните пици бе другари? Пред една година кога им нарачав ми донесоа пица капричиоза со ТОН варена шунка. Буквално ко да им била за фрлање па сега удри! Исто и пицата со кашкавал и кулен подобро да не напишам на што им мириса и колку е лош колбасот што го ставаат. За мене поим за добри пици и пастрмајлии се Морино. Во следна прилика ќе напишам зошто.
Бидејки често порачувам, посебно на работа ќе споделам неколку рецензии Бравос-Најчесто јадеме од тука, и целото мени им е превкусно, единствена работа што не ми се допаѓа е пилешкото во бел сос стаават ориз и помфрит пола пола, треба да им нагласиш што сакаш. Доставата им е океј со оглед на тоа дека натачуваме по 5-6 порции најмалку нема стигнато за повеке од 1h. 9/10 Пицерија Little Farina- не е нешто многу позато место, ама пастата што ја имаат е врв, превкусна храна, брзи со достава. Може да го прошират малку менито 9/10 Breaking bread-Порано често порачував од тука бидејки немало утка со бургерите, но последните неколку пати (пред 2-3 месеци), бургерите што стигнаа немаа допирна точна со тоа што беа на почетокот. Достава ништо посебно, просечна 50 мин. 7/10 (на стара слава) Морино-Одлични им се пиците, заразлика од други пицерии што имам порачувано од тука па може и да им се најубаво, тестото им е превкусно. Мала замерка за времето на достава, 2 пати порачував, за една фамилијарна чекав скоро 1h. 7/10 Поко(доручек.мк)- Се јавивме во петок попладне кажаа дека имале само пица мајстор на работа и освен пици немале друго да се нарача, ние сакавме салати и кажаа океј, да прашам да видам дали ќе може да се направи, по 10 мин се јави можело, супер порачавме, кажа за 30-40 мин, стигнаа за 1h и 30мин, 3 салати. Може биле во гужва се дешава. Втор пат нарачавме поголема нарачка околку 7-8 порции, чекавме нешто повеќе од 1h, кога се јавивме да прашаме до кај енарачката рекоа не била пуштена, се извинија за грешка и почнале да ја прават, стигна за некој 40-50мин, една порција фалеше. 4/10 Моја куќа- Имам некое мислење за нив дека кујната ич не ми е чиста, еднаш јадев од таму и храната мирисаше како на отстојано, залоено. Лошо. 2/10
1. Тетекс-хамбургрите мене ми се превкусно од 100 пати јадено само еднаш ми се има погодено помфритот да не е океј. Инаку веќе немаат деливери, си нарачуваш на моб ама треба да одиш да си го земеш сам јадењето. 2. Гет - пиците ми се онака, палаичниките супер, бургер, сендвичи просечно, пилешки прсти, помфрит супер. Достава на време, ок просечно спакувано 3. Ројал- веќе не, зошто многу често стига бајати, стоено се гледа и месото не можеш да го изџвакаш 4. Костарика-брза достава, океј храна, коректни
Рецензија за Морино. Со оваа пицерија имам многу позитивни искуства. Од истата нарачувам речиси две години во континуитет и може слободно да кажам дека до сега никогаш не ме разочарале во однос на квалитетот и вкусот на услугата. Текстурата на тестото од надвор на пиците и пастрмајлиите е толку прекрасно крцкава, додека од внатре мека како памук. Состојките кои што ги ставаат одозгора секогаш се вкусни и свежи и никогаш до сега не се случило да штедат на истите. Воедно, не се случило месен или млечен производ од палетата да им замириса непријатно што лично сум го забележала кај пиците на Џакомо и Доминос на пример, (кои според мене се пандан за неквалитетна брза храна, но за тоа во некоја друга прилика). Да не заборавам да напоменам дека голем бонус кај Морино е што секој пат кога имам нарачувано свинска пастрмајлија со кашкавал, (која ми е омилена од кај нив), месото било навистина свежо и вкусно, додека пак кашкавалот фино распореден и растопен низ средината. Сепак, не е се` rainbows and sunshines, постои една мала замерка. А таа се состои во нивното користење на премногу basic состојки. Слабо експериментираат со вкусовите на пиците, и тоа е голема штета бидејќи имаат супер рецепт за тесто, кое би било и повеќе од одлично да е за две нијанси посоленко. Оцена на квалитет/вкус 8.5/10 Оцена на испорака 10 (скогаш навремени и жешки)! Во прилог ќе се обидам да оставам фотографија од телефон од последната нарачка - пица капричиоза со сланина. Spoiler: Пица
Задњо нарачував преку кликнијади и тоа со приоритет, стигна за 28 мин, со оглед на тоа и дека заака накај Арачиново типот а не само адреса, туку и мапа им оставив на нарачката. Ај нема везе оброкот сеуште беше топол. Костарика ме разочара зашто се утепав од вртење, нит кренаа нит се прејавија, а толку вртат реклами како тие се брзи и со бесплатна достава. Сам себе го убил работава.
Чекај, кочи Лилика. Сакаш да кажеш дека постои опција да нарачаш со 'приоритет'? Зошто чудаците од кликни јади ги чекам по еден до еден ипол час за една нарачка. Иако, нарачките секогаш ми се телефонски. А, околу Костарика, нив ги чекав рамно 2 часа и 15 минути за макарони и парче торта. Океј беше јадењето, ама мислам дека заради чекањето ми се одмили нарачката. Позитивно е што оброкот беше сеуште млак. Ќе напишам рецензија за Костарика ако не заборавам, со слика од мобилен во прилог.
има опција, да. се доплаќа ПЛУС 170 или 180 ден. Фактички јас платив 300 и нешто денари за да ми стигне за пола саат. Што не, не е ок. Друг пат не би, ама сплет на околности морав тогаш.
Ау човече. Не, немој никад више дефинитивно. Колку се безобразни, +180 денари бе. У Велес да не им се наоѓа центарот.
тоа е зашто прво кај тебе идат. се друго ќе сачека. дефинитивно кликни јади се за на раб поволни. се собирате колеги нарачувате саат вр порано и то је то. и само тогаш.
Знам дека не ги бива, јасно ми е. Ама мислам дека нема друг пофунцкионален сервис кој соработува со FH Burger на пример, или пак со Центар Бар кои немаат свои дечки за достава. Тоа е проблемот.
За ФХ е најзаебано. Ние коа нарачуваме идат двајца колеги по нарачката јер нема ни каде да се паркираш да подигнеш нарачка, па еден седи у кола..
Usta Donerci - телешкиот донер им е превкусен, умерено сос, не е празен, доволно месо убаво печено, не претеруваат со зеленчук внатре, а чипсот во средина е јаготката на шлагот. Многу добро и го пакуваат. Друго немам пробано од кај нив, скоро и донеров го пробав. Оценка 10/10 Испорака е со Кликни јади, нив ги имам научено дека често доцнат па секогаш тоа во предвид го земам, ама прогледувам низ прсти дека со велосипед доставуваат. Ако земаш директно од таму се брзи за 5-10 минути максимум се готови. Акронија се извинувам што немам слика
Fat Kitchen Bistro, денеска јадев чизбургер таму, катастрофа. Чизбургер и помфрит 320 ден, внатре се беше старо и лепчето бајаги изгорено одоздола. За тие при треба многу многу подобро
Нека пише некој некоја рецензија, чисто да се разигра темата и парите да ги дАваме само за квалитетни работи
Дали ова важи само на ниво на Ск и блиската околина , или општо за било кој град ? Јасно ми е дека станува збор за храна со испорака , но не ми е јасно дали само за Скопје ?
Денеска прв пат нарачав од Корпа. Избрав ресторан со бесплатна достава над 500 ден., гледам имаат речиси секоја недела промотивно бесплатна достава од определени ресторани. Инаку доставата во просек им е околу 110 ден(мислам зависи од далечината) шо не е малку искрено, особено ако нарачуваш за двајца пример. Инаку доставата беше релативно брза, а и времето на припрема беше ок. На апликацијава, цените им се за мин. 10 денари поскапи отколку во самите ресторани шо ај се трпи некако. Апликацијава вака океј функционира, еднино сметам дека треба да има достава и после 23, но тоа од нив и не зависи, туку од работата на рестораните. Освен пекара и пласет, после 23 тешко нешто да најдиш за јадење.