1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Рецензија на серии по сезона

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од Hipster, 29 јануари 2013.

  1. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.777
    Допаѓања:
    22.417
    Пол:
    Женски
    Правила
    • Можете да дадете свое мислење за било која серија што ја гледате, и тоа стрикно за одредена сезона, не мора да идете по ред, туку која вие сезона сакате таа.
    • За серијата не мора да има отворено посебна тема, но и да има, можете да пишете мислење тука.
    • Рецензијата не треба да е пократка од 3 реченици.
    • Реценцијата не треба да биде раскажување на настаните во сезоната или општо во серијата
    • Мислењето треба да е ваше, не препишано или ископирано од некој друг
    • Задолжитено ставање на содржината во спојлер
    • Лично мислење за дејствијата во сезоната и причини зашто ви се допаднала/не ви се допаднала и по можности и за - ликовите, дејствието, што би промениле, додале се агрументирано.
    • Помалку слики и видеа(за да не ја претвориме во копија на веќе постоечките теми)
    • Без препукувања
     
  2. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Да се пробам јас прва :angel: на цела сезона рецензија, не знам колку ќе може да доловам се, а и прв пат ќе ми биде :D ама да пробаме :)
    Sons of Anarchy сезона 2.
    Се одлучив за втората, зошто токму со неа се заразив со Санс. После една посебна смрт во првата сезона, работите во самкро почнаа да се загреваат со тензии. Првата епизода започна со навидум отворање на картите меѓу Џекс и Тара и воедно најболната сцена која ќе ги интензивира работите до крајната епизода. После дистанцата во првата, Тара и Џема се поврзаа и си помогнаа една на друга.
    Новите пречки во бизнисот, покрај агент Стал, го водеа дејствието за клубот, па цела сезона работите на тоа поле се одвиваа борбено меѓу двете групи, акција среде Чарминг, како и новата можност за профит во порно индустријата.
    Опи беше доста растроен, нормално, ама емотивно беше морално да се врзеш за него, затоа што е еден меѓу најдобрите ликови во клубот. Хис д гуд гај и кога е лошиот.
    Џема уште еднаш докажа колку силен карактер е и огромен столб на целото семејство, ама беше убаво да се види и како она се наоѓа во една заштитена средина, Ансел. Односот релација Џема-Клеј беше права лудница, што беше и разбирливо, за на крај да сфатиме колку е Џема ранлива за реакцијата на Клеј на вистината.
    Тара се истргна од сликата на исплашена, избркана, побркана сама со себе жена и превзема некои од работите во свои раце. Веројатно тешко и дојде потребата да биде за Џекс, како што Џема е за клубот, веројатно и никогаш нема да биде, но на некои сцени навистина се покажа дека се залага за семејството.
    Меѓу најдобрите сцени во сите сезони, беше онаа кога ја измлати Маргарет
    :D Имаше љубов оваа сезона меѓу Тара и Џекс, убава, малце хард кор :D , љубов.
    [​IMG]
    Клеј и Тиг и понатаму ги замотуваа работите, овде некаде беа и зачетоците на конфликти меѓу Џекс и Клеј.
    Како што имам напоменато, Санс секогаш завршува неочекувано и има најдобри финалиња на сезони, 2рата не беше воопшто исклучок. Почеток на ново поглавје за 3та сезона. Токму кога мислиш дека работите стивнуваат, тие уште повеќе се разгоруваат.
    Потрагата по Абел, одалечувањето на Џекс и Тара, преиспитувањето на Џекс за иднината на своето дете...
    Курт Сатер ги надминува границите на одличен крај на сезона, повеќе и од феноменален.
    Се на се, сезоната ја обележаа доста емотивни моменти кај сите ликови, од една страна зближувањето меѓу ривалите во првата сезона, од друга страна, тајната на Џема што донесе оладување на други врски. Можност се повеќе да се врзам за ликот на Џекс, додека сеуште ги донесува, до некаде, добрите одлуки. Новите ликови, новите заплети, Зобел и нацистите и покрај конфликтите во семејството, како јаки ривали успеаа да го зближат самкро во една иста цел, нивно уништување. Кејти Сигал е брилијантна актерка, па и после секој дел од нејзиниот лик низ сезоните што го сретнав, ја обожавам. Искрено, сезонава најмногу ми ја обележа врската меѓу Џекс и Тара, беше жестоко и секси и романтично...на моторџиски начин :D и желбата за одмазда што се јави кај мене за Џема.
    И оваа сезона изобилуваше со одлична музика, одлично доловување на секоја сцена.
    http://www.youtube.com/watch?v=VWJg6OTESns
    http://www.youtube.com/watch?v=5uD6qnztvm8

    следен пат, биче боље :$
     
    На 1209 и Hipster им се допаѓа ова.