1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецензии на производи на babylove од dm

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од tincemajmunce, 28 јули 2015.

  1. tincemajmunce

    tincemajmunce Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    2.318
    Допаѓања:
    28.177
    Пол:
    Женски
    Најпрво да се заблагодарам на DM и на фемина за подароците.До сега немам освоено лажиче на кафе не пак нешто друго.Малку бев колеблива и мислев дека ништо нема да биде ама најсериозно пријатно се изненадив кога ми стигнаа подароците. IMG_20150722_131054.jpg


    Јас среќна ама верувајте ми син ми е уште посреќен од мене,уживаме во капењето,еден од поубавите производи што ги имам пробано,а за кожата од син ми што се немавме пробано бидејќи маки мачевме со сува и атропична кожа.
    Кожата после капење му е неверојатно мека.
    Од срце ви благодатиме син ми и јас.
    Добивте уште еден верен потрошувач.
    Во мојот град нема DM маркетама че се трудам понатака да набавувам од вашите производи,ако се сите вака добри ќе банкротирам.хехехе.
    Мала шала,само продолжете така,бидејќи ако не беа овие награди немаше да знам за производот,а сега верувајте како знам и умеам ќе барам начин да го набавам бидејќи прави чуда од проблематичната кожа на син ми.

    Поздрав и уште еднаш Ви благодариме.
     
    На cresa-jagoda, izi_1986, Eli23 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. artemidis

    artemidis Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    2.014
    Пол:
    Женски
    DSCN6151.JPG Благодарам за подароците и се извинувм што ми требаше време за да пишам. Искрено, ми ги погодивте подароците како да сте ми ѕирнале во несесер :).

    Babylove памучни туфери имам користено и претходно, задоволна сум од нив.

    Babylove гелот за миење лице и тело го користам по незнам колку пати на ден и целиот стан ми мириса на него :lol:. Има прекрасен освежувачки мирис и ствара доста пена. Го користам секојдневно и за миење раце (и нозе) и за туширање. Мене најмногу ми се допаѓа што доста пени, а лесно и брзо се измива.

    а за babylove пудрата за бебиња верувајте дека не можам да најдам доволно зборови да ја пофалам. Искрено, до сега немам воопшто користено пудра за син ми, ама после искуството babylove пудрата продолжувам да ја користам и ја препорачувам каде што ќе стигнам. Само што ги подигнав подароците, при менување на пелената приметив црвенило кај препоните. Бидејќи веќе еднаш имав искуство со пеленски осип, сакав навреме да спречам пред да се прошири. Го прочитав составот на пудрата и се изненадив од состојките од кои е направена. Наместо маст која претходно ја користев, на бебуш му ставив од пудрата, за да до наредно менвање на пелената црвенилото беше повлечено и кожата му беше мека и нежна.
    Дефинитивно за мене е откритие на годината и со цело срце ја препорачувам :inlove:
     
    На cresa-jagoda, izi_1986, Eli23 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Благодраност до Дм за бебешките производи, но и покрај тоа што сум редовен потрошувач на бебешките производи, за среќа добив подароци кои претходно ги немав пробано :)
    Се работи за памучни туфери, лосион за тело, и шишенце од 250мл.

    Иако помина месец дена, сметам дека сега е време за рецензија после добар период на нивно користење.
    За жал туферите ги потрошивме а не ни текна да ги сликаме, па затоа ќе поставам веќе постоечка слика, иако девојките погоре ги имаат на слика :)

    [​IMG] [​IMG]

    Знчи се работи за памучни туфери за секаква намена, на нив има принт со мечиња како сликава десно. Јас конкретно ги користев за бришење газе и можам да ги препорачам на сите мајки кои имаат проблем со зацрвенување на газињата и кои се осетливи на влажни марамчиња :) Едноставно само малку се потопуваат под вода, се исцедува и може да се пребрише газето.

    unnamed.jpg

    Лосиончето за тело е наменето за нежна и чувствителна бебешка кожичка која може да е склона кон алергии. Содржи бадемово масло и пантенол кои ја штитат кожата, и е без додатоци на никакви мириси. Нас ни се погоди баш почнавме да го користиме на одмор, по туширањето после плажа и многу убао ја хидрира кожата, и не ми ги умирисува алиштата на детето како што правеле останати средства што сум ги користела претходно. Си останува убавиот мирис на испраните алишта :mm: Ова лосионче можат да го користат и возрасни кои имаат проблеми со кожата ;)

    И шишенцето, кое ние го користиме претежно за вода, ретко за сокче, има силиконска анти-колик цуцла (има отворче низ кое излегува воздух како бебето не би голтало воздух додека пие), и на пластичниот отвор за цуцлата кој се навртува на шишенцето има додаток за врвка за да си го закачите на количка пример ;) Единствено што ние многу брзо ја изгризавме цуцлата, па ја заменивме со нова, овој пат со три дупчиња за поголеми бебиња-дечиња :) Принтот е своја приказна :inlove:
     
    На cresa-jagoda, izi_1986, Eli23 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. izi_1986

    izi_1986 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    24
    Пол:
    Женски
    Многу им сум благодарна на DM прво за подарокот, а второ и за тоа што ми го доставија до влезната врата. Понекогаш малку треба за човек да се почувствува специјално, а тие го постигнаа тоа кај мене. :$

    Е сега за производите... babylove масло за тело, babylove лажички, babylove мусли банана и јагода
    babylove-2.jpg

    Сакав да помине подолг период пред да ја напишам рецензијата за да го испробаме маслото како што треба. Веќе ни е при крај и морам да споделам дека го изнафалив кај што стигнав. :D

    Пренежно е на кожата, ШТО Е МНОГУ ВАЖНО НЕМА МИРИС и веднаш гледаш разлика. Одма се упива во кожата. Кожата на син ми е премека, гушкање нонстоп. :hug::hug:

    И го препорачав на моја пријателка бидејќи на ќерка и на горниот дел на главчето и се правеа корупки. Го порачаа од Велес, го мачкаа главчето пред капење и го оставаа така околу пола сат. После го чешлаа нежно. Не знаете колку беше среќна што го вратија скалпот во нормала. Навистина непријатно изгледаа тие лушпите. Така да, тоа е уште едно позитивно искуство.:lol:

    Дефинитивно ќе продолжам да го користам и за малиот и за мене (На раката ми се појави мала елипса што чешаше и кожата површински минимално се лупеше. Маслото ми беше при рака и ставив една вечер пред легнување. Уште следниот ден ми се смири чешањето и прекина лупењето. Уште 2-3 мачкања и скроз исчезна :whew:.)

    Накратко: Маслото е супер! (y)(y)

    Малку инфо од етикетата: Без мириси и парафинско масло. За бањање, чистење и негување. Без состојки од животинско потекло.

    Лажичките се многу практични, лесно ги држи оти веќе е голем за сам да јади. Самиот си ја избира со која боја лажичка ќе јадеме... Бебешка радост :l:. Лесно се мијат и си ја задржаа бојата и формата веќе еден месец откако ги користиме. Не ги ставам во машина за миење садови ама добро е да се знае дека на етикетата си пишува дека е дозволено да се мијат во машина.

    Муслите се превкусни (се разбира прво јас ги пробав). Ич не се така благи како други бебешки јадења. Малиот ми е малку пребирлив и на првите неколку залаци нормално се мрштеше, но после тоа сам лапаше со сласт. Криво ми е што нема DM маркет во Битола за да ги купуваме.
    babylove3.jpg
    Голем плус е што нема ГМО и се без додаток на шеќер и конзерванси (y).

    Мислам дека ги опфатив најважните работи при користењето. Искуството беше многу позитивно и сега чекам маркет во БТ. :o:^_^
     
    На cresa-jagoda, dm drogerie markt, Eli23 и 8 други им се допаѓа ова.
  5. slimy

    slimy Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.361
    Допаѓања:
    1.443
    Пол:
    Женски
    Најпрво се извинувам што каснам со рецензијата:worried:
    Едно големо благодарност до дм за подарокот,сите се многу убави и многу ми се допадна, јас добив како подарок овие производи:
    • babylove масло за тело
    • babylove подлога за повивање, 10 парчиња
    • babylove сапунче
    [​IMG]

    Оваа не е прв пат јас да користам производи од колекцијата на бејби лове од дм маркетот.Кога се роди син ми ми пратија од германија подарок цела колекција за капење со сите шампони и млеко за тело од оваа колекција и можам да кажам само убави зборови.Од тогаш станав зависна од овие производи и редовно ги купувам и овде кај нас.Једино што не сум ги пробал порано беа овие подлоги за повивање и навистина се прекрасни не само затоа туку ги користам ги ставам над душекот на креветот на син ми ако случајно попушта памперсот и многу се добри.
    Масло за тело сум користел и порано и прекрасно е и многу добар мирис има ама сега лето е и не го користам редовно повеќе во зима, и им го препорачам на сите мајки.
    Сапунот не го користиме многу зашто повеќе се бањаме со шампонот и убаво мириса особено го користам кога и го мијам газето и понатаму ќе го користам пак.
     
    На cresa-jagoda, dm drogerie markt, izi_1986 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.577
    Допаѓања:
    48.916
    Пол:
    Женски
    Еве ние што земавме од Бејби Лове, не сум ги употребувала сеуште така да нема да можам да дадам рецензија. Наскоро се надевам. :) Мило ми е што читам позитивни мислења, значи не сум погрешила во изборот.

    А баш би сакала да ги пробам и подлогите за повивање.

    12032522_10207512562316251_1206108803_n.jpg
     
    На dm drogerie markt, joy1 и Kitten им се допаѓа ова.
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Јас мојот подарок го подигнав од дирекцијата и мора да ги пофалам вработените, беа многу љубезни и услужливи, таква работна атмосфера одамна не сум видела, човек да посака да работи таму :)
    Еве што добив
    image.jpg
    Ќе почнам од тоа што најмногу ми се допадна, кремот за лице и тело. Ги пробав сите бебешки кремчиња и на крај се откажав од користење, или беа премногу тешки и ги затвараа порите или беа премногу мрсни. Кремот на Babylove баш е поразличен од другите, доволно мрсен а сепак лесен за измивање. Нема јак мирис, нема интензивна бела боја, потсеќа на вазелин само е многу помек и полесен. Од нас добива чиста петка.
    Следно што ми се допадна е маста за брадавици. Лесно се нанесува, не е воопшто тврда за разлика од ланолинот што го користев, а исто така не треба да се одмива пред цицање. Конкретно го користев за изгризани брадавици, за испукани верувам дека е уште поефикасен. Единствена замерка е тоа што тубата има широк отвор и истекува повеќе од потребното, ама па така си најде и друга примена, за суви лакти и кутикули на нокти :) - совршен.
    И последно е сапунчето, нема многу што да кажам, убаво, нежно за бебешкото газе. Малку бев скептична затоа што син ми има сува кожа и дерматит, ама за чудо ни се погоди. Не ја суши кожата, ниту моите раце.
    Единствена критика општо за сите производи е тоа што амбалажата не е во целост преведена. Штета, затоа што станува збор за убави , природни производи со био состојки, спаковани во рециклирана картонска амбалажа која и потоа може да се рециклира.
    И уште еден минус е тоа што не се достапни за сите и покрај тоа што имаат прифатливи цени, барем да има он лајн продавница.
    image.jpg
    Се на се, јас сум презадоволна од овие производи, видов погоре дека некој добил цуцли и шишенца Babylove, ние од почеток ги користиме и сум исто така презадоволна од нив, особено од шишето со меко клунче.
     
    На Divinebutterfly, cresa-jagoda, dm drogerie markt и 7 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.589
    Пол:
    Женски
    Благодарност до дм за подароците и за тоа што ми ги доставиа до врата.Еве ние што добивме
    image.jpg
    И плус цуцли лажовки кои за жал веке ги немаме а не ги сликав на време.

    1.Гелот за туширање е феноменален.Во економично паковање од 500 мл и со пумпица за полесно ракување.Првенство ми се допаѓа тоа што ништо не истекува непотребно.Има мн нежен мирис,негува и хидрира.Јас го користам и за бебето но и за големата дада :)

    2.Кремата е наменета за осетлива кожа во пеленската региа.Искрено се уште не ми е пробана бидејки не ни се случило појава на осип или црвенило.Но со оглед на тоа дека содржи камилица,невен и цинк верувам дека супер би си ја вршела работата.

    3.Цуцлите ги изгризавме и за жал моравме да ги фрлиме.Беа две во паковање и во плава боја од силиконски материјал.Единствена маана им беше тоа што немаа дршка како останатите цуцли :)

    Се на се задоволна сум од се што добивме.
     
    На cresa-jagoda, dm drogerie markt, Kaffe и 2 други им се допаѓа ова.
  9. IveBrajan

    IveBrajan Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2014
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    593
    Ние добивме три работи: цуцли, сапунче и крема.
    Од цуцлите сум презадоволна. Пред се затоа што се силиконски и не се умирисуваат а и не се растегнуваат, какви што ги земавме, уште си се такви. Редовно ги ставам во стерилизатор и мака немаат, како нови се. Пошто веднаш ни се допаднаа, си Screenshot_2015-09-15-22-22-18-2.jpg Screenshot_2015-09-15-22-22-18-2.jpg Screenshot_2015-09-15-22-21-26-1.jpg Screenshot_2015-09-15-22-22-18-2.jpg Screenshot_2015-09-15-22-21-26-1.jpg Screenshot_2015-09-15-22-23-43-1.jpg докупивме уште две (една за во торбица, една за во дневна, една во креветче, кај да се свртиш, цуцла да има хаха:)). Кремата е супер. Ми се допаѓа тоа што не е претерано мрсна него помеѓу мрсна и хидратантна, баш нас како што ни одговара. А мислам дека таква одговара на секакво газе, така да ја препорачувам и на суви и на не толку суви газиња:inlove:. Сапунчето е навистина убаво. Бебуш мириса многу нежно после бањање а кожата не му е сува. Убаво сапуни, што ми е мене важно, ме нервира кога не можам да насапунам при бањање :D
    П.С. не знам како испаднаа сликиве, од моб ги ставам така да хелпајте :$
     
    На cresa-jagoda, dm drogerie markt, Kaffe и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Kaffe

    Kaffe Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2015
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    20150917_225140.jpg Еве ги и нашите подароци кои многу ме изненадија, а уште повеќе израдуваа.
    1. Подлогите за повивање - одлични се , а и ми се паднаа баш како ќец на десетка :) кога бевме на одмор многу ми беа практичникога син ми си седеше гол и кога го пресоблекував барем знам дека на чисто си седи. Секогаш си носам една кај син ми во таша така да кај и да сме без проблем можам да до пресоблечам. Многу се хигиенски. Многу повеќе ќе ми вршеа работа да ги добиев на почетокот кога се роди син ми, кога буквално на секое пресоблекување кога ќе му тргнев памперсо ми се помочуваше и крпите и подлогите ми беа неопходни.
    2.Пудрата- многу нежен мирис, многу практично пакување за разлика од останатите пудри на кои редовно им го губев капачето :) кај оваа не се вади.
    3. Сапунчето - морам да признаам дека сум изненадена од пријатноста на мирисот и од хидратантноста на сапунчето. Многу ми се допадна.
    Уште еднаш Ви се заблагодарувам за подароците од кои ептен сум задоволна и на мое, а и на син ми задоволство ќе продолжиме да ги користиме.
     
    На cresa-jagoda, dm drogerie markt, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.353
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за подарокот. И претходно имам користено производи од Baby Love и сум многу задоволна од нивниот квалитет. Најмногу ми се допадна тоа што производите се хипоалергени и се специјално наменети за детската чувствителна кожа.


    Screenshot_2015-09-18-13-43-45-1.png
    Оваа купка ја користам за прв пат и особено ме радува тоа што не предизвикува иритација на бебешката кожа, затоа што кожата на моето бебе е доста чувствителна. Доволно е да се користи помало количество бидејќи купката доста пени. Исто така ми се допаѓа тоа што содржи екстракт од лист од маслинка кој ја одржува природната хидратација на кожата при бањањето.

    Screenshot_2015-09-18-14-05-59-1.png
    Baby Love туферите пристигнаа во вистинско време. Долго време имаме проблеми со црвенило во пеленската регија и несмееме да користиме влажни марамици, овие туфери ми послужија за полесно одржување на хигиената. Најмногу ми се допадна што се прилично поголеми и се 100% памук.


    Screenshot_2015-09-18-14-05-22-1.png
    Baby Love лосионот за тело сеуште немавме прилика да го испробаме, но сум сигурна дека неговиот квалитет не се разликува од другите производи.

    Се на се премногу сум задоволна од квалитетот на Baby Love производите за нега на детската кожа и се разбира ќе продолжам да ги користам и во иднина.

    ПС

    Screenshot_2015-09-18-14-11-42-1.png
    Го користиме и памперсот од BabyLove и морам да кажам дека сум презадоволна.

    За црвенилото почнав да го користам и кремот од невен и сега за сега сум задоволна. Добро се размачкува и што е најбитно со неколку мачкања црвенилото се повлече.
    Screenshot_2015-09-18-13-32-26-1.png

    Исто така веќе подолго време го користиме и ова шишенце со пластично клучне кое не тече и ижа посебен механизам за да тече помало или поголемо количество. Ќерка ми го обожава. Најчесто го користиме за вода и за сокче.
    Screenshot_2015-09-18-13-35-18-1.png
     
    Последна измена: 18 септември 2015
    На galapce, cresa-jagoda, dm drogerie markt и 2 други им се допаѓа ова.
  12. markovamama

    markovamama Активен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    која цена се подлогите за повивање? и колку парчиња има во едно пакување. исто така ако може и цена за туферите
     
  13. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.475
    Драга наша, babylove подлогите за повивање се 10 во едно пакување, а истите чинат 179 денари.
    Убав ден
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. BlackNight

    BlackNight Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    1.189
    Допаѓања:
    5.313
    Пол:
    Женски
    И тука да кажам, пелените на Baby love се одличен избор. Меки, нежни, без нападен мирис, непропустливи, навистина екстра впивливи, детето и по 11 часа спиење се буди со сува облека. Очигледно пелените имаат одличен капацитет за впивање и прилагодливи се на анатомијата на детето, порабени со ластици кои држат но не стегаат. Детето може да се движи, трча, игра, пелената задржува и не пропушта. Исто така, задоволна бев од бебешките стапчиња за уши, особено погодни по капење на малото бебе за впивање на вода од увцата.
    Ножичките за нокти-совршени и погодни за употреба од најмала возраст па натаму и овозможуваат брзо и лесно засекување без повреди.
    Имам и пумпица за нос, ама фала Богу не сум ја употребила досега, се надевам нема да има потреба во скоро време.^_^
     
    Последна измена: 11 јануари 2017
    На Divinebutterfly, Annath и joy1 им се допаѓа ова.
  15. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.967
    Допаѓања:
    9.980
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, големите шишиња, што имаат дупчиња сте ги користеле? Не истекува млеко од нив? Иначе и јас сум задоволна од пелените,супер се!
     
  16. Lollipop_123

    Lollipop_123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    1.714
    Пол:
    Женски
    Здраво женски, не знаев во која тема да пишам, дали некаде ги има останато babylove кремите со алое вера? Околу 100 денари беа, во ниедно дм во Скопје и Тетово ги нема, само од тие со пантенол и невен има...