Рецепти за АЈВАР

Дискусија во 'Рецепти' започната од ladymici, 9 септември 2012.

  1. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    467
    Допаѓања:
    728
    Пол:
    Женски
    Секој дом си има свој рецепт за ајвар, ве молам пишетеги вашите рецепти за ајвар. Ајварот што го прави мајка ми мене не ми се допаѓа баш, сум пробала и поубави па решена сум годинава да ја убедам да измени нешто . инаку таа го прави со црвени патлижани (не е знам количината)

    Ги пече пиперките ги лупи и ги остава една ноќ да се цеди водата
    следната ден водата ја фрла, и ги меле пиперките
    ги става го шерпа да се ваарт , одма става и лупени и здробени црвени патлижани
    сето тоа така вари еден сат потоа става: масло, сол, шеќер, киселина, магдонос, лук и пржи додека маслото не почне да излегува.
    овај ајвар има темна црвена боја, и се некако сув, мене не ми се допаѓа поради вкусот вкусот на патлижаните
     
  2. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.026
    Ние ајвар правиме од црвени пиперки и модри патлиџани.
    Нормално се се пече, се лупи, ако е поголема количина се остава за нареден ден, со тоа што ќе се цедат преку ноќ.
    Нареден ден, пред пржење се мелат, па се ставаат во тава да се пржат.
    На 10кг пиперки оди 1л зејтин(ако добро памтам), но сепак се е по вкус, зејтинот се додава постепено, не наеднаш. Исто по желба , доколку не пречи луто се додава буковец непосредно пред да се вади од оган. Сол се става во текот на пржењето, со тоа што се вади по малку да се проба како е на вкус.
    Инаку на 50кг пиперки одат 50парчиња модар патлиџан.
    Ајварот е готов кога ќе почне да се прави пат низ него со лажицата, никако не смее да пливне(да излезе) зејтинот на површина.
     
  3. silvice

    silvice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    23
    јас не јадам ајвар но ке ви го напишам рецептот на мајка ми,35 кила пиперки се печат,лупат и остават да се цедат преку ноќ нареднио ден се мелат се стават на пржење и при крајот се додава 2 литра зејтин и четити раце едра сол.либето ептен ни го бендисува.
     
  4. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    148.544
    Тоа е малиџано(кога се ставаат и модри патлиџани),ајвар е само со пиперки.
     
  5. m.a.f.i

    m.a.f.i Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2012
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    176
    ние кога правиме ајвар ставаме пиперки, модри патлиџани и моркови.
     
  6. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.026

    Абе тоа може во вашиот крај е малиџано, ама во нашиот е пинџур, ние немаме ајвар, ниту пак знаеме што е :lol:
    Од кога сум во Скопје никако неможам да се разберам со луѓево и да сфатам, што им е ајвар, што пинџур , па и за малиџано слушнав, кога свекрва ми ми донесе пред некој ден..... триста врсти имаат :lol:
     
  7. stetoskop

    stetoskop Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    2.670
    Допаѓања:
    148.544
    Ајде сега читај-ќе се обидам да ти појаснам накратко
    1.Ајвар-само црвени пиперки
    2.Малиџано-црвени пиперки и модри патлиџани
    3.Пинџур-црвени/зелени пиперки и црвени домати
    Бреј кулинарка не ми е рамна,до кај стигнав ..... :clap:
     
  8. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.852
    Допаѓања:
    730
    кај нас ајвар се прави со црвени пиперки и модри патличани се печат се лупатсе мелат и се пржат на 10 кила пиперки се става 1 л зејтин постепено сол се става на самиот крај бидејки со сол ако ставиш порано може да ти загоре за шерпата
    малиѓано се прави од зелени пиперки и модри патлигани мозе и црвени и зелени пиперки со разлика со тоа што на малиганото му се стаа и сенф е тоа е разликата од ајварот се ее исто само малиганото има сенф и повеке модри патлигани
     
  9. katalina

    katalina Популарен член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    1.565
    Допаѓања:
    684
    Пол:
    Женски
    Mislam deka onoj praviot ajvar se pravi samo od crveni piperki,nisto drugo.E sega majka mi mu stava epten malce patlidzan,dodeka modar patlidzan i morkovi-ne.Toa e veke malidzano.Zejtin odi eden litar na 15 kg.smesa,sol po vkus i malce seker.
    [mod-kirilica:22vji1dz][/mod-kirilica:22vji1dz]
     
  10. Anna-Banana

    Anna-Banana Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2011
    Пораки:
    3.737
    Допаѓања:
    4.820
    Пол:
    Женски
    Ние ајварот го правиме чисто со црвени пиперки.Не додаваме ни патлиџани ни ништо.Највкусен ми е мене само со пиперки.А вкусен е и со модри патлиџани :)
     
  11. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    681
    kај нас ајварот само со црвени пиперки најубав е така :)
     
  12. fairy88

    fairy88 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    1.402
    Допаѓања:
    6.619
    Ние ајварот го правиме со печени пиперки црвени и лупени околу 60 кг, 7-8 модри падлиџани печени и лупени исто така и 3кг моркови варени и сето тоа се меле и не го оставаме да се цеде право го вариме за да не е сув оти така одма му пливнува зејтинот, а мене тоа ми е :puke: .Исто така покрај солта по желба додаваме 2-3 лажици сенф, и да не забравам многу ми е убав ајварот кога налутнува па затоа може да се додадат од оние зелените најтенките изгор лути пиперки околу 3 кг и тие се додават така што само се измијат и се смелат живи на машината за мелење,а се варат заедно со ајварот.Мене така ми е најубав :inlove:
     
  13. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.208
    Допаѓања:
    16.781
    Пол:
    Женски
    3. Пинџур-повеќе патлиџан од пиперки и е поредок
    4. Љутика-Повеќе пипер од патлиџан

    И заборавивте да пишете дека во малиџано се става една мала тегла сенф, пред да се тргне од огин. Малиџаното е дефинитивно најубаво, само еднаш го правевме со моркови и повеќе не, зашто го потемнуваат малиџаното.
    И совет-задолжително да се пробаат модрите патлиџани пред да се печат, ако горчи некој се фрла, бидејќи еден горчлив модар патлиџан може да ти заебе цело малиџано. На 50 кг пипер, ставаме 25 модри патлиџани.
    И откако ќе се наполнат теглите, никако шерпата да не се полни со вода, бидејќи следува најубавиот дел, топење со леб од топлото малиџано што останало во шерпата :rofl: Тоа дека ќе ти врне на свадба ако јадеш од тенџере или шерпа нема врска, јас сум жив сведок :lol:

    Мене лично ајвар не ми се допаѓа, горчи само од пипер, со црвен патлиџан ми е кисела љутиката, затоа малиџано е вистинскиот избор-само со модар патлиџан и сенф.
     
    На bela.hrizantema и imelda им се допаѓа ова.
  14. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.320
    Прави ли некој уште жив ајвар? Или јас го викам - не мрзи да печиме и лупиме пиперки ајвар. Оној кога црвените пиперки се мелат живи и тоа се пржи, па откако се јаде мора да се погледне во огледало, да не останале црвени квадратчиња по забите. :$
     
  15. bela.hrizantema

    bela.hrizantema Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    3
    Порано ајварот го правевме само со црвен пипер,а сега го правеме со пипер и модар патлиџан.На 40 кг пипер ставаме 15кг модар патлиџан и 4кг зејтин.Ај пишете доза за малиџано како го правите.
     
  16. AnimeHQ

    AnimeHQ Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    245
    Додека живеев со моите, знам правевме жив ајвар, малиџано, пинѓур, и остала зимница, па кога ке залупевме пиперки, модри патлиѓани по цел месец, по цели денови. Кај да ги испечем и излупем па и да ги набераме.
    Па да седам до чумбе да пржам, да одменам мајка.

    Затоа не го скам, не го јадам воопшто. :!:
     
  17. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    134.974
    Девојки ајвер, а не ајвар како прво.
    Второ ајверот се прави од црвени пиперки и модар патлиџан.
    Малиџано е од зелени пиперки.
    Ние ајверот го правиме на тој начин и тоа си е ајвер.
    Но си трпи различни модификации и ајверот :D . Кој како си го јаде :) .
     
  18. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    Да на нашки е АјвЕр, зашто заштитен производ АЈВАР е на Словенците, ние мора да се задоволиме со Ајвер бе, Ајвер :rofl:
     
    На JuLleE му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    ^коа сме спори како желки нотмално дека ајвер ќе ни се вика |(
    Работата е кој прв носи,товари, ама нашиот еиригиналниот рецепте за ајвар.
    Баш друграка ми јадела во љубљана ајвар,и вика дека е многу почуден од нашиот.
    Јас ајвар најмногу сакам кога е само со пиперки.Со билокој додаток некако не ми е тоа тоа.
     
  20. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    5.952
    Допаѓања:
    134.974
    Што му фали на АЈВЕР? :D
    Малце е со источанчки акцент, ама мене подобро ми звучи од АЈВАР.
    Кај нас така велат, и збор да не ве чујам за ајвЕерот :D .

    Хипстер, патлиџани се става многу малку, заради шмек, само со пиперки не оди баш.
    Не се ни осеќаат патлиџаните