1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецензии на производи на dm

Дискусија во 'dm drogerie markt' започната од levely, 20 декември 2014.

  1. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.636
    Допаѓања:
    9.441
    Пол:
    Женски
    значи треба да го сменат производот, сличен ваков коментар за истиот прочитав и на др место на форумов... :/
     
  2. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Прво го имав тој со ориз и алое, ми направи проблем. Го сменив со розевиот, исто. Помислив дека ми е од бричење и од топлото (летно време), па го сменив со Нивеа, затоа што тој не ми предизвикуваше иритации. Пред месец дена ми се потроши Нивеата, и ме мрзеше да одам да купам, па ставив пак од овој. Иста ситуација од само едно ставање, и го фрлив. Ужас! Јас па мислев дека сум единствена со таква реакција и дека е до мене проблемот, ама не бил. Инаку, овие на Балеа ги имам испробано сите, а најмногу ми се допаѓа Сензитив. Многу нежно и дискретно мириса, и најважно - не ми правеше иритација после бричење. Ги сменив само поради трајноста, бидејќи имам малку проблематична пот во лето.
     
  3. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Ни јас не сум задоволна. Немав никаква реакција, ама немав ни ефект. Воопшто не спречува ни мирис, ни потење
     
    На blackwave му/ѝ се допаѓа ова.
  4. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.815
    Пол:
    Женски
    Да, тој од ориз одвратно ми мирисаше, а овој розевиот малку ме потсетуваше на Нивеа мирисот, ама после 5 минути добиваше многу лош мирис.
     
  5. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Дали има некој искуство со новиот спреј за покривање седи влакна од Лореал?
    Го има во ДМ.

    [​IMG]
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Добри ли се и која им е цената? tmp_27161-images(12)-1157622888.jpeg tmp_27161-images(16)-291112891.jpeg
     
  7. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Од Алверде од лимон или од нане е подобар за под пазуви ? (дезодорансот)
     
  8. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    17.821
    Допаѓања:
    102.690
    Пол:
    Женски
    Јас сум презадоволна од дезодорансот на Алверде од нане , а тој со лимон не сум го пробала :)
     
    На LollySky и Silver.E им се допаѓа ова.
  9. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Катастрофа на катастрофите. Го светнува лицето, мириса ужасно ( буквално се гушев и секој што ќе се најде во иста просторија откако ќе го прснам), остава одвратен горчлив леплив вкус на усни што ни шампита не може да го побие, се пресликува туш на горниот капак, се собира сенка во преклопот... Буквално се прави, освен намената што му е. Напротив. Го мрси и светнува лицето и делува спротивно од тоа што му е работа. -100/10.
    А ич нејќам негативни рецензии да давам, али кад се мора...
    (n)

    [​IMG]
     
    На Rose96 и LollySky им се допаѓа ова.
  10. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Дали некоја ги има користено ампуливе?

    Balea-ampuli.png
     
  11. MIA-SK

    MIA-SK Популарен член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2012
    Пораки:
    908
    Допаѓања:
    561
    Пол:
    Женски
    Јас го немам користено, ама неколку мои другарки го имаат, презадоволни се. Викаат дека воопшто не ја мрси косата т.е. коренот, за разлика од карминчето од Golden Rose.
     
    На poenta му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    10.291
    Пол:
    Женски
    Шаја извини ако доцнам со рецензијата.
    Вака, гелот веќе го потрошив и крајните впечатоци се овие:прво мирисот, многу убаво мириса, свежо, но ако ти сметаат парфемирани производи не ти го препорачувам, на мене лично ми сметаат кај некои кај некои-не, гелов конкретно не ми предизвикуваше иритации.Второ текстурата, е тука не сум задоволна за жал, прво додека да го истиснеш производот од тубата додека е полна многу лесно излегува и секогаш излегува повеќе од што ти треба на рака, многу е лигава и паѓа на лесно на лавабо, а кога малку ќе се потроши ќе мора да употребиш сила да стиснеш за да излезе.
    Исто така многу остава флеки, тешко се одмива и од лице и од лавабо, текстурата му е нешто како slime.Трето, лесно ја чисти шминката, не ја остава кожата иритирана, не прави акни, мозолки и црвенила-што на мене многу ми се допаѓа.Само како што кажав претходно, многу тешко се одмива-препорачувам со топла вода, дека со ладна потешко излегува и по миењето на лицето кога ќе го чистиш лицето со лосион или млеко за лице можно е да имаш траги од гелот на тупферот, но тоа не е толку голем проблем-лесно се отстранува.
    Крајна оцена од мене има 8/10.
    Дали би го купила повторно?-Веројатно не, затоа што иако ми де допаѓа какво дејство има на моето лице, текстурата некако ме одвраќа и тоа што тешко се одмива.
     
    На Shaya му/ѝ се допаѓа ова.
  13. MonikaM113

    MonikaM113 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2018
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    76
    Пол:
    Женски
    Дали ги пробавте овие производи? Како сте задоволни?
    [​IMG]
     
  14. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Солидна за цената. Нежна е, не ја иритира кожата како други пени.
    До сега три имам искористено, може ќе побарам некоја друга со матирачки ефект, зошто оваа нема такво дејство. За отстранување шминка не ја препорачувам, не е до толку агресивна да ја отстрани цела пудра од прв пат, ама ја ретко пудра ставав летово па затоа ми се погоди ептен. Посебно ми се допаѓа што дава некој освежувачки, разладувачки ефект.
    Цена околу 180ден. мислам, ако сум грешка нека ме поправи некој.
    Би ја зела пак.
    [​IMG]
     
  15. Karamela12

    Karamela12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2020
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    2.573
    Пол:
    Женски
    Дали некој го има користено маслово за лице,да сподели мислење? 5FCA9D7A-1A8A-4B82-BAFF-18E5636B6C26.png
     
  16. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Во врска со парфемите. До сега имам добиено неколку купени баш од ДМ. Значи дискутираме за оние по високо буџетни парфеми кои ги нудат. До сега, баш од ниту еден не сум задоволна. Сите ми исчезнуваат после половина час најмногу, не паметам да сум добила комплимент за некој. Која е поентата да потрошам 6000 за парфем кој не се чуствува? Ако е таква работата, ќе земам BU и слични на него подобро за 500 ден. Значи ова го имам забележано со нивните парфеми. Испаѓа дека нешто не е во ред. :devil: Плус да не коментираме за тоа дека немаат ни тестери најчесто.
     
  17. glittergirl

    glittergirl Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2015
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    2.678
    Пол:
    Женски
    Coco Chanel Mademoiselle класика вреди секоја пара толку комплименти и погледи кога поминувам. Секако само ако сакаш само јаки парфеми.Дури и кога ке се истуширам избањам го чуствувам :l:
     
  18. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Го имав парфемот, преубав е но не ми беше од државава. Имам воочено проблем со квалитетот на парфеми купени од тука, поготово кај тие од ДМ. :|