Рецензии на производи на dm

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од levely, 20 декември 2014.

  1. glittergirl

    glittergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.743
    Пол:
    Женски
    Една брзинска рецензија за мојот омилен производ, кој што веќе една година се дуружам.
    Балеа депил ленти за надусници:
    Овој производ од кога го открив веќе не го менувам, има поволната цена и предобар квалитет барем така е за мене.Имам испробано многу но најповеќе овој производ ми одговара.Пред да го купам овој производ имав Veet и некој други слични, но резултатот беше идентичен, но тоа не беше случај со овој производ. Кожа без премногу црвенило, иратации и некои слични работи, кажав збогум на сето тоа од кога почнав да ги користам овие депил ленти.
    Стигнуваат во картонско прекрасно паковче, 20 депил лентици кои се употребуваат и за надусници и бикини зоната, и добивате 4 марамици кои се за смирување на кожа.
    Како ги употребувам јас:
    Лентите се како правоаголник форма, кои што имаат од двете страни восок. Јас таа лента ја делам на 4 делчинња и ги загревам со фен или пак на термо во овие зимиски денови така ми е подобро ,бидејки така подбро се растопува восок, после сето тоа поминувам со марамиците и немам преголемо црвенило.
    Депилацијата ја правам навечер.
     

    Прикачени фајлови:

    • page.jpg
      page.jpg
      Големина на фајлот:
      58,6 KB
      Прегледи:
      185
    На EMoonlight и dm drogerie markt им се допаѓа ова.
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.187
    Допаѓања:
    106.733
    Пол:
    Женски
    Овој мој пост ќе биде ем рецензија, ем споредба на два слични производи од асортиманот на ДМ, конкретно ББ кремови на Балеа.

    Бидејќи во глобала немам проблематична кожа на лицето, ретко користам течни пудри, ББ кремите ми одговараат за секојдневна целодневна употреба. Кожата на лицето ми е комбинирана, со тоа што во зимскиот период Т-зоната не ми е толку масна, ми се суши, меѓутоа забележувам дека и со текот на годините се помалку се масти, за разлика од порано.
    ББ кремовите ми се опција за изедначување на средно изразеното црвенило кое го имам на образите и на челото во пределот на коренот на носот, што значи не ми треба којзнае колкава покривност. За се друго постои течна пудра :)

    [​IMG]
    Овој ББ крем на Балеа доаѓа во две нијанси, Naturell и Bronze. Јас ја зедов нијансата натурел за секојдневен природен изглед, бидејќи имам светол тен со жолт поттон. Реално, на почетокот кога ја купив и ја пробав (нема тестери во ДМ), мислев дека ја утнав бидејќи некако ми беше многу жолта и мислев дека не ми одговара. Ама сепак решив да и дадам шанса, и не се покајав.
    Кремот е густ, погуст од обичен хидратантен крем, има убава мазна текстура, лесно се размачкува со прсти и убаво се впива во кожата, притоа ги покрива помалите црвенила и неправилности. Жолтилото се губи со убаво размачкување на кремот, а кожата добива сјајна, изедначена и природна боја. Не ја суши кожата, напротив, дава прилично свеж изглед. Обично прво го нанесувам Аква серумот на Балеа, па после овој крем и така повеќе ми одговара, отколку да го ставам без било каква подлога. Содржи и СПФ, само не е назначено кој. Т зоната не ми светнува баш брзо, кремот не се пресликува на облеката ако случајно се забришете по лицето, има дискретен пријатен мирис кој брзо се губи. Не се собира во порите, не прави лушпи, лицето има мазен изглед.
    Пак би го купила овој крем, дефинитивно.

    [​IMG]

    Тука на форумов читав поделени мислења околу овој бб крем 6во1, и сепак решив да му дадам шанса, сметав дека можеби ќе ми се погоди, поради одличното искуство со кремот што претходно го спомнав.
    Ама, ме разочара.
    Има полесна структура од претходниот крем, поводлеста, лесно се размачкува. Доста мава на портокалово ама тоа се губи со убаво размачкување, и дава малку потемна нијанса (барем кај посветол тен како мојов). Има многу јак мирис кој останува подолго време, после се навикнуваш, ама мирисот е сеуште тука. Мене лично ми пречеше, иако го сакам мирисот на маракуја, ме потсетува на егзотични предели. Т зоната ми светнува кога го користам овој крем за разлика од претходниот, многу повеќе и многу побрзо (после два-три часа), поточно, имам чувство како да немам ништо на лицето. Се пресликува на облеката многу лесно, понекогаш ми создава лушпички во пределот на Т зоната околу носот и на челото, а нема некоја особена покривност за да го изедначи тенот како претходниот крем. Последните два пати лицето почна да ме пече од овој крем иако не го ставам без серумот како подлога. И овој крем содржи заштитни ув филтри, но не знам колкава е заштитата. Повеќе нема да го користам поради печењето што ми се појави, не ми се ризикува да си го упропастам лицето. Добро би било да се смени малку формулата, да се неутрализира мирисот на кремот и да се намали интензитетот на портокаловата нијанса. Можеби тогаш би бил подобар.

    Цените се прилично пристапни, ББ кремот 6во1 е околу 150-160 ден., а другиот е нешто поскап, до кај 180 ден.

    Се извинувам што немам мои слики, компјутерот не ми работи, а сликите од телефонот не ми се баш со добар квалитет.
     
    На joy1, kala21, Rose96 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. rainbowec

    rainbowec Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    4.988
    Пол:
    Женски
    Им се заблагодарувам на @dm drogerie markt за подарокот, а еве ја мојата кратка рецензија:

    Alnatura двопек 200 гр.

    Alnatura двопек 200 г .png
    Двопеков од Alnatura е од органско потекло без употреба на генетска технологија.
    Крцкав, ми се погоди за со некој намаз одозгора или путер од кикирики и мармалад.
    Не знам за овој производ што друго би пишала, не верувам дека би го купила пак пошто можам и дома да си направам двопек. :)

    Alnatura намаз од модар патлиџан 180 гр.

    Alnatura намаз од модар патлиџан 180 г.png
    Намазов ми е малку чуден на вкус, а и на мирис. :) Далеку од тоа дека не е убав на вкус, но има доста зачини во него па најверојатно заради тоа ми е несекојдневен.
    Содржи сончоглед, модар патлиџан, сок од јаболко и пире од јаболка, концентрат од домати, кромид, сок од лимон, маслиново и сончогледово масло, пиперка, морска сол, лук, босилек, оригано, рузмарин и бибер... малце ми е too much.
    Може ќе звучи малку смешно, но на прво отварање кога го помирисав ме потсети на некоја манџа.
    Овој производ би го препорачала на тие што сакаат модар патлиџан и позачинета храна.
    Јас лично го јадев со лепче и сирење, некако најубаво ми дојде таа комбинација.

    Alnatura супа од домат

    Alnatura супа од домат.png
    Од сите три производи што ги добив, овој ми е највеќе по мој вкус. :)
    Патлиџан ко патлиџан, буквално во секоја форма го обожавам.
    Супава е фина, не премногу кремаста и убава на вкус.
    И тука имаше некои зачини само не ми текнува точно кои, но не беа толку интензивни како кај намазот.
    Единстено што ми фалеше во супава беше маалку киселко, па си додадов лимонов сок и решена работа.
    Ми се допадна, и би ја купила наредна прилика кога ќе одам во ДМ.
     
    На dm drogerie markt, cooll, Mama25 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.767
    Допаѓања:
    9.364
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за подарокоt! :) Се извинувам што доцнам со рецензијава,еве на кратко по некој збор :)
    Многу ми се допадна тоа што производите беа без шеќер и од органско потекло.
    Alnatura галети од пченица 110 г
    Крцкави и убави , иако не сум љубител на овие , во комбинација со кремов убаво ми дојдоа.
    Alnatura намаз од лешник едноставно преубав крем,од органско потекло, без шеќер, погоден и за дијабетичари.
    DAS gesunde PLUS бонбони од жалфија 75 г.
    Бонбони со вкус на жалфија, без шеќер , со витами ц.
    Ги препорачувам сите 3 производи[​IMG]
     
    На dm drogerie markt му/ѝ се допаѓа ова.
  5. LaraSolare

    LaraSolare Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2013
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    6.609
    Пол:
    Женски
    Alnatura ориз - долго зрно 1 кг.


    Alnatura ориз - долго зрно 1 кг.png
    За оризот мајка ми вели дека не се вари убаво со сол. Значи без сол само со вода и 40 минути да се вари, потоа таа го остава цела ноќ во водата и сабајле го вади и му додава цимет,ореви,суво гројзе, било што по желба и го јадат со татко ми така благ.Кога го сварила со сол воопшто не бил убав дури како недоварен.Јас инаку не јадам ориз а моите многу сакаат,па затоа кажувам од нивно искуство :) Инаку мајка ми вели дека на овој начин на подготовка многу и се допаѓа и планира да купи пак.

    Alnatura сос од соја 250 мл.

    Alnatura сос од соја 250 мл.jpg

    За сосот уште не можам да кажам ништо поради тоа што уште немам идеја со што да го јадам и секоја идеја е добредојдена. Инаку на мирис ми беше чуден а на вкус ми се допаѓаше некој интересен шмек има иако не знам со што би го јадела и тоа е причината поради која веројатно не би го купила.

    DAS gesunde PLUS бонбони со алпски билки 125 г.

    Aas gesunde Plus бонбони со алпски билки 125 г-data.png

    Бомбончињата се убави, наликуваат малку на херба, имаат пријатен вкус и мирис и мислам дека пишуваше дека се добри за грло.

    На крај се заблагодарувам на DM за наградата :)
     
    На dm drogerie markt, Annath и cooll им се допаѓа ова.
  6. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    10.414
    Од денес има акциска понуда на регенераторов, како и на шампонот од истата колекција, намалени се од 105 на 80 денари. Јас планирам пак да го земам затоа што навистина добро ми се покажа и дури го сменив мислењето - подобро ми ја отплеткува косата од портокаловиот регенератор за виткана коса на Балеа. Ги користев и двата истовремено и овој ми е моментален фаворит, а и попустов пристигна како порачан :clap:
     
  7. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.278
    Допаѓања:
    11.541
    Балеа professional, beautiful long шампон.
    Цена: 140 денари за 250 мл.
    [​IMG]
    На самото пакување пишува:
    Без силикони. Со фитокератин. За здрава, цврста и долга коса. Препорачано од фризери.
    Негувателниот фито-кератин и инка инчи маслото ја обновуваат и зацврстуваат косата. Комплексот за нега со пантенол ја одржува природната хидратација на косата.

    Ќе почнам со пакувањето. Изгледа убаво и привлечно, капачето лесно се отвара, но е малку потешко да истискаш шампон од него, посебно кога е при крај. Приметив дека не ми пени убаво долколку ставам голема количина на едно место, туку треба помали количини да ги ставам на различни места односно таму каде што сметам дека во моментот нема пена. Со помош од малку вода, шампонот пени многу, што е сосема доволно за убаво да се исчисти косата. Посебно доколку нанесувате шампон 2 пати вториот пат пени многу лесно и во голема количина. Препорачано е да се остави некое време да делува.
    Задоволна сум од самото миење, односно не се чувствува косата мрсна потоа. Има мирис, кој мене ми се допаѓа иако потсеќа на фарба, и се задржува прилично долго.
    Не ми ја мрсеше косата повеќе од обично, ниту пак ми предизвика перут.
    Косата после миењето ми стана премека, и многу убава на допир. Во комбинација со малечкото тубиче на регенератор од истата линија(мислам дека е регенератор, мало пакување, по цена од 50 денари) ако имате сува коса ќе мислите дека некој ви пресадил нова.

    Дефинитивно ќе го купам пак и ќе продолжам со користење.
    Од кога го научив како да го користам, и како да не трошам преголема количина за да ми се направи пена дефинитивно ми се исплати.

    Состојки:
    AQUA · Sodium Laureth Sulfate Cocamidopropyl Betaine · · SODIUM CHLORIDE PROPYLENE GLYCOL dibenzoates · PANTHENOL · · · GLYCERIN Plukenetia VOLUBILIS SEED OIL · Hydrolyzed Wheat Protein · GUAR HYDROXYPROPYLTRIMONIUM CHLORIDE · POLYQUATERNIUM-10 · HYDROLYZED CORN PROTEIN · Hydrolyzed Soy Protein PARFUM · · POLYQUATERNIUM-39 · PEG-4 DISTEARYL ETHER ETHER · · DISTEARYL Dicaprylyl Ether · LAURETH CITRIC ACID-2 · · · TOCOPHEROL GERANIOL · LIMONENE SODIUM BENZOATE · · · PHENOXYETHANOL BHT.
    Преземени од страната на ДМ.
     
    На ElasticHeart, Annath, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.638
    Допаѓања:
    35.761

    Го купив шампонот и регенераторот, и не сум нешто многу задоволна особено не од регенераторот, косата ми се заплеткува и многу тешко ми се чешла, досега и нај евтиниот регенератор ми ја омекнувал косата, а овој како уште повеќе да ми ја заплеткува. Не би го купила повторно. :)
     
  9. ElasticHeart

    ElasticHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Здраво Феминки, нова сум на форумов и би сакала да рецензирам неколку производи од ДМ. By the way, живеам во Германија и секое слободно време го користим да ѕирнам низ маркетите на ДМ (ги има на секое ќоше). Родена сум во Тетово и знам дека таму има маркет ама немав прилика да го посетам. Читајќи ги цениве заклучив дека тука се малку поефтини (најверојатно поради царината што ја плаќаат) Да не должам многу да почнам со првиот производ. Спрејов за коса го користам долго време и многу сум задоволна од него. Кошта некои си 75 или 85 центи што е смешна сума. Одлично зацврстува. classic-and-style-haarspray-data.png
     
    На Elen4e_sonce и rainbowec им се допаѓа ова.
  10. ElasticHeart

    ElasticHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Исто така кога ја пеглам косата го користам спрејот на БАЛЕА bild-balea-tiu-beschuetzendes-spray-data.png Имам брановидна коса и иако избегнувам да ја третирам со преса ова е полн погодок. Мислам дека беше околу 2 ипол евра.
    Исто така ги користам и геловите за туширање на БАЛЕА и ги обожавам тие што се лимитед едишн :) bild-dusche-paradise-beach-data.png Најчесто имаат свеж мирис и ме потсетуваат на лето. Имам уште еден кој мириса прекрасно но не можам да најдам слика. Инаку геловите на БАЛЕА тука чинат 55 центи.
    За бричење на нозете и пазувите користам исто така пена на БАЛЕА rasiergel-blueberry-love-data.png што ја прави кожата совршено мазна и не ја суши. Овој производ чини 79 центи.
    Имам сува кожа и конечно спасот го најдов во БЕБЕ bebe-intensivpflege-fuer-trockene-haut-bild-data.png Ја користам повеќе од една година и презадоволна сум. Кремава е совршена за сува кожа, одлично хидрира и држи влажност и затоа срдечно ја препорачувам. Цена: 3,75еу
     
    Последна измена: 9 април 2015
    На naturally му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ElasticHeart

    ElasticHeart Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2015
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски

    Истиот балсам го користам и јас и задоволна сум од него. Поздрав
     
    На Anabelle.Amorette му/ѝ се допаѓа ова.
  12. LittleChili

    LittleChili Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    2.016
    Дали некој знае до кога е акциската понуда на шампоните?
    @dm drogerie markt ?
     
  13. Oxymoron

    Oxymoron Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.245
    Допаѓања:
    10.414
    Акцијата трае 2 недели, од 30ти март до 12ти април. Види какво е работното време со празнициве викендов, макар што мислам дека работат и во петок и во сабота.
     
    На LittleChili му/ѝ се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    1.264
    Допаѓања:
    4.769
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    Од дм само ова го имам и сум презадоволна,за едни добри 3 дена немам првут.
     
    На joy1 и dm drogerie markt им се допаѓа ова.
  15. sanja.burgundy

    sanja.burgundy Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2013
    Пораки:
    917
    Допаѓања:
    8.797
    Пол:
    Женски
    На sugarlips, joy1, dm drogerie markt и 3 други им се допаѓа ова.
  16. AnimalLover

    AnimalLover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2011
    Пораки:
    280
    Допаѓања:
    204
    [​IMG]
    Дневната крема за лице со мат ефект на Алверде е наменета за нормална до комбинирана кожа. Содржи био екстракт од лимета, биолошка јаболкова вода и шеа путер. Се нанесува наутро на исчистена кожа на лицето, вратот и деколтето. Не содржи синтетички мириси, бои, конзерванси и состојки на база на минерални масла.

    Добивате 50 мл производ за цена од 140 денари. Доаѓа во мека туба, спакувана во дополнителна хартиена кутија. Освен што е симпатично и привлечно, пакувањето е многу практично и хигиенско.Самата крема е ретка и може многу лесно да се истиска саканата количина. Има преубав свеж мирис на јаболко и лимета, кој не се задржува многу време на кожата.

    Јас имам комбинирана кожа и овој производ навистина ми одговара. Ми се допадна тоа што кремата е многу лесна и хидратантна. Не ја масти кожата дополнително. Брзо се впива и го матира лицето. Се покажа како одлична и во студените зимските денови, кога кожата бара повеќе хидратација.

    Оваа крема беше вистинскиот избор за мене. Како што веќе напоменав, ова ми е второто пакување. Добив квалитетен производ без токсични состојки кој потполно ми одговара. Сето тоа за навистина ниска цена. Ми стана омилен производ и ќе продолжам да ја користам и понатаму.

    https://crueltyfreelady.wordpress.c...ith-matt-effect-рецензија-алверде-дневна-кре/
     
    На dm drogerie markt, QueenElizabeth, Giovanna и 3 други им се допаѓа ова.
  17. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    4.478
    Допаѓања:
    5.033
    Кaкo се дoбивaaт пoдaрoците?

    Сaкaв дa прaшaм дaли имaте кремa зa сaмoпoтемнувaње, или спреј и кaкo дa гo нaјдaм,дoкoлку гo имaте?:)пoзз
     
  18. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Драга наша, Sundance е сопствен бренд на dm кој во својата понуда ги покрива сите потреби за нега на кожата во летниот период.
    Можеш да не посетиш во било која продавница и да побараш помош од нашите вработени да ти посочат каде се позиционирани овие производи па да можеш да си го одбереш она што највеќе ќе ти одговара.
    Има најразлични производи за самопотемнување креми, лосиони, марамици и спрееви, еве и неколку фотографии
    bild-selbstbraeunungstonic-data.png bild-sundance-2-phasen-selbstbraeunungsspray-data.png
    bild-sundance-selbstbraeunungstuch-data.png bild-sundance-transparentes-selbstbraeunungsspray-data.png
     
    На P.S.love и ivancekitty им се допаѓа ова.
  19. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    1.548
    Допаѓања:
    1.548
    wp_ss_20150706_0001.png Дојдов да ја испофалам регенеративната маска за лице на балеа од мед и млеко. Чуда прави. Чуда!
    Сонцето ми ја исуши кожата, ја чувствував затегната, ко да ми пука. Не ми беше мазна, ниту мека. Слушајќи го моето постојано жалење мајка ми пазарејќи во дм ја здогледала и ми ја купи. Со само едно користење кожата ни светна, доби сјај, омекна. Мирисот не ми се допадна баш, прејак е за мој вкус, но ефикасноста повеќе од одлична.
     
    На ivancekitty, joy1 и dm drogerie markt им се допаѓа ова.
  20. QueenElizabeth

    QueenElizabeth Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2015
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
    Бидејќи имам многу разлетана и мека коса и неможам да ја доведам во ред шампонов некако ми ја смирува прекрасно мириса,летно,многу убаво пени,многу добар производ,би го купила повторно. :) Цена:99ден
    images.jpg
    Од омекнувачот сум презадоволнаа,преубаво мириса ама преубаво,можеби кога ќе се исушат алиштата не се чувствува премногу за жал,битно е тоа што и покрај температури +40 алиштата се многу меки и убави,особено пешкири и крпи.:D Цена:99ден konditsioner-dlya-belya-denkmit-solnechnyiy-briz_-1_5-l_pbd448.jpg
     
    На dm drogerie markt, joy1 и poenta им се допаѓа ова.