Прилично сум сигурна дека е истата работа во две бои. Јас го имам виолетовиот, а на пакувањето никаде не е назначено дека е нешто поразлично кај едниот или кај другиот, така што...
Така е, јас баш ја прашав продавачката за тоа и ми рече дека се потполно исти, само бојата е различна.
Прашање до @ Знам дека постов е стар, но да те прашам дали се сеќаваш колку беше регенераторот? Знам млекото е 167, шампонот 105, ама незнам за регенераторот.
Гледам излегла ново средство/паста за белеење заби Black is white- white is black со активен јаглен, ако некој ја пробал или ќе ја пропа да ми каже рецензија и цена.
Дали се добри пилинзите за тело? Во најновиот флаер гледам дека се на попуст (од 109 се намалени на 79 ден.), а има неколку видови. Препорака кој е најдобар?
Препорачајте убаво млеко за тело (за нормална и сува кожа), но да не биде ништо во стилот на овошните на ДМ. Туку, нешто for real Тенкју вери мач
Не сум ја пробала, немам потреба од белеење заби За цената на нивниот фејсбук имаат пишано дека сет чини 1559 ден.
Дали може да споделите ваше мислење за козметиката на Ziaja? Дали некој од вас ја има користено и како сте задоволни?
^Се согласувам со Елиса. Одлични се овие млека на Гарние за сува кожа, има и едно црвено. Ми ја обновија кожата на нозете.
@Summerlover, еве го моето искуство со брендот. Јас редовно го користам кремот за раце на Ziaja од кокос. Го имам користено и тој од какао, но некако тешко мириса и по некое време, станува напорен за сетилата. Текстурата на кремот е лесна, убаво се размачкува и брзо се впива. За мене е идеален, но јас и немам некој посебен проблем со кожата на рацете. Овој путер го имам користено одамна, но тој "хербален" мирис, како уште да го паметам. Има лесна структура, малку е мрсен но одлично се впива. Се сеќавам дека го земав како спас, затоа што претходно го користев путерот од какао. За разлика од овој од маслинка, тој од какао е катастрофа. По структура е сличен како горниот, може малку потежок. Убаво се размачкува и лесно се впива, ама мирисот е боже мој. Како загорен шеќер мириса, многу тежок и вештачки . Тука негден се со кремот за раце, само што на раце ставав помалку количина па не се осеќаше. Од путерите има и од арган и од портокал, но не ми се пробани. Oд креми за лице, мислам дека го имам користено тој од маслинка. Не се сеќавам многу, само знам дека престанав да го користам многу брзо откако го купив. Многу ми беше мрсен, веројатно е за далеку посува кожа. Но јас имам осетлива кожа, така да не се раководи спрема мене за производи за лице. Покасно се префрлив на природна козметика.
Денеска си купив Титаниа турпија и да се пожалам дека воопшто не сум задоволна. Можеби еве грешам во начинот на кој ја користам. Производителот пишува дека може да се користи за вештачки и на природни нокти, од едната страна за грубо, од другата за фино полирање (стругање претпоставувам се мисли). од само еден нок турпијата почна да се уништува бидејќи е мека како памук. Можеби не е за таа намена за која мене ми треба турпија, сепак сакав да го сподела мислењето тука. Ако не е за оваа тема слободно тргнете го. Инаку генерално од сите производи на дм кои ги имам користено сум задоволна.
Титaниa не е мaркa нa ДМ, нивни се Бaлеa, Алверде, Бејбилaв, ДенкМит, Прoфисимo. Сите oстaнaти мaрки сaмo се прoдaвaaт вo ДМ. Инaку, сигурнo се рaбoтелo зa т.н. кaртoнскa турпијa, зa пoлирaње.
дали некој го користел спрејот за осветлување на коса? пишува дека е за руси коси, а дали некој го испробал на темно кафена коса? сакам омбре со него да си направам