Рецензии на производи на dm

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од levely, 20 декември 2014.

  1. naturally

    naturally Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    837
    Допаѓања:
    1.996
    Рецензијата е од поодамна, но сега приметив дека сликата не се прикажува (на почетокот се беше во ред).
    Така да вие што читате не знаете за кој производ се работи, а пошто опција за редактирање не постои еве слика да го видите производот.
    bild-balea-tiu-beschuetzendes-spray-data.png
     
    На Veki4kaa, joy1 и dm drogerie markt им се допаѓа ова.
  2. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    5.663
    [​IMG] Исечкај патлиџани на кругови, нареди ги во чинија.Над декој круг стави парче мозарела сирење и еден лист базиликум.Напрскај ги одозгоре со соја сос, ем декоративно ем вкусно;)
     
    Последна измена: 11 септември 2015
    На LaraSolare и dm drogerie markt им се допаѓа ова.
  3. Olgitsa

    Olgitsa Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    797
    Да прашам за оној Спреј за суво миење коса, искуство некој да сподели??
    Како изгледа, и која цена е ?
     
  4. AnaSe

    AnaSe Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2014
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    29
    Здраво ,
    Дали пракате производи по карго?
     
  5. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    Драга наша, ова е нов шампон во спреј за суво миење на коса од Balea. Истиот чини 142 денари, но до 08.11.2015 е дел од нашата акциска понуда па можеш да си го набавиш за 115 денари :). Те поздравуваме
    trockenshampoo.jpg
     
    На Olgitsa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. dm drogerie markt

    dm drogerie markt Истакнат член Верификуван профил

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    3.473
    За жал не. Производите можат да се набават единствено во нашите продажни објекти :(.
     
  7. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    4.382
    Допаѓања:
    34.874
    Дали во ДМ има Алое вера гел? И ако не, дали знаете каде да најдам и по која цена?
     
  8. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.594
    Допаѓања:
    23.025
    Пол:
    Женски
    алое вера гел во форевер ливинг во аеродром кај вучко, цената беше околу 1200 ако не се лажам, лани зимав па не ми текнува.
     
    На Summerlover му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    13.940
    Допаѓања:
    104.688
    Пол:
    Женски
    Време е за рецензија за мицеларната вода на Балеа, како што ветив :D
    Производот е овој
    [​IMG]
    За нормална и комбинирана кожа (има и за сува и осетлива кожа, ама не сум го видела во ДМ), на база на хамамелис, без алкохол, за вадење на шминка од целото лице.

    Производот нема некој посебен мирис, онака на чисто и не премногу јак.
    Ја вади шминката дефинитивно, меѓутоа за производи кои вообичаено потешко се вадат со класичните лосиони за вадење шминка треба малку повеќе време. Сенки, коректор, пудра - вади веднаш. Бидејќи моментално ја користам маскарата на Maybelline Lash Sensational, малку потешко се вади, ама сепак излегува, со две тупферчиња се чисти целосно, не се размачкува под очите. Малку пече ако случајно навлезе во очите, ама реално, не е ништо во споредба со некои други производи. Мојот бјути третман :wasntme:секоја вечер го завршувам со миење на лицето со гел, и можам да кажам дека за разлика од претходно, кога користев други средства за вадење шминка, на крпата за лице воопшто нема остатоци од шминката, што претходно ми се случуваше и покрај деталното чистење.
    Не користам водоотпорна шминка, па не знам како би се покажала, ама мислам дека е солидна, и си ја врши работата. Цената е сосема прифатлива, 199 ден. за 400 мл. И дадов шанса, дефинитивно ќе си ја искористам до крај, ама не знам дали повторно би ја купила.

    Ноќен серум со кофеин за трепки на Алверде
    [​IMG]
    Бидејќи трепките многу ми паѓаа кога ја вадев маскарата, сакав да видам дали има некој производ што би ги зајакнал, освен рицинусово масло (многу ми мириса, па не го сакам ич). Алверде нуди два производи. Lash Booster за појаки, подолги и погусти трепки, и овој ноќен серум со кофеин на сликата.
    Чини околу 200-250 ден. не се сеќавам точно колку беше, ама не беше прескап.
    На база на пчелин восок со масла (не знам кои се, бидејќи нема наведено состојки, ниту на германски ниту на македонски), претпоставувам рицинусово сигурно има.
    Се нанесува како маскара, има бела кон жолтеникава боја, неутрален мирис, лесно се размачкува, не пече ако допре до очите. Го ставам веќе некое време, и забележав дека дефинитивно трепките ми се поцврсти, не ми паѓаат како порано (поточно не ми паѓаат воопшто) и се пополнуваат празнините што ги имав. Можеби поубаво ги расчешлува, па така ми се чини, не знам. Нема штета од овој серум во секој случај, ќе продолжам да го користам. Наутро маскарата поубаво ми се нанесува, немам потреба од претходно расчешлување. Си го користам и за веѓи :D
    Пак би го купила, а би му дала шанса и на Lash booster-от, тој се нанесува како ајлајнер на коренот на трепките и е нешто поевтин од серумов.

    Ноќен крем на Алверде со масло од дива роза
    [​IMG]
    Ја зедов затоа што во зимскиов период ми е потребно вакво нешто, а по препорака од форумов. Можеби требаше да го земам маслото, бидејќи кожата подобро ми реагира на масла, но сепак го зедов кремот.
    Имам комбинирана кожа со т зона поизразена во лето, ама во зима ми се суши, барем со годините ми се суши повеќе, тоа сум забележала. Навечер после миење на лицето со гел ја ставам кремава и ок ми е, иако малку мрсна за т зоната, за образите ми врши работа. Ако претерам со количината на крем на брадата и челото знае да ми се појави по некоја акна, ама ништо страшно и невообичаено за мојава непроблематична кожа. Битно ми е што повеќе лицето не ми е затегнато, кожата ја осеќам мека и мазна.

    Alverde арган-бадем масло за коса
    [​IMG]
    Го зедов затоа што косата во зима ми е безживотна. Буквално. Џабе фенирање кога лесно губи облик и се деформира, а да не зборувам за електрицитетот. Од фризерот си купив спреј на Лакме за волумен и густина, ама дополнително ми ја суши. Маслово се нанесува на сува или влажна коса, пред или после миење, како сакате. Ако го нанесувате пред миење, добро е да се навлажни малку косата. Јас го ставам на полусува коса, само на врвовите, после ставање на спрејот што го спомнав, многу убаво и лесно ми се обликува со фенирање и има убав сјај, електрицитетот е изразено намален. И обликот трае некое време, ама ако е влажно надвор, ништо не помага.
    Недостаток е што ја мрси косата брзо, ама не ми е тоа голем проблем.
     
    На SV1911, kjukli, papillonP и 12 други им се допаѓа ова.
  10. buttercup5

    buttercup5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    1.240
    Пол:
    Женски
    IMG_4452-01.jpg
    Балеа гел за бричење

    Прв пат користам гел за бричење, обично со густа сапуница завршував работа кога ме мрзеше да одам на депилација. Најмногу ме привлече опаковката бидејќи ептен сакам вакви миризливи и шарени работи.

    За гелов имам само пофални зборови. Син е и густ, убаво се размачкува и има прекрасен мирис. Доволно е малку за да се покрие голема површина. Повеќе немам исекотини од бричот, само мазна и мека кожа. Вреди за секој денар и им го препорачувам на сите.

    Би го купила повторно, мојата оценка е 10/10
     
    На sugarlips, lovemme, sanja.burgundy и 5 други им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    11.482
    @emkaemka
    Молба да пишеш рецензија за новите производи на Алверде што си ги купила, кога ќе имаш време. Како ти се чини пигментираноста? Ако сакаш испробај ги па пиши не ми е ништо итно. И ме интересира многу тоа бело/кафено бронзер и хајлајтер ли е, и колку пари беше ако ти текнува?
     
    На emkaemka и Ginger^ им се допаѓа ова.
  12. Ginger^

    Ginger^ Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    37.788
    Пол:
    Женски
    Истово и мене ме интересира. :D Ако не даде @emkaemka брз одговор, утре јас ќе го купам и ќе пишам. :D И онака сум одлучена.
     
    На x.Daisy.x и emkaemka им се допаѓа ова.
  13. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    52.117
    Пол:
    Женски
    Eve slik site da znaat za sto zboruvame :)
    IMG_20160112_121742.jpg
    Znaci toa e bronzer, I eve denes staviv I odlicen e izdrzi cel den, jas go kupiv kako za kompaktna, se potrudiv malku da nijansiram, osvetlam, potemnam I stoznam mi se bendisa, iskustvo nemam bas so bronzeri pa... No za sto go kupiv mi zavrsi rabota :D
    Eve slika na raka, inaku jas sum so svetol ten, prvata e bez, vtorata so blic :)
    1452608767606.jpg

    Inaku kozmetika na Alverde ja koristam nekoe vreme I zadovolna sum, ne se roni, dolgotrajna e, pogodna e za nijansiranje (senkite, eve I bronzerot), samo karminite uvavi se no tie ne se nesto dolgotrajni, ili jas mnogu zboram pa gi jadam :D cetkite isto se ubavi, fini, meki, no nikako site da gi soberam, ili ne gi nosat ili brzo se kupuvaat :)
    Toplo ja preporacuvam ovaa kozmetika malku e poevtina od nekoi no nikako ponekvalitetna :)

    E sega da si kazam za karminot na Essence preubav e I toj bogami I pokraj moeto zborenje se zadrzi denes na usta :D

    @Ginger^ @x.Daisy.x
     
    На x.Daisy.x и Ginger^ им се допаѓа ова.
  14. Ginger^

    Ginger^ Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    37.788
    Пол:
    Женски

    Фала многу , ќе го купам производот обавезно . А како ти се свиѓаа сенкитЕ? Пигментирани ли се? Тие светките се познаваа дискретно или е ?
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    52.117
    Пол:
    Женски
    Da diskretni se svetkite, ne e ona blistis vo oci, gi imam I kafenite nijansi I se top, pigmentacija ubava se pravi so niv, samo sum primetila deka koga odozdola ke stavam prvin podloga za senka podolgotrajni se isto I boite ko poinaku da izgledaat :)
    Ajde kupi utre pa fali ili zali se :)
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Ginger^

    Ginger^ Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    37.788
    Пол:
    Женски
    Е ајде, се изнасобрав информации мора да ги купам. Фала :hug:
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.274
    Допаѓања:
    11.482
    Фала за одговорот @emkaemka . А база на сенки ја имаш таа на Алверде?
    И имаат четки? Јас не сум забележала никогаш, ајде нека донесат @dm drogerie markt !
     
    На emkaemka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. emkaemka

    emkaemka Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јули 2013
    Пораки:
    5.114
    Допаѓања:
    52.117
    Пол:
    Женски
    Da bazata isto na Alverde :) isto imam i na Gosh pa iskreno ne sum videla nekoja posebna razlika, osven sekako vo cenata :)
    Imaat kako ne cetki ete i na slikata ima edna za senki :)
     
    На x.Daisy.x и Ginger^ им се допаѓа ова.
  19. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    1.966
    Допаѓања:
    58.276
    Пол:
    Женски
    Одамна не сум пишала некоја рецензија, ама се' едни те исти работи од DM купувам. Ајде, последно нешто ново од DM што купив, поточно добив, од моево либе е beauty blender-от на Ebelin.

    [​IMG]

    За жал не разбирам германски јазик за да го прочитам деталното упатство за употреба, ама да е жив Јутјуб, таму се информирав.

    Прво, замерката ми е зошто сите тие чекори кои се напишани на германски, не ги превеле во декларацијата и на македонски, зашто ете, постојат многу неедуцирани како мене, а и љубопитни, па да си прочитаме.

    Друга работа, сунѓерчево е од премногу фин материјал. Кога ќе го навлажнам, веднаш го зголемува волуменот и станува уште понежно. Не сум забележала дека ми „јаде“ повеќе пудра во однос на тоа кога ја нанесувам со прсти. Но има разлика. Ако на некои места има потреба од надоградување на пудрата (како што редовно има кај мене), многу поубаво се изедначува со сунѓерче отколку со прсти. И пудрата многу поприродно делува нанесена со сунѓерчево.

    Имам уште 2 забелешки: прво, ако не се лажам, кога се појави ова чудо во DM, беше поефтино, а сега како стана популарно, така поскапе. Но во секој случај, позитивно е тоа што е неспоредливо поефтино од она на Golden Rose. Втората забелешка се однесува на миењето. Дали е до самото сунѓерче или е до пудрата (за Ревлонот ми е наменето), ама многу тешко се отстранува пудрата од него. Пишува дека се мие со благ шампон, ама колку и да ставам, пак тешко се вади.

    Како и да е, генерално добар производ е и потребни се 2-3 пати за да може соодветно да се употребува (ако до сега не сте го употребувале).
     
    На crazylady, Annath, A-j-a и 2 други им се допаѓа ова.
  20. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.016
    Кога сме веќе кај бјути блендерот сакам да прашам доколку некој знае дали има разлика меѓу розевиот и лилаковиот или е истата работа во различна боја?