Нема шанси да ти ја осветли косата како омбре. Ако не сакаш фарба, а сакаш омбре ставај маслиново масло измешано со сок од лимон како маска на целата коса. Ако има сонце поседи малку на сонце (на балкон, во двор зависно од условите кои ги имаш), а потоа измиј ја целата коса (јас претежно си читам, доручувам на сонце, и потоа ја мијам). Јас секогаш ја правам оваа маска и имам природно омбре, косата е здрава, ем јас отсекогаш сакав надолу да ми е посветла (а, со маскава светлее косата надолу, во коренот и горе си останува иста). Се случувало дури и да ме прашуваат дали сум фарбана.
А ако може да се знае која е цената на овој производ? и ќе може некој да ми каже како да дојдам до подарок ваучери?
Здраво. Вчера бев со ДМ во Сити Мол и видов дека има како спрејче за коса која што е разлетана "Frizzy" . Цената му беше 139 денари па ме интересира дали некој го има користено бидејки сум заинтересирана да го купам. Благодарам однапред.
Јас еве користам второ паковање од дневната и ноќната крема и да ти кажам многу ми се погодени, имам доста сува коса и за зимава ми беа идеални. Многу убаво мирисаат и брзо се впиваат. Често ги има на промоции јас втор пат ги купувам од Шатци за 230 ден двете. Мислам дека пак се на промоција таму.
До сега се што сум земала од @ dm drogerie markt сум презадоволна ,широка палета на производи ,достапна цена за секој потрошувач , бар за наши стандарди ... Една замерка имам , незнам дали е соодветна да ја напишам тука, но кога незнаев каде ,ајде тука нека биде. До сопствениците имам замерка за бројот на вработени кои услужуваат , треба да го зголемат дефинитивно! Експлатирање на работна сила , дали да услужува купувачи или да помага при избор , бидејќи колку и да сакаме од толкав асотриман неможеме да се снајдеме . Настанува нервоза , бараш , нема кој да ти помогне, па сиротата вработена од каса трча да ти покаже ,додека некој друг ја вика да наплати... Нема смисла! Прво за вработените , а потоа за нас кои немаме цел ден да го поминеме бараајќи производ ! Ова посебно го имам заприметено во ДМ во Веро Центар и Капитол ,буквално има само една до две максимум ... Поправете го ова во што поскоро време ако сакате и понатака задоволни и редовни потрошувачи.
Се сложувам. Само сакав да кажам трагично е што ние овие цени ги сметаме за пристапни и евтини, додека во Германија истите производи се продаваат за многу поевтино. Знам дека има трошоци за транспорт но со оглед на тоа колку побарувачка имаат мислам дека не би било проблем да се изедначат цените. Највеќе ова го пишувам бидејќи сет од надвор го купив за 2 евра, кај нас се продаваше 4. Шампон 1 евро кај нас 2, капки за коса исто на пола цена.
Добро за ЕУ покрај estee lauder,mac,nyx,и.т.н за нив Дм е да не речам најниска класа за козметика , исто како за Доминос пициве , така дааа пониско од ова кај нас нема.Golden Rose знам дека и не се ни продава таму , демек е канцерогена , а за нас е врв..
Не знам кај нас дали ги има, јас ги купив од Германија, но имам претерано гадење од нив и нема некој резултат. Подобро купи Merz, околу 600 ден. од аптека.
Здраво јас пред некое време си купив крем за сончање од алверде фактор 30 и баш видов од истата линија и лосиони за самопотемнување. Цената не ми текнува ама кремот за лице спф 30 е 299, а за тело е околу 400 денари така да горе долу и овие за самопотемнување би требало да се до таа цена. Поздрав.
Jas ti ja preporacuvam kremata za samopotemnuvanje "Sun dance". Povekee of 350den mislam ne e. Isprobana mn paati