1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецензии на производи на dm

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од levely, 20 декември 2014.

  1. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    alverde пена за миење лице, 150 мл

    SAM_1496.JPG

    Пенава за лице ми фати око уште пред некое време, но ми беше во план да ја земам откако ќе ја потрошам другата што ја користам во меѓувреме. Откако ја добив правам пауза со претходната и два пати дневно, наутро и навечер, скоро 2 недели го мијам лицето исклучиво со оваа.

    Имам комбинирана кожа, летно време е повеќе очигледно и ми се мрси во Т зоната, особено околу носот и челото меѓу очите. Во зима ми е повеќе нормална, би рекла дури на одредени места сува (образите и врвот на носот ама тоа го препишувам обично на ладното време). Немам проблеми со акни, релативно чисто лице освен широки пори. Користам секојдневно шминка и тоа од утро до мрак: течна пудра, камена пудра, коректор, бронзер, руменило, маскара и кармин. Понекогаш кога не ме мрзи или имам време ги нагласувам повеќе очите со сенки или ајлајнер али во секој случај повеќе обрнувам внимание на беспрекорно лице отколку детали.

    SAM_1495.JPG

    На декларацијата пишува дека е за отстранување на водоотпорната шминка што уште повеќе ме заинтригира бидејќи до сега немам користено ниту едно средство што темелно ја отстранува. Тоа го тестирав уште првиот ден откако ја земав и како што и очекував, целосно отстранување не е возможно. Сликиве се од прееска, морав да го повторам уште еднаш тој процес како доказ за остатоците на лицето после миење (знам дека не се баш најпрекрасни за гледање и затоа се во спојлер). Не носев водоотпорна шминка и ова го извади Garnier мицеларната вода после миење со пенава:

    Првата слика е од очите, носев само маскара и ајлајнер и не ги триев очите туку тоа што имав само си падна од топлата вода малку помешана со пената, а втората е од лицето, но онаму кај што е потемно е претежно од потешко достапните места за миење и плакнење.
    IMG_20150108_221817.jpg IMG_20150108_221830.jpg

    Во глобала резултатите и не се воопшто лоши со оглед на тоа што станува збор за понискобуџетно средство за отстранување шминка, но сепак не е доволно и потребно да се помине со уште нешто дополнително за целосно чисто лице. Јас до сега немам сретнато ништо што од прва ми ја отстранува шминката така што можам да кажам дека не сум воопшто разочарата туку баш позитивно изненадена бидејќи очекував многу помалку. Она што ми се допадна особено е тоа што остатокот од шминката околу очите не се разлева (не изгледам како панда) и не остава мрсно/лепливо чувство после миењето.

    SAM_1497.JPG

    Друго што ми се допаѓа е пакувањето и пумпицата. Потребно е пред употреба добро да се проклацка за да излезе убава пена зошто инаку е водесто и се лизга низ прстите па тешко дека со тоа ќе се измие квалитетно лицето. Мене ми се потребни две пумпања за навечер и една наутро. Би било добро да се чува на нормална температура, мене ми измрзна на 2-3 дена додека бев на викенд на планина во непогодни услови со мраз тоалет :lol: стана цело водесто и едвај употребливо ама сега си е вратено пак во старата форма.

    SAM_1498.JPG

    Структурата е средно густа и пенаста (што е и логично според името) и има преубав освежителен мирис. Лесно се нанесува исто така и се одмива и остава пријатно чувство на чисто и свежо лице. Мене не ми предизвика никакви црвенила, јадежи, бубулички, зголемено мрсење или сушење на кожата, но освен првиот пат и сега не го користев за отстранување шминка туку исклучиво после тоа. Сепак тоа е моја практика зошто сметам дека не ми е доволно (не само со овој производ туку така е со сите), плус некако бош ми е лицето прво да го измијам па после да го чистам остатокот. За некој што користи минимална шминка најверојатно само овој чекор ќе биде доволен.

    Сума сумарум: јас сум задоволна од пенава и верувам дека некој со слични очекувања, навики и тип на кожа би бил исто така, а пред се ја препорачувам за оние што не користат многу шминка како единствено средство за чистење и освежување на лицето.
     
    Последна измена: 9 јануари 2015
    На crazylady, kala21, cresa-jagoda и 19 други им се допаѓа ова.
  2. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.671
    Допаѓања:
    97.722
    Пол:
    Женски
    balea-blemish-balm-6in1-bb-cream.png

    Најпрво благодарност до ДМ за подарокот.
    Да си почнам од почеток.Она што приметив кога го добив подарокот е дека белото капаче од внатре беше замачкано,како кога некој пробува ,па остануваат трагови.
    Има прекрасен мирис и многу лесна структрура.Толку е лесна што буквално понира во кожата.Дава некоја блага нијанса на тонираност која не е доволна да се скријат несовршеностите на моето лице.Имам комбинирана кожа со мрсна т-зона и проширени пори.Нијансата која ја добив мене ми одговараше додека на ќерка ми и беше малку потемна,зашто таа има посветол тен од мене.
    На кутијата пишува дека ја прави кожата сјајна(јас не приметив мене баш ме матира).За мене ова е крема за дневна употреба додека за вечерно излеување нема да ви заврши работа.Можеби ако нанесете пудра во прав за оние кои немаат некои проблеми со тенот.
    До некаде дава изедначеност на тенот,но црвенилото,подочниците не ми ги покри доволно,но лицето го прави мазно.
    Јас би ја користела секојдневно кога нема потреба од порцелански изглед.
    Според мене некоја оценка 3,5-4.
     
    На joy1, cresa-jagoda, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    12.174
    Balea регенератор со смоква и бисери за сјајна коса

    [​IMG]

    Најпрво, сакам уште еднаш да ја поздравам иницијативата на dm за членство на форумов, како и да им се заблагодарам за доделената награда. Јас сум човек кој ретко учествува во наградни игри, а уште поретко добива нешто, па регенераторов беше вистинско изненадување. Рецензијата ја пишувам по скоро 3 недели затоа што се работи за производ кој е препаратива, а не декоратива, па сакав да го користам подолго време со цел достојно да го рецензирам. Патем, ќе продолжам со негово користење, па ако има некои значајни промени ќе ја надополнам рецензијава.

    МОЈАТА КОСА

    Пред да почнам да зборувам за регенераторов, да ве запознаам со мојата коса :hai: Многупати низ форумов имам пишувано дека имам виткана коса, многу сува и тешка за скротување. Летово поминав 4 месеци на океанска клима, па косата ми е дополнително оштетена и пресушена.
    [​IMG]
    малку филмање, хехе

    Како што можете да видите, некаде е повеќе виткана, некаде не баш, некои делови се повеќе дефинирани и посјајни, други не. Мал хаос :drunk: Баш се израдував кога прочитав дека регенераторот е за сјајна коса затоа што сјај е она што моментално најмногу ми треба. Да напоменам, пред да го користам овој регенератор го користев портокаловиот за виткана коса на Balea, а постојано го користев и шампонот за виткана коса на Balea од истата колекција (што го рецензирала anastasijaki погоре).

    НА ПРВ ПОГЛЕД

    Доста беа сликички, малку досадни факти :D Регенераторот на Balea доаѓа во пакување од 300 ml (за споредба, портокаловиот регенератор за виткана коса е 150 ml). Пакувањето е класично, ништо спектакуларно, но искрено тоа и не ми е важно. Ми се допаѓа тоа што капачето е долу, па кога ќе го отвориш не мора да го клацкаш, туку веднаш е спремен за употреба. Регенераторот е бел, богато кремаст, и мириса преубаво, комбинација од ванила и овошен мирис.

    Состав на регенераторот:

    AQUA · CETEARYL ALCOHOL · BEHENTRIMONIUM CHLORIDE · ISOPROPYL PALMITATE · PARFUM · PANTHENOL · DICAPRYLYL ETHER · LAURYL ALCOHOL · ISOPROPYL ALCOHOL · SODIUM BENZOATE · CITRIC ACID · POTASSIUM SORBATE · NIACINAMIDE · HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL · GLYCERIN · FICUS CARICA FRUIT EXTRACT · HYDROLYZED PEARL · MARIS SAL · TOCOPHEROL · PHENOXYETHANOL

    Со други зборови,

    *AQUA - вода, CETEARYL ALCOHOL - емулгатор, BEHENTRIMONIUM CHLORIDE - помага за расчешлување и зачувување на косата, како и против нејзино разлетување (frizziness, не знам дали имаме македонски збор), ISOPROPYL PALMITATE - за хидратација, PARFUM - парфем, PANTHENOL - провитамин Б5, за нега на косата, DICAPRYLYL ETHER - за хидратација, LAURYL ALCOHOL - емулзија за стабилизирање и омекнување на косата, ISOPROPYL ALCOHOL - обезмастен растворувач кој поттикнува пенење, SODIUM BENZOATE - стабилизатор, CITRIC ACID - регулатор на pH вредност, POTASSIUM SORBATE - стабилизатор, NIACINAMIDE - витамин Б3, HELIANTHUS ANNUUS SEED OIL - сончогледово масло, GLYCERIN - за влажност, FICUS CARICA FRUIT EXTRACT - екстракт од смоква, HYDROLYZED PEARL - хидролизиран бисер, MARIS SAL - сол, TOCOPHEROL - витамин Е, PHENOXYETHANOL - стабилизатор.

    *преводи направени од мене, можеби не се стопроцентно точни, ако нешто е погрешно ве молам поправете ме

    Јас ретко го читам деталниот состав на производите што ги користам, можеби на пудра или кармин, но на шампон или регенератор никогаш. Ја ставив листава затоа што знам дека на многумина составот им е важен, а и како личен потсетник да посветам поголемо внимание на составот на козметичките производи во иднина, колку и да е исцрпувачки.

    МОЕ МИСЛЕЊЕ

    Регенераторот лесно се нанесува и многу лесно се измива. Ова е голем плус за мене затоа што многу регенератори не можам целосно да ги измијам и по неколку плакнења, а тоа ми предизвикува чувство на недомиена коса. Ја омекнува косата, но не премногу, а ова е важно за виткана коса затоа што ако е премногу мека кадриците ќе се деформираат и ќе изгледаат растресено. Косата изгледа негувано и здраво. Мирисот е прекрасен и трае со денови. Јас ја чешлам косата многу ретко, само пред да ја фенирам, но периодов малку експериментирав со фризури па ја фенирав почесто. Расчешлувањето откако ја измив косата со регенераторов одеше неверојатно лесно, а оние со виткана коса знаат колку расчешлувањето може да биде pain in the a** ]:) Некој посебен сјај не забележав. Ставив слика од пред, а не и од потоа затоа што воочлива разлика - немаше. Како и да е, ретки се производите кои даваат драстична промена во изгледот на мојата коса. Дали го препорачувам? Дефинитивно, косата ми изгледа многу посвежо и поздраво по само неколку користења. Не ја знам точната цена, но мислам дека е до 150 денари, што е повеќе од поволна цена за производот кој го добивате. Дали би го купила повторно? Веројатно не. Толку сум навикната и задоволна на портокаловиот Balea регенератор за виткана коса што тешко да го променам. Мислам дека тој подобро одговара за виткана коса и подобро ми ги оформува локните, што за мене е клучно. Тоа не ја намалува вредноста на Balea регенераторот што го добив и мислам дека ќе биде совршен за права или благо виткана коса. Има и шампон како регенераторов, па во комбинација ефектот сигурно би бил подобар.

    Се` на се`, добар регенератор со поволна цена, би му дала 8/10.
     
    На cresa-jagoda, senza.parole, Mrs.Cuper и 15 други им се допаѓа ова.
  4. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    6.617
    Пол:
    Женски
    И јас го имав купено овој шампон по препорака на другарка која има мошне густа коса. Неа и одговараше , а мене не ми се огоди , мислам дека е за многу густа витката коса , за на некој начин да ја скроти и обликува и кај мене немаше убав ефект иако јас имам покадрава коса од нејзината.Поодамна беше и не можам да се сетам на ефектот ама се мислам дека ми ја спласна некако косата.Така да мислам дека е за ногу многу густа и многу кадрава коса:):)
     
  5. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Многу сум благодарна на dm за подарокот и начинот на испорака.
    [​IMG]
    Самото пакување е привлечно,со прекрасни бои.Мала замерка се ситните букви за кои секако ми беа потребни наочари, за да го прочитам составот.Лесно се отвара,под капечето пакувањето е заштитено со фолија.
    Прекрасен мирис кој по малку потетува и на кокос.Структурата на маската е со густина на кисело млеко.
    Оваа густина е идеална за нанесување.
    Се нанесува на измиена влажна коса, се чека неколку минути и после се измива.
    Имам полувиткана ,фарбана, со средна должина коса.
    Прво што забележав е дека лесно се нанесува, лесно се измива.Уште на првиот допир се забежува дека косата е мазна и многу лесно се расчешлува.Додека ја сушев косата со фен и четка обликувањето е слично на професионално.
    Значи помага косата лесно да се исфенира.
    Се добива мирислива коса, прекрасно обликувана и со сјај.
    Со оглед дека имам фарбана коса таа понекогаш е сува.Мислам дека со маската ја добив потребната влажност, цврстина ,еластичност ,волумен и сјај.
    Топло ја препорачувам на сите што имаат навика да користат маска за коса.
    Секако ќе ја користам ако ја има во нашите маркети ,после фарбање зошто има фарби кои мирисаат непријатно и ја сушат косата, но и кожата.Не забележав никакви иритации како црвенило и јадеж.
    Значи идеална е за после фарбање, но и за нефарбана коса.Керќите ја пробаа и се задоволни од ефектот што го приметивме по неколку користења.

    Оцена 9 .
     
    Последна измена: 11 јануари 2015
    На joy1, cresa-jagoda, senza.parole и 5 други им се допаѓа ова.
  6. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    22.953
    Допаѓања:
    198.627
    Пол:
    Женски
    Маската за коса со смоква и бисери ја имам и јас, од поодамна. Претходно користев маска за коса на Алверде, меѓутоа, кога требаше да си купам нова ја немаше во ДМ, па ја купив оваа со смоква и бисери, за промена.
    Јас имам тенка коса, тенко и право влакно, обично косата ми е права, меѓутоа ако ја пуштам подолга (под раменици на пример) станува благо брановидна на краевите. Од таа причина носам малку подолга варијанта на боб фризура која ми е најлесна за одржување. Маската за коса ми е потреба за лесно обликување, но и за заштита на врвовите од цветање, со оглед на тоа дека косата ја мијам минимум два пати неделно, поради честото мастење на скалпот.
    Маската има пријатен мирис, меѓутоа мене ми е тежок некако. Мирисот не се задржува на косата подолго време, што би било недостаток, но во случајов толку не ми пречи. Овозможува солидна заштита од топлината на фенот (не ми пукаат врвовите толку многу), косата лесно се чешла и обликува. Меѓутоа, кај мене дополнително ја сплескува и ја масти, иако ставам само на врвовите, не и на скалпот. Поради тенкото влакно при фенирањето се трудам да постигнам волумен, ама кога ја ставам оваа маска, многу брзо ми спласнува. Има и уште нешто позитивно - го спречува електризирањето на косата од сувиот воздух и ладното, што мене ми е генерален проблем со косата секоја зима. Ама оваа година немам таков проблем, баш поради маската, и забележав дека ми е од неа поради тоа што не ја користам на секое миење.

    Оцена 7/10. Одлична е за третман на сува и оштетена коса.
     
    На senza.parole, mims-89, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. fairy90

    fairy90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    141
    Пол:
    Женски
    Jas nemam dobieno podarok,no sakam da go pofalam suviot sampon za kosa na balea pedobar e neshto sto sekoja zena i devojka treba da go ima vo svoite kozmeticki proizvodi bild-balea-trockenshampoo-data.png
     
  8. Nati.P

    Nati.P Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    855
    Сметам дека три седмици (непостојано) користење се доволни за рецензија :)

    Balea 2 во 1 пилинг туфери за отстранување шминка 30/1

    IMG_20140511_102143.jpg
    Да напоменам дека кожата на лицето ми е комбинирана, со мрсна Т зона. Овој период сувите делови дури и ми се посуви од вообичаено и некогаш кожата ми се лупи.
    Прво нешто што го забележав кога ги добив туферите се испакнатите делови од едната страна. Иако овде беше напоменато дека се за отстранување на шминка, првиот пат ги пробав на веќе исчистено лице со влажна марамица и потоа измиено со вода. Обично користам и лосион, меѓутоа овој пат не го чистев лицето со него. Туферите ги користев од страната со испакнати топчиња и резултатот беше :o, на моето лице се уште имаше нечистотија. Чистењето ми дојде како масажа на лицето. Не почувствував никакво пецкање ниту било каков друг негативен моментален ефект, како во случајот на Anabelle.Amorette.
    Следното користење, ги користев од другата (рамна) страна, исто така на веќе исчистено лице од шминка. И овој пат бев задоволна, но помалку во однос на првиот пат.

    Наредното користење решив да ги пробам за отстранување на шминка, но не ме воодушевија. Исто искуство како и Jacqueline.s, воопшто не ја отстрануваат шминката. Само површно. Се уште ја чувствував шминката на моето лице.

    Во однос на мирисот, одлично мирисаат. Имаат свеж, лесен и нежен мирис. И јас го забележав чувството на лепливост и на почеток воопшто не ми се допадна, меѓутоа за брзо време го снемува. Кожата останува свежа и мека.

    Единствена негативна страна - забележав дека Т зоната почна да ми се мрси повеќе од вообичаено (што верувам е од користењето на туферите, бидејќи продолжив да ги користам истите производи како и претходно).

    Сума сумарум, во глобала сум задоволна од туферите. Би ги препорачала за повремено длабинско чистење и пилинг на лицето, но не и за секојдневно отстранување на шминка.


    Balea балзам за усни 4,8 г

    lippenbalsam.jpg

    Исто како и на лицето, и кожата на усните во зима ми е сува и често знае да испука.
    Балсамот не ми помогна многу во таа насока, односно кожата пак продолжи повремено да пука.
    Во однос на мирисот, нежен и лесен (y). Текстурата, исто така задоволувачка. Не е од оние тешки и густи балсами што се лепат и се собираат на краевите, иако на прв поглед делува така. Дава безбоен и убав, нежен, не многу нападен сјај.

    Сума сумарум - балсамов би го користела заедно со секојдневна, едноставна шминка (како декоративна, но не и како препаративна козметика). Чисто за споредба - балсамчето од Авон многу повеќе ми помага во однос на испуканите усни.
     
    На cresa-jagoda и Nausicaa им се допаѓа ова.
  9. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    alverde пена за миење лице, 150 мл

    Да пишам и јас некој збор за пенава. Од давно сакав да пробам пена за чистење лице, затоа што другарками ептем ми ги фалеше, па кога ја добив оваа на Alverde беш пресреќна.
    Јас имам ектремно сува кожа периодов и додека не ја донесов малце во ред кожава ми беше страв да ја користам пенава затоа што е наменета за комбинирана кожа. Исто како @Artemission и јас скоро секој ден користам шминка, па ми треба нешто ефикасно што би ми ја отстранило целата шминка од очите и лицето. Пенава најчесто ја користев кога на мене носев многу малце шминка (бб крема и маскара), и бев изненадена затоа што на лицето ми ја отстани целата пудра, а за очите морав дополнително да користам сретство за отстранување на шмина од очи.
    Бев љубопитна па ја пробав и во тие денови кога имав повеќе шминка, и ефектот беше сличен како оној кај Artemission, само што кај мене не извади ни малку од шминката од очите и само ми ја разлеа шминката околу очите и изгледав како панда, значи не отстранува ни водоотпорна ни неводоотпорна шминка.
    Мене лично мирисот ич не ми се допаѓа(n), и фала богу не останува на лицето после миење, паковањето ми се допаѓа многу, лесно е за користење и излегува онолку производ колу што ви е потребно за целото лице.
    После миење осеќам мало затегнување на кожата, и затоа пенава ке ја оставам за пролет/лето затоа што сум сигурна дека тогаш ке ми биде супер затоа што најчесто во пролет/лето имам комбинирана кожа со мрсна т-зона.
    Јас сум задоволна од производов за таа цена е одличен прозвод за денови кога не користам многу шминка, и би го купила пак. :)
     
  10. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.192
    Допаѓања:
    123.801
    Ветив дека пак ќе пишам по некое време. Напоменувам дека се фарбав измеѓу. Фрзерката немаше некој коментар :) ЗНачи сум и била иста ко секој месец.
    Спрејот научив како да го дозирам, значи по малку и само на косата, да не допира на кожата оти чеша од следниот ден. Добар е спрејот ако ви се мрси косата кога е подрасната :) Ја прави и побујна. Има една маана - лошо мириса т.е мириса на хироген или фарба :) Затоа ставајте јак шампон кој ќе го убие овој мирис.
    Заради тоа и прекинав со шампонот и останувам на спрејот - не се троши многу брзо, ќе ми трае подолго. Во итни ситуации кога мора да сте средени - помага многу, како да сте биле на фризер. Според другарка ми имало хидроген во спрејот, и затоа пишувало да не се става секој ден. Јас не гледам дека ми ја оштети косата.
    Шампонот, го користам комбинирано, со друг шампон, заради мирисот. Инаку, вреди за цената, и богами е подобар од секој шампон за руса коса, ама не е чудотворец - фарба си е фарба, ова дава само сјај.
     
  11. CrazyOne

    CrazyOne Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    2.034
    Допаѓања:
    19.301
    Пол:
    Женски
    [​IMG]


    Alnatura мешан зачин, Alnatura солени галети од пченка, Alnatura супа од домат

    Прво како што е ред јавно да се заблагодарам до ДМ за подарокот и на тоа што ми излегоа во пресрет да ја пуштат во Капитол и од таму да си ја земам. Второ бидејќи се работи за храна и за вкус, нормално е да не се сложите со мојата рецензија доколку иматевпоинаков впечаток за истите производи.

    Alnatura Мешан зачин - откако го отворив одма се примети јакиот мирис на рузмаринот. Следниот ден правевме грашок за ручек, па таман искористив шанса да ставам од зачинов. Како што напоменав најмногу се осеќа мирисот на рузмарин како и на магдоносот. Сите дома сме задоволни од зачинов и со задоволство ќе си го користам и понатаму. Оцена 10/10

    Alnatura солени галети од пченка - Ова е прв пат да пробувам галети, па не можам да ги споредам со други.Малку бев скептична во однос на вкусот, пред се не знаев што ме очекува ако можам така да напишам. Ама позитивно ме изненадија. Доминира вкусот на пченка, дури на моменти имав впечаток дека јадам пуканки. Прво ги пробав така без ништо. Потоа ставив од зачинот, што самата галета доби поинаков вкус кој исто така не ме разочара. Третата галета ја намачкав со мед, морав и со благо де да пробам пошто сум си стрвна. Не беше лошо воопшто, ама јас не би ја повторила. Се на се супер искуство и со ова, пак би купила. Оцена 10/10

    Alnatura супа од домат - исто како кај галетите,и супа од домат прв пат пробав. Кога ја ставив супата да се вари, се осети јак мирис на домат и зеленчук. Ќесичката е за два тањири супа што е сосема доволно за да нашишам нешто. Искрено дали сум се навикнала на други супи кои не се вегетсријански, не ме воодушеви нешто многу. Јас иако не сум некој љубител на супи, повеќе ги конзумирам оние супи со фиде. Не знам дали би ја купила оваа супа повторно, можеби би и дала уште една шанса да ја пробам поради убавиот мирис на домат . Оцена 6/10

    Се на се ова е моето искуство со овие три производи.
     
    На Hipica и Lella им се допаѓа ова.
  12. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.127
    Допаѓања:
    10.721
    Пол:
    Женски
    Подолго време ме немаше на форумот, па прилично доцнам со мојата рецензија, но барем со прилично искуство можам да зборам за производот.
    bild-balea-blemish-balm-bb-cream-data.png
    На подарок ја добив Балеа ББ кремата, ја користам веќе неколку месеца. Иако во принцип не носам пудра секој ден, а други ББ креми сум ги користела одвреме навреме, за производот се потрудив да го нанесувам што почесто, дури повеќе од 2 недели секој ден ја ставав за да го видам долготрајниот ефект.
    Прво и најбитно што беше за мене, кремата е со убава мека конзистенција, не е мрсна и тешка, мислам дека похидратантна и од нормалната крема за лице што ја користам. Не ми предизвика никакви иритации на кожата, не приметив зголемена појава на бубулици или затнати пори, од тој аспект е прекрасна. Јас лично имам прилично мрсна кожа, до крајот на денот ниедна пудра не ми додржала, но затоа ги преферирам ББ кремите, и онака не може 12 саата да биде кожата беспрекорна, барем да не биде дополнително иритирана од тежок и густ препарат. Мислам дека максимум 6 часа беше ефектот, после тоа лесно се вади при мал допир заради слојот од себум што се насобрал. Затоа правев по една корекција во текот на денот, најчесто само со упивање на вишокот маснотии на носот и челото и нов слој камена пудра. Но за вечерни излагања на пократок период, на играње и движење топло ја препорачувам бидејќи, за разлика од други препарати (пудри и креми) не сум си дошла дома со нова бубуљица зошто малку ми се замастило лицето под кремата.
    Има многу интензивен мирис, мене лично ми се допадна, ама многу е јак и се осеќа подолго време по нанесувањето. Бидејќи во принцип користам парфеми со овошни и благи мириси, ова не ми пречеше, но дефинитивно треба да си го имате во предвид доколку не сте по јаките и благи мириси.
    Колку што видов во ДМ, мислам дека доаѓа само во една боја. Дефинитивно не би одговарала за сите нијанси на кожа. Јас имам прилично изразена жолта нијанса на кожа заради ниското железо. Со Балеа кремата дефинитивно добивав малку потемна нијанса на кожата, но претходните ББ креми уште потемна ме правеа (зошто јас сум пожолта од најсветлата нијанса), така да оваа многу повеќе ми одговараше. Убаво се прелева бојата кон кожата, значи немав проблем да ја адаптирам према вратот. Не би знаела да кажам како би изгледало на потемна или поцрвена боја на кожа, но мислам дека во комбинација со правилна камена пудра над кремата дека е добитна комбинација, барем за мене е така. За темните кругови околу очите немаше голем ефект, не ни очекував, па со коректор во тие делови надополнував.
    Мислам дека опфатив се што искусив со кремата. Ако некој уште нешто го интересира слободно нека праша. :)
     
    На Oxymoron, Hipica, Giovanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    60.805
    Пастили од жалфија:

    11026705_10153082381259906_1790830146_n.jpg

    Бонбончиња од етерични масла од жалфија со додаток витамин Ц.
    Познато е дека жалфијата е добра за одржување хигиена во усната шуплина, и таков ефект и се добива.
    Дефинитивно не се класични бонбони во кои може да се удавите од јадење, ама вкусот е пријатен, освежителен, вкус на билки и останува пријатно чувство во устата со пријатен здив.

    Поради додаток од 20мг. витамин ц, се препорачува дневно до 3 бонбони/пастили.

    Дефинитивно добра работа секогаш да ја имам при себе, во чанта, за по потреба. Јас и ги сакам таквите освежителни бонбони, посебно кога патувам на подалека или пократка релација, сеедно, а овие би биле вистински избор.

    Алнатура мусли со 5 вида житарки, 500 гр.

    Органски производ настанат без употреба на генетска технологија, така пишува на декларацијата.
    Содржи 5 вида житарки: пченични снегулки, јачмени снегулки, овесни, ржени и оризови снегулки.
    Житарки ко житарки може да се припремат на повеќе начини, проварени со млеко, вода, потопени во сок, јогурт итн. Обично јас најчесто ги потопувам во топло млеко со додаток на суво/свежо овошје, или ги ставам во блендер со млеко и овошје и правам напиток.

    Алнатура природен напиток од ориз 1л.

    Оризово млеко, лесно сварливо, хранливо, погодно за луѓе алергични на лактоза, природно без глутен, со ниска содржина на масти.
    Лично мене не ми се допаѓа да го пијам чисто, не ми се допаѓа тој слаткасти вкус, ама синчето го пиеше.
    Јас го користев за мене најдобра варијанта во следната комбинација, заедно со алнатура мусли, одлична за почеток за денот:

    Банана, јаболко, отприлика пет големи лажици алнатура 5 вида житарки, оризово млеко, малку ванила и цимет. Уф, прекрасно. Лесно и освежително. Се чувствува разлика (на подобро) во споредба кога се стави обично кравјо млеко. Мм ја обожава комбинацијава (y)
    11034626_10153082381209906_1473426158_o.jpg
    Благодарност до @dm drogerie markt што ни дава можност да испробаме нешто што ете можеби обично не би го земали додека не пробаме, па и да споделиме со други. Тоа е и суштината на тој потег, ама сепак убаво е. Продолжете така :)
     
    На joy1, Annabeth, mims-89 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. Lella

    Lella a blasphemous bitch Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    28.785
    Пол:
    Женски
    Најпрво како што е ред да се заблагодарам на ДМ за подарокот, и што ми овозможија барем овие нивни производи да ги пробам, први ми се, да си кажам. :$

    DAS gesunde PLUS Sportness штанглица банана и какао
    1.jpg

    Убаво чоколатце. Не знам дали се гледа убаво, однадвор има чоколадо, а внатре некоја тегава смеса која потсетува на банана и топченца какао. Какаото не се чувствува многу. Би рекла за оваа штанглица дека е некоја поцрвста, посилна верзија на крем-бананките. Сепак мислам дека имаат доволна енергетска вредност за да те одржат без јадење 2-3 часа повеќе, барем мене ме задржа. :D
    Само имам замерка за, како да кажам, внатре тоа што е. Многу е тегаво и тешко за откинување, не го препорачувам за јадење во јавност. :D
    И’ давам оценка 6/10
    Дали ја препорачувам?
    Да, за девојките кои сакаат да го одложат ручекот или да ослабат. :D
    Дали би ја купила повторно? Па не знам колку чини, ама кога сме веќе кај банана, повеќе би сакала обична крем-бананка :D

    Alnatura доматен сос со босилек 340 г. (Piccante всушност)
    4.jpg


    Е сега, не знам што беше проблемот, дали е грешка на ДМ или јас не сум сфатила добро. Веројатно е грешка, ама ајде не ми пречи. :D
    Како што гледате на мојата тегла пишува Piccante што значи дека сосот е лут, колку што разбрав. :^)
    Само што на сликичката кај ДМ пишува Basilico, ама во ред е, нема проблем, и онака тетка ми од Италија рече дека Basilico не и’ се допаѓал многу.
    Како и да е. Сосов некако со шпагетите баш не ми одеше најискрено. :wasntme: На сестра ми и мајка ми им се допаѓал, ама мене ми пречи кога во јадењето имам домати, право да си кажам. :$ А сосот, ми изгледаше многу некако "poor", не знам како да се изразам, да не си мачкаме очи. Ми се допадна што подлутуваше малку, тоа му даваше некој шмек, ама сепак имав чувство како да јадев мелени живи домати, а и семки имаше внатре. Сепак е работа на вкус, јас лично не преферирам овојше или зеленчук ако не се свежи. Не знам зошто.
    Сосов не е нешто wow, ама мислам дека на љубителите на сосови би им се допаднал, мене нц! :D
    Му давам 5/10
    Дали го препорачувам?
    Па не е ништо посебно, верувам дека има многу поубави сосови, овој не би го препорачала.
    Дали би го купила повторно? Кратко и јасно - не. Домашните сосови што ги прави мајка ми не би ги заменила за ништо. :wasntme:

    Alnatura шпагети 500 г.


    2.jpg 3.jpg
    Уште кога видов дека сум добила шпагети, ептен се издрадував, бидејќи ми се омилено јадење. :wasntme:
    Никогаш досега не бев јадела нешто од Алнатура, па за шпагетиве имав високи очекувања. Она што го забележив беше дека прилично брзо се сварија. Сепак, најважно за мене, воошто не се залепија и исушија кога ја исцадив водата од нив, за разлика од другите.
    Тоа најмногу ми привлече внимание, што не беа воопшто суви напротив си ја задржаа влажноста од водата. Исто така беа многу меки и лесно се јадеа. Можеби смешно звучам ама има некои шпагети кои ќе ти висат од устата 10 минути додека да успееш да ги оделиш некако. :lol:
    Се’ на се’, мене луѓе многу ми се допадаа шпегетиве, уживав во денешниот ручек.
    Дали ги препорачувам? Дефинитивно. Мислам дека би биле добра опција за секој.
    Дали би ги купила повторно? Секако. Ама се плашам дека нема да имам можност. За тоа, треба да дојдат ДМ во Струмица. ^_^ :lol:
     
    На SV1911, Winter Lady, Sunshine.Sunshine и 6 други им се допаѓа ова.
  15. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Си го купив спрејчето пред некој ден и вчера го пробав, супер е. Еве втор ден како уште косата ми е права, што до сега тоа ретко се случуваше после спиење косата да ми е сеуште права.:inlove: Иначе откако ми се исуши косата се напраскав, потоа ја исфенирав малку косата и некој прамени го фатив малку со пеглата и резултатот беше одличен и јас би му дала 10 на спрејчево(y):clap:
     
    На dm drogerie markt, Flower27 и Anna-Banana им се допаѓа ова.
  16. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.541
    Допаѓања:
    95.399
    Пол:
    Женски
    Јас ги добив крекерите, паштетата и ментол бомбоните.

    [​IMG]
    Кога ја отворив паштетата бев скептик, имаше многу јак мирис на квасец, ама дури премногу јак, со сомневање ја пробав но тогаш се запрепастив, превкусно нешто. Со колешките на работа констатиравме дека е одличен избор за ужина или појадок за нејзините мали дечиња. Дефинитивно ќе ја купам повторно!

    [​IMG]
    Крекериве во комбинација со паштетата веќе ги пробав, но кога ги пробав и со салата дома, беше права комбинација, салата од зелка, ендивија, ротквици, семиња и овие крекери намачкани со сенф, е тоа беше ручек за мерак.

    [​IMG]
    Не сум љубител на ментол бомбони но одлични беа, се наоѓаат кога претеруваме со лукче или зачинета салата :D
     
    На joy1, Annath и dm drogerie markt им се допаѓа ова.
  17. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    2.678
    Пол:
    Женски
    Пред се гоолема благодардоност до ДМ.Благодарам што ни отворивте и во Тетово продавница.Конечно дојде ред да пишувам рецензија за вашите прекрасни производи.Eве ја мојата прва рецензија:
    Балеа крема за раце од папаја и млеко од путер
    Прво морам да кажам дека сум презадоволна.Амбалажата е прекрасна, преубаво мирица, поволна цена кој што секој може да си ја дозволи.Откако ќе ставам на рацете таа не е тешка,масна, веднаш се впива во кожата.Содржи 100мл на жалост е лимитирана колекција можеби наскоро ќе ја снема, но сепак линијата на креми за раце од Балеа е голем и сите креми без разлика дали се лимитирана колекција или регуларно се одлични и пред се се произведени во Германија.Редовно ја користам кремата веќе има 2 месеци и планирам и ја купам повторно додека ја има.
    Позитивни страни:
    Поволна цена
    Мириз
    Амбалажа
    Негативна:
    Можете само во ДМ да ги купувате.Среќна голема што ни отвориа во Тетово па почесто да ги посетувам.Други негативности нема.
    Кремата е одлична како и сите други креми за раце од балеа секоја препорака.Воодушевена сум и од цена и мирис амбалажа.
    Оценка : 10/10
    download.jpg
     
    На Annath, kate89, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    2.678
    Пол:
    Женски
    Оваа крема ја имам веќе 2 месеци и би сакала да го споделам моето искуство.
    Што кажува производителот за неа:
    Негувателна хидратантна крема за сува кожа,природен шеа путер и витамин Е кој ја штитат кожата од исушување.Ја хидрираат кожата и ја врачаат еластичостана кожата. Може да се нанесува по потреба и внимателно да се измасира.Дерматолошки е тестирано и е произведено во Германија.
    Што мислење имам јас:
    Прекрасен производ кој што има преубав мирис.Содржи 500 мл не предизвикува никаква алергиска реакција,го користам скоро секојдневно после туширање.Навистина е производ кој што го сакам да го користам за летните денови затоа што не е масен,брзо се упива и не леплив.Мирисот мене ми се допаѓа,не е агресивен прејак, но можеби некого би му сметало мене баш ми е прекрасен.Кога станува збор за хидратацијата тука и баш не сум нешто задоволна, бидејки јас имам јако сува сензитивна кожа, оваа крема стварно не е толку јака за некоја преголема хидратација, баш е лесена и после некое време осетувам дека ми станува сува кожата и дека повторно треба да ставам од кремата.Задоволна сум од тоа што овој производот не ми предизвика алергиска реакција, не леплив, брзо впива, и огромно количество на производ што не морам наредните месеци да мислам на крема/лосион за тело.
    Дали би го купила овој производ повоторно?
    Да и секако би сакала да ја пробам и другата верзија не се сеќавам дали беше од кокос.
    Овој пат вотките се мои. Може да видите како изгледа производот на фотофрафиите и овој производ може да го купите во Дм во регуларна продажба, бидејќи не е лимитирана колекција.

    cats.jpg
     
    На x.Daisy.x, dm drogerie markt, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  19. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    2.678
    Пол:
    Женски
    Балеа крема за после депилација

    Што кажува производителот за оваа крема:

    Балеа крема за после депилација со алое вера и провитамин Б5,со ефект на свилен допир.За надразнета кожа после депилација.Комбинацијата на провитамот Б5 и алое верата,како и бисаболот,алантоинот и витамиот Е интезивно ја хидрираат кожата,ја негуваат кожата исклучително нежно.Провитаминот Б5 , бисаболот и алое верата ја симируваат кожата. Дерматолошки е теситиран.Произведено е во Германија.

    Моето мислење:

    Кремата ја купувам по вторпат и повоторно ќе ја купам дека сум презадоволна.После секоја депилација јас имам црвенило на кожата.Оваа крема многу ми помага што побрзо да ми се смири кожата, да ми ја подобри хидратацијата, и како што кажува производителот свилен допир тоа голем плус бидејки имам чувство на мазна мека кожа.Стигнува во прекрасно практично пакување во вид на тубичка слично како кремите за раце, лесно се прилагодува во торба ако одите на одмор не зафатува многу простор. Има 125 мл , прекрасен нежен мирис, тубичката има прекрасна розе боја.Текстурата е лесна, не е премногу течна ниту пак густа, после нанесувањето на оваа крема има чуство дека мојата кожа е хидрирана, и немате лепливо и масно чуство на кожата како што знаат некои креми да остават.Не ми предизвикува алергиска реакција.Дали ќе ја купам повртоно? Со сигурност ќе кажам ДА. Прекрасна крема која пријатно ме изненади не очекував ништо посебно, но навистина вреди и најповеќе ме израдува што има поволна цена не е прескапа, а квалитетот е одличен.

    Сите кој што си имате проблеми со цревенило, воспалена кожа после депилација ви ја препорачувам не прескапа а сепак вреди.

    Произодите не се спонзорирани од ДМ.Сама си ги купувам и го споделувам моето мислење со вас.Дм е продавница која што има огромен избор на производи кои што навистина се квалитетни. 55.jpg
     
    На x.Daisy.x, dm drogerie markt, Annath и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас добив: Alnatura балзамико сос, Alnatura зачин од рузмарин и лук и Alnatura супа од зеленчук.

    Alnatura балзамико сос
    Сосов, т.е оцет ај ќе го наречам зошто тоа е всушност, ми е преубав.
    Го пробав со зелена салата, салата од спанаќ и јајца, и секаде даде убав, специфичен вкус, иако треба да внимавате со ставањето, да не го прекиселите јадењето. На моите дома не им се допаѓа, не знам зошто, им било некако гадно, ама најверојатно зошто не се навикнати, а јас и онака ставам повеќе. Со јајца е нешто посебно, има некаков слатко кисел вкус и е предобро.
    Дали би го купила: Да, затоа што е поздраво, и затоа што не се троши брзо, а и вреди за цената.
    [​IMG]


    Alnatura зачин од рузмарин и лук

    Зачинов го припремав со компир, има на пакувањето позади како треба да се спреми, и искрено не излезе како што очекував. Компирите имаа добар вкус, не многу забележлив, меѓутоа не ми се допадна што пола зачин загоре (ги печев).
    Не би го купила повторно, но доколку ве мрзи да правите посебен зачин и сакате нешто набрзина, купете го.
    [​IMG]

    Alnatura супа од зеленчук


    Ова се коцки за супа, и мајка ми направила супа со нив без да знам, и искрено не забележав некоја посебна разлика од оние вообичаените кои ги користиме. Вкусна беше, меѓутоа не прави драстична разлика.
    Би ги купила, сепак се квалитетни.
    [​IMG]
     
    На joy1, dm drogerie markt, Annath и 2 други им се допаѓа ова.