@kjukli Брашно земам од Мар-Вик продавницата за здрава храна во Буњаковец. А за лебот, искрено не знам да ви кажам, мајка ми ми го прави. Ќе ви пишам рецепт неделава. Општо не јадам многу леб, па замрзнат исечен на кришки го чувам, по потреба одмрзнувам 2-3 парчиња и секако ми се ладни и твдри па ги притоплувам на тостер. Инаку американски палачинки со оризово брашно имам правено и сите ми ги бендисале. Спојлер: Рецепт - Палачинки Меркава за брашно и млеко не знам точно како одеше, си притурам додека не ја добијам посакуваната густина 1 шолја оризово брашно,1 шолја млеко, 2 јајца, 3 лажици шеќер, пола лажичка сол, 2-3 лажици масло. Имав ставено и 3-4 лажици кокос и беа многу вкусни
Преубава торта, уште нема име (рецептот го ставам повторно, беше во Фемина Инстаграм) Малку нејасно ќе го напишам рецептов зашто е правена од тепка и мајка ми уште не напишала јасен рецепт. Пандишпан: 11 белки се матат со 11 лажици шеќер. Настрана се мешаат 200гр сецкани урми 200 гр суво грозје (во нашата имаше мешано суво овошје - јагода, рибизла, боровинка...) 200 толчени ореви Во мешавината од суво овошје се ставаат 2 лажици (не мн. полни) безглутенско брашно. Оваа мешавина се меша со снегот од белки, многу нежно со лажица. На крај се додаваат 100 гр мелени бадеми или бадемово брашно (кај нас беше бадемово брашно). Се пече во голем плех обложен со хартија. 10 минути на 180 степени и 20тина минути на 160 степени. Ова сами ќе го одредите, секоја рерна е различна. Фил: 11 жолчки со 200 гр. шеќер се варат на пареа. Се додава 200 гр. темно чоколадо. Кога ќе олади, смесата се миксира со 250 гр. омекнат путер. Пандишпанот се сече на 3 ленти и се филува тортата. Прелив: 200 мл хопла се загрева до точка на вриење. Во друг сад - 200 гр. чоколадо се крши на парчиња. Хоплата се додава кај чоколадото, па се меша додека да се растопи. Се остава малку да олади пред да се прелие над тортата. Американски палачинки со хељдино брашно, банани и јаворов сируп - исто, рецептот веќе беше во Фемина Инстаграм http://www.liveinternet.ru/users/5536672/post348808729/ Мојава рецепта е малку модифицирана. Ја пишувам целата мера, од ова излегуваат некаде 12 палачинки. Јас обично правам пола мера, зашто многу заситуваат. Еве: 200 мл млеко (јас најчесто користам млеко од соја за да намалам на лактоза, значи може и така) 4 јајца 200 гр брашно од хељда 3 супени лажици шеќер (јас обично ставам јаворов сируп наместо шеќер, мерката е 2 супени лажици) малку сол (низ прсти) 1.5 лажичка пециво 1 банана масло за подмачкување. Се делат белките од жолчките. Жолчките се мешаат со млекото (со маталка). Ако заменуваш шеќер со јаворов сируп, стави го тука. Одделно се меша брашното со шеќер, сол, пециво. Белката одделно се мати во цврст снег. Бананата се сече на кругови. Се соединува смесата од брашното со белката, се додава и млекото со жолчки. Не мати со миксер, туку нежно со вилушка. Овде треба многу нежно да ја соединиш смесата, ако мешаш премногу нема да испаднат воздушни. Тавата загреј ја со малку масло (размачкај само неколку капки со салфетка). Се става тесто во тавата и одозгора лесно ставаш неколку парчиња банана. Чекај добро да се испече одоздола пред да ја завртиш. Потребно е околу 2-3 минути од секоја страна. Готовите палачинки не ги ставај во стаклен сад или обична чинија затоа што ќе се "повратат" (ова ми се случува и со лепчето од хељда, не знам зошто). Најдобро на дрвена штица. Налиј малку јаворов сируп или мед, и превкусни се. На линкот горе има слики, добро е објасната процедурата. Инаку, истиве може наместо со банана да ги правиш во солена варијанта со биено сирење. И така се убави, само стави помалку шеќер. Солена торта со брашно од хељда Тестото за пандишпанот е исто како за американските палачинки од погоре, со тоа што се прави пола мера и се става помалку јаворов сируп (или шеќер). Се пече во рерна околу 15-17 минути (на 150 степени). Провери дали е испечен со чепкалка Мајка ми печела во правоаголна тепсија бр. 32. Фил: 125 гр. путер се мати со миксер. Се додава сол по вкус. Се додава 1/2 кг. сува изварка лажица по лажица, со постојано матење. Во кремот се додаваат сецкани кисели краставички (може и салама, кашкавал, оревчиња, по желба). Пандишпанот се сече на пола. Се филува со кремот (измеѓу се става тенко сечен кашкавал. Декорацијата е со кашкавал, краставички, морковчиња...
Павлова Торта (рецепт и фото на @Peppermint, се надевам нема да пречи што те копирам тука. Ја пробав и супер излегува.)
Незнаев каде да го поставам прашањево... Има ли кај нас xanthan gum (ксантан гума??). На youtube што следам нонстоп ја користат во безглутенските рецепти, не сум сигурна зошто, изгледа тестото го прави помалце ронливо.
Денес, манџа со телешко месо, компир, грашок, морков, пашканат, кромид, маслиново масло и една лажица Микс В размешано во ладна вода. Пченкарен леб- два филџани Микс Б, еден пченкарно брашно и уште пола филџан пченкарно за замесување, филџан млака вода, ќесичка сув безглутенски квасец, мало лажиче сода бикарбона, малку сол. Се замесува, кисне половина час во топла рерна и се пече 20мин на 200 степени.
@kukla21 , @kjukli , кокосово брашно не е исто што и мелен кокос за колачи што се продава по сите маркети. @jok , немој да даваш вакви произволни одговори, може да биде и опасно по нечие здравје, ќе образложам зошто. Ако веќе говориме за сертифицирани безглутенски брашна, на нив задолжително мора да стои ознака дека се без глутен. Генерално ако говориме, глутенот се содржи во пченица, јачмен и рж. Што би значело дека сите останати би требало да се без глутен. Меѓутоа најчесто истите машини се користат за преработка на сите житарици, поради што доаѓа до контаминација со глутен и на брашната кои не би требало да содржат глутен. На ова особено мора да внимаваат болните од целијакија, и секогаш да бараат производи на кои е нагласено дека се безглутенски. Јас лично брашна купувам од Зегин. Имаат солиден избор. Дел од нив се сертифицирани безглутенски, а дел по составот би требало да се безглутенски меѓутоа немаат официјален сертификат. Често пати се начекува и промоција кога брашната се многу ефтини, од 50-100 денари. Инаку се движат од 100-300 денари за 500 грама. @Nella404 , сум барала xanthan гума на многу места, но не сум ја сретнала кај нас. Таа инаку се користи за да "нарасне" тестото, но истата функција ја врши и мелено чиа или ленено семе, јаболков оцет итн.
Безглутенските брашна се делат на меки, средни и тврди брашна. Меки брашна пченкарен скроб (густин)- одлично го сврзува и згуснува тестото. Дава убава кора при печење. брашно од тапиока- мек скроб кој дава исклучителна леснотија и мекост на тестото. компирово брашно- бавно се суши, дава свежина и сочност на тестото. Средни брашна Брашно од наут (леблебија)- брашно кое дава одлични резултати но има специфичен вкус. Брашно од просо- суво, со лесен орашест вкус, има структура слична на пченичното брашно. Брашно од киноа- дава одлични резултати, богато со минерали и хранливи материи Брашно од бел ориз- знае да даде и "зрнесто" тесто, затоа е битно да биде ситно мелено. Тврди брашна Брашно од бадеми - орашест вкус, богато со протеини но доста калорично. Брашно од амарант - исто како киноата, и ова брашно е многу богато со минерали и хранливи материи Брашно од интегрален ориз- многу слично на пченичното интегрално брашно Брашно од хељда- специфичен орашест вкус и темна боја, богато со минерали и хранливи материи Кокосово брашно- блага арома на кокос, впива доста вода заради што е потребно да се комбинира со други брашна Пченкарно брашно- доста тврдо хранливо брашно кое дава убава текстура. Брашно од костен- умерено благо брашно со орашеста арома, потребно е да се комбинира со други брашна. При замена на едно со друго брашно внимаајте да се од иста категорија (меко, средно или тврдо). Можете и сами да направите свој микс на следниов начин: 1 дел средно брашно +1 или 2 дела меко брашно 2 дела средно брашно +1 или два дела меко брашно 1 или два дела меко брашно +1 дел средно брашно+1 дел тврдо брашно Како и да комбинирате, задолжително вметнете од меките брашна.
Рецепт за лебот Едно јајце Филџан вода 1 и пол филџан Микс В Две супени лажици пченкарно брашно Пола кафено лажиче мелен лен Еден прашок за пециво Пола кафено лажиче сода бикарбона Малку сол За декорација мешани семки и сусам Се пече 20 мин на 200 степени
Ливинг смесата излегува течна, како за мафини и мора да се пече во калап, не треба да се чека да нарасне, одма во загреана рерна се става.
Важи, така ќе направам. Значи ова не е лепче со месење. Претпоставувам го правиш со машина за тесто или тие спиралните маталки од миксерот?
Обична маталка рачна , на крај малку тешко оди поради густината на смесата ама врши работа. Немам таков миксер, а во план ми е да си набавам.
Да ги ставам и тука палачинките од Фемина Готвач натпреварот, не победија ама премногу се вкусни. Безглутенски палачинки од хељда Се матат 1 шоља млеко 1 лажица лимонов сок 1 јајце потоа матејки на најбавно се додава полека 1 шоља брашно од хељда пола лажица стевиа (или шеќер) 1 лажиче прашок за пециво пола лажиче сол 1 лажиче сода и пола лажиче ванила екстракт. Потоа палачинките се пржат на путер. Јас ги јадев прелиени со мед и шумско овошје.
GF палачинки ( јајце, млеко, Микс Б, сода бикарбона, масло, малку сол и шеќер) со банана, нутела и дробени ораси. И дечкото во позадина "прави палачинки"
Преубави @irenna! И јас правам палачинки со тоа брашно, нема никаква разлика по вкус од оние обичните, супер се. Сакав да те прашам - фамилијарно сте на безглутенска исхрана? И дечково?
Тоа што остана од тортата Маку дебело ми излезе тестото, требаше во поголемо тавче да ја печам, еве го рецептот
Нема име, обичен пандишпан со топено чоколадо. Се матат 4 јајца, се додаваат 8 лажици шеќер, 4 полни лажици МиксБ, 1 прашок за пециво, малку сода бикарбона. Повеќе од пола од смесата се истура во тава за печење, во останатата смеса се става лажица какао и се истура во тавчето врз жолтата смеса. Се пече отприлика 15 мин на 180 C. За глазура се топи едно чоколадо за готвење, се додава малку маргарин и околу 50 мл млеко. Ладниот колач се сече на коцки и се прелива со стопеното чоколадо.
Ручекот не бара објаснување, брокула, морков и мисиркино во готвач на пареа и за половина час е готов. За тортата: 4 белки, 4 лажици шеќер, 4 чажици МиксБ, еден прашок за пециво, лажица какао и лажица мелени ораси. Белките се миксираат да се добие цврст снег, се додава шеќерот и се миксира додека да се растопи, се додава брашно, пециво, какао и ораси, се меша. Смесата се истура во правоаголна тепсија и се пече 15-20 мин на 170С. Кога ќе се испече се сече на два дела по должина. Во меѓувреме се прават два пудинга еден чоколадо еден ванила ама со 400мл млеко за да бидат погусти и се оставаат да се изладат. Се реди пандишпан, чоколаден пиудинг, парчиња банана, малку хопла, пандишпан, ванила пудинг, малини, и се декорира со хопла. Овошјето е по избор а и хоплата не мора да се стави.