Рецепти без глутен

Дискусија во 'Рецепти' започната од LivingGlam, 31 март 2016.

  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    45.621
    Пол:
    Женски
    Имаме тема Храна без глутен, но таа е во категорија здравје и не е наменета за рецепти.
    Овде можеме да собираме и да си препорачуваме различни рецепти.

    Пожелно е да бидат испробани. Многупати сум пробувала различни рецепти од интернет и не испаѓале најдобро. Затоа, да го препорачаме тоа што знаеме дека е добро и вкусно. Ако имате лична фотографија, супер!
    __________________________________________

    Да ги тагнам @irenna, @awl, @Lilit, @peperutka87, @tamara85, @P.S.love, @starfish, @Antolinaa, @mariz - како активни во таа тема.
     
    На Antebellum, Nausicaa, Mama25 и 5 други им се допаѓа ова.
  2. tamara85

    tamara85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2015
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    18
    Пол:
    Женски
    супер, тука сум :), од сега натаму се ќе се фотографира :D
    :mp:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    14.303
    Допаѓања:
    107.895
    Пол:
    Женски
    Мене ме интересира каде сè купувате безглутенско брашно, и кој вид за што е најдобар. Почнав да правам, ама не ми успеваа баш рецептите и баталив.

    Инаку ми кажаа дека во мелницата Кадино можело да се купи безглутенско брашно, јас имам видено по поголемиве маркети и во ДМ. Имам купувано од Scharr, ама како што кажав, некако не ми беа успешни рецептите, и затоа баталив, сепак брашново не е баш евтино.
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.380
    Пол:
    Женски
    Најдобро е на Schär mix B, претходно го користев ПанЗеро и ништо не ми успеваше. Од странски блогови водов дека многу го фалат Микс Б и навистина е подобро. image.jpg
     
    На Mama25, Bozica1980, kukla21 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    45.621
    Пол:
    Женски
    Тоа и ми беше целта на темава, да постираме рецепти што ни испаднале успешно, зашто не испаѓа се’ успешно, иако сликите на нет изгледаат супер. @Annath, тоа од Schar е моментално најдоброто на нашиов пазар. Има и едно италијанско во Зегин, тоа не сум го пробала.
    Порано употребував едно од македонско производство, не знам точно како се викаше.
    Ех, @irenna - тоа беше Микс Пане, за ништо не го бива.

    Лебот беше кисел и тврд, па се откажав и едно време правев само лепчиња од хељда (кои не се баш лепчиња, ама вршат работа). Сега со Schar правам и пита лепчиња - само го заменувам обичното брашно со ова, и одлично успеваат.


    Еве за почеток од мене две рецептчиња.

    Ѓевреци
    Мерките не се скроз точни затоа што мајка ми ги прави од рака, но ќе видите според тестото.

    IMG_1713.JPG

    1 филџан (околу 100 грама) брашно Schar Bread Mix. Ќе ви треба уште малку брашно за домесување.
    40мл вода (ова од прилика, 1/4 од филџанот, ако е многу ќе додадете уште малку брашно).
    Пола лажичка сув квасец се зафаќа со млака вода и пола лажичка шеќер (и малку од брашното). После тоа се додава брашното, третина лажичка сол, и се замесува тесто, цврстина како за леб.
    Се остава да нарасне.

    Се подготвува шербет - 1 супена лажица шеќер се загрева, да се направи карамел (користете помалечко тенџерче). 1/2 литар топла вода се тура во карамелот. Водата треба да зоврие. Во меѓувреме ги формирате ѓевреците. Од оваа мера излегуваат 7-8 малечки.
    Едно по едно ги варите ѓевречињата (превртувајте ги). Треба да нарасне во водата, околу 2 минути се вари. Потоа ѓевречето се вади на хартија за печење. Се валка во сусам и се става во плех обложен со хартија за печење. Тоа го повторувате со сите ѓевречиња.

    Се печат во загреана релна на 200-210 степени, да зацрвенат. Најдобро да ги правите вака, со мала мера и да ги јадете веднаш или во рок од неколку часа. Забележав дека навечер се веќе тегави, но може и така да се јадат ако се претоплат. Инаку, кога се свежи се супер и крцкаат баш ко нормален ѓеврек.

    _______________________________________________

    Колачиња со урми
    IMG_1714.JPG

    За овие нема никаква мера. :D Земате урми, кајсии, вишни, јаготки, и друго суво овошје - тоа што имате, и се’ исецкајте на ситни парчиња. Само урмите се задолжителни, со другото експериментирајте. Треба повеќе урми, околу 400 грама, и помалку од другото суво овошје, затоа што урмите ја врзуваат смесата. Јас додавам и малку рендан свеж ѓумбир. Тоа се комбинира со мелени ореви, лешници, или бадеми (околу 150 грама на 450-500 грама суво овошје). Сето тоа се спојува со малку јаворов сируп (околу 1 супена лажица). Се меси смесата, се формираат бомбици и ги украсувате како сакате. Овие ми се омилените колачиња. :D
     
    Последна измена: 31 март 2016
    На Antebellum, Nausicaa, Lux и 7 други им се допаѓа ова.
  6. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.917
    Допаѓања:
    13.887
    Пол:
    Женски
    Браво за темава! Безглутенската исхрана ја практикувам веќе осум месеци. Доста истражував по интернет, прлагодував рецепти на тоа што може да се најде кај нас, имаше успеси и падови... Сега веќе имам доволно проверени рецепти па како што ќе готвам, ќе прикачам и овде. За почеток, еве ги безглутенските мафини кои веќе ги постирав во инстаграм. Ми се чини дека рецептот трпи модификации, јас веќе го испробав во две варијанти, а ќе пробам и со други додатоци.

    Безглутенски мафини
    PicMonkey Collage.jpg

    Се мешаат во еден сад:
    150 грама густин
    150 грама кокосово брашно (или брашно од ориз, киноа, просо, овес)
    пола лажиче сода
    1 1/2 лажиче прашок за пециво
    и по 1 лажиче цимет, 1 лажиче ѓумбир, 1 лажиче какао.
    Во друг сад се матат:
    2 јајца
    6 лажици мед
    6 лажици масло за јадење
    Потоа се мешаат сите состојки заедно. Смесата е за 12 мафини, калапите се полнат околу 3/4, и на крај се посипуваат со сецкани бадеми. Се печат на 180 степени околу 20 минути.
    (Ова веќе е моја модификација на рецептот. Оригиналниот рецепт е за gingerbread мафини, па може и така да ги припремите, само со ѓумбир и цимет, јас овојпат додадов какао и бадеми).
     
    На Nausicaa, Lux, Mama25 и 8 други им се допаѓа ова.
  7. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.380
    Пол:
    Женски
    Денешниот ручек, плескавици ( мисиркино, јунешко, млад лук и кромид, црвена и зелена пиперка и зачин) и фурнарини( едно јајце, еден филџан млеко, 3 филџани микс б брашно, еден прашок за пециво,малку масло, премачкани со масло, вода, сол, зачин и сусам. image.jpg
     
    Последна измена: 31 март 2016
    На Nausicaa, Lux, Winter Lady и 7 други им се допаѓа ова.
  8. softy1

    softy1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    @irenna од каде го купуваш меленото мисиркино?
     
  9. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.380
    Пол:
    Женски
    Го има во Рамстор а понекогаш и во Веро го наоѓам.
     
    На softy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    94.105
    A каде го купувате брашново?
     
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    45.621
    Пол:
    Женски
    Во продавници за здрава храна. Ова Schar го има во продавниците на Зегин (заборавив тие за здрава храна како им се викаа).
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    94.105
    Тенкс -знам кои се и имам една ептен близу. Ќе пробам нешто од рецептиве :)
     
    На irenna и LivingGlam им се допаѓа ова.
  13. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.380
    Пол:
    Женски
    Schär го има во ДМ и во Веро Центар (Џамбо)
     
    На kjukli и kukla21 им се допаѓа ова.
  14. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    18.962
    Допаѓања:
    94.105
    Го меркам и твојот колач со овошје :)
     
    На LivingGlam и irenna им се допаѓа ова.
  15. Ginger^

    Ginger^ Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.340
    Допаѓања:
    38.034
    Пол:
    Женски
    Всушност, овде треба да ме има повеќе, а не во Фемина инстаграм:D
    Три пати ура за темата !(y)
     
    На LivingGlam и LollySky им се допаѓа ова.
  16. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    45.621
    Пол:
    Женски
    @irenna ако не ти е тешко, копирај ги безглутенските рецепти за мафини и колач и овде кога ќе имаш време, да си ги имаме на збирка, па полесно да си ги наоѓаме. И јас ќе го направам истото, мислам дека сум постирала неколку низ рецептите, па ќе побарам.
     
  17. kjukli

    kjukli Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    2.522
    Допаѓања:
    28.607
    Пол:
    Женски
    А ова кокосово, оризово итн брашна ги има исто во Дм и Зегин? И колку се отприлика?
     
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.408
    Допаѓања:
    45.621
    Пол:
    Женски
    Не знам колку се во Зегин и ДМ, но еве чисто за информација - од Биокосмос http://www.biocosmos.mk/product/category&path=82_135

    Без ова од хељда не можам да живеам. Ако купувате брашно од хељда, никако не земајте рефус. Мириса многу чудно. Ова од биокосмос е одлично.
     
    На irenna и kjukli им се допаѓа ова.
  19. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.380
    Пол:
    Женски
    Еве ги
    Мафините со јагоди и колачот се еден ист рецепт, само во колачот има плус една рака брусница и е печен во округло плехче. Еве го оригиналот
    image.jpg
    Мене ми излегоа вака
    image.jpg
    image.jpg
    Еве ги и солените мафини
    image.jpg
    image.jpg
    Правев и палачинки од брашно од костен, нема точен рецепт, тоа беше вкусен експеримент. Ставив 500 мл млеко, 300 грама брашно од костен, 1 јајце, голема лажица кокосово масло, малку мед. Смесата излезе густа па ја разредив малку, како пржев така пробував и додавав што фали:lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • image.jpg
      image.jpg
      Големина на фајлот:
      170,9 KB
      Прегледи:
      21
    Последна измена: 2 април 2016
    На Nausicaa, Annath, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. jok

    jok Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    756
    Допаѓања:
    671
    Кокосово брашно го имаш во секоја продавница. Обично е пакувано во кесички од 100 гр
    .А оризово брашно можеш да добиеш и дома.Со мелење на ориз во мелница за кафе или во блендер
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.