И го дадов на братучетка ми, не знам дали го пробала. Пробај го, може тебе ќе ти се допадне. Мене ми мирисаше на расипана Нивеа. На мајка ми па на скиснат јогурт... А, ете, на братучетка ми многу убаво и нежно и мирисало.
Драга @crazylady се согласувам со @koritsaki. Од мое лично искуство путеров е фантастичен. Мене ми е неопходен дел од негата на косата токму поради тоа што може да се користи на повеќе начини (како маска пред миење, како путер за стајлинг, како маска по миење). Особено за зимно време е спас. Одлично ја омекнува косата. Мирисот мене лично ми е многу нежен и убав, ама тоа е индивидуално секако. Не сме сите исти. Поздрав.
Практично и економично паковање за брзо отстранување на шминката во пределот на очите. Јас ги користев само за отстранување на маскара бидејќи во ретките ситуации кога користам и сенки обавувам целосно темелно чистење на лицето со други препарати. Специфично е што испуштаа солидна количина на влажност а после бришењето на лицето не останува ефект на сјај или гланц. Позитивно- целосно се отстрани маскарата без проблем. Негативно. ме печеа очите. Не ги препорачувам. Овие се за водоотпорна шминка но јас си ги користев и за онаа стандардната. Ефектот во однос на чуството на влажност беше обратен од оние првите. Во прв момент кога ги бришев очите памукчето ми делуваше суво, а потоа, кога завршив со чистењето го почуствував уљето кое е негов составен дел. Овој пат го добив оној гланц ефект и буквално светнав во делот околу очите. Мене лично не ми сметаше истото бидејќи кожата се чуствуваше негувана. Позитивно- маскарата беше целосно отстранета и не ме печеа очите. Ги препорачувам. Падс за отстрануавње на лак. Пријатен мирис, економично паковање, одлични за во ташна, кога сме во движење или едноставно немаме многу време. Јас имам кратки нокти најчесто лакирани со многу светол до беж лак. Со едно памукче успевав да го отстранам лакот од сите нокти. Кај црвениот, би оделе и до 3 памукчиња. Јас лично ги препорачувам.
Како што сум вљубеник во природната козметика,така сум и во производите на алверде,па вниманието ми го привлече овој лимитед сет, кој е на попуст во дм и изнесува околу 239денари,лосион,гел за туширање и крема за раце,тотално се нежни со мирис карактеристичен,зимски,пленат.
Јас од овој рол-он ич не сум задоволна, не знам до што е проблем но пазувите ми беа целосно воспалени и со акни и сфатив дека е од него затоа што при секое ставање ме печеше кожата. Сега го користам и сум многу по задоволна за разлика од тој претходниот. Дефинитивно ке продолжам со овој.
Да ве прашам во кој ДМ во Скопје можам да најдам Аризона во лименка? И дали има воопшто во Македонија? Позз
Не ја отвара сликата, инаку лименки мислам дека нема, ама шишенцата се најверојатно со иста количина колку што би била и лименката. А ако ти е за самата амбалажа, те сфаќам, ги отворив сега на Гугл и многу се слатки лименките.
И јас го имав истиот проблем со првиот. Гнојни акни, не можев да заспијам од болки. Исто и од тој со ориз и алое.